Честито годишнина од хиротонијата во чин Епископ, возљубен Владико Свет!
Онаму, каде богољубието налага да се ставиш во служба на ближниот, на сите да им станеш се`, се раѓа Епископот... Епископ светлоносен кој го растерува мракот на страстите и те води по патот на Љубовта...
Да сте ни здрав и жив, и уште долго да нè водите
по Христовиот пат!
На многаја лета!



Кoј мoжe да замисли и да признаe дeка ниe прeку благoдатта смe спасeни? Дeка смe спасeни нe пo наши заслуги и дeла, туку прeку благoдатта Бoжја, кoј тoа мoжe да гo знаe и да гo признаe? Тoа мoжe да гo знаe и да гo признаe самo oнoј кoј знаe и кoј ја видeл oд eдна страна бeздната на смртта и гнилeжoт вo кoја чoвeкoт прeку грeвoт прoпаднал, и oд друга страна...
„Силно посакувам да им помогнам на луѓето
Денес, на празникот на иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка, излезе од печат новиот број на списанието „Премин“, кој е посветен на Пресвета Богородица – Изворот на Животот, Дарот на светот, Иконата на човекот, Учителката на послушанието, Првиот исихаст, Родителката на вечниот живот, Божествениот цвет на сè создадено.
Најголемата печатница во земјата објави дека во 2019 година отпечатените примероци на Библијата ја надминаа бројката од 200 милиони. Иако вообичаено станува збор за нарачки од странски компании за извоз, сепак вреди да се забележи дека скоро половина од испечатените примероци се распределени во внатрешноста на земјата, преведени и на единаесетте народни дијалекти на Кина.
Низ сите векови, следбениците Христови се одликувале со голема храброст и покрај тешките времиња во ерата на гонење на светата Црква. Но Спасителот Христос не’ предупредил на сето тоа, кажувајќи ни ги следниве зборови: „И ќе бидете намразени од сите заради Моето име; но, кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен“.
Четирите изданија кои претставуваат сведоштво за духовниот живот преточено во поезија, која секојдневно експресивно се испишува на хартија, познати како Манастирски води , Лебедот, Убавина и Осамен волк, од денес за читателите и во префинет кожен повез.
„ Денешната евангелска приказна за богатиот човек и сиромавиот Лазар, во својата содржина опфаќа повеќе теми, како на пример: богатството и сиромаштијата, милосрдието и немилосрдноста, задгробниот живот, наградата и казната во вечниот живот, дали богатството и сиромаштијата се причина за нашето спасение или не, зошто грешниците понекогаш во овој земен свет уживаат, а праведниците страдаат и многу, многу други теми.



Во времето на страдањето на Св. Димитриј Мироточивиот во Солун живееше еден млад човек Нестор, којшто на верата се научи од самиот Св. Димитриј. Во тоа време христоборниот цар Максимијан приредуваше разни игри и веселби за народот.

А дека во нашите мисли секогаш е Лешок и грижата кон манастирскиот комплекс и зачувувањето на спомените на неговите игумени – доказ е овој број на списанието. Како плод на тој незаборав, Редакцијата на списанието одлучи главната тема на списанието да биде посветена на Лешочкиот манастир и неговиот најпознат игумен, на отецот Кирил Пејчиновиќ.
Во продолжение ги објавуваме насловите на душеполезните четива:
Oкoтo Бoжјo кoe сè глeда бдee над ситe луѓe и на чудeн начин ги ракoвoди вeрницитe кoн спасeниeтo. Oна штo на вeрникoт ќe му сe причини првo какo гoлeма загуба, сo тeкoт на врeмeтo ќe сe пoкажe какo гoлeма дoбивка. Случајoт на св. Филoтeј и на нeгoвиoт брат, кoи за нивната мајка билe какo изгубeни, e сличeн на случајoт на св. Ксeнoфoнт (26 јануари) и сличeн e на случајoт на св. Eвстатиј Плакид, нeгoвата жeна и нeгoвитe синoви.























