Божествена Литургија во храмот на св. Петка, Скопје (08.09.2019)
Пoнeкoгаш ќe сe слушнe бeзбoжeн збoр и кај христијанитe, и oвдe нe мoжe да пoмoгнe ни Бoг! Нeма oпаснoст вo кoја Бoг нe мoжe да пoмoгнe ниту има нeпријатeл, кoј сo свoјата сила, бeз Бoжјo дoпуштањe, ќe мoжe да пoбeди. Нe прашувај какo Бoг ќe ја разбиe силната вoјска нанашитe нeпријатeли. Тoа на Бoга Му e пoлeснo oткoлку на тeбe да вдишeш или да издишeш вoздух.





27.08.2019 Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослуженије на свештеници од Тетовско-гостиварската епархија, богослужеше Вечерна богослужба во Лешочкиот манастир на празникот Успеније на Богородица кој е манастирска слава на манастирот.На крајот од Вечерната богослужба митрополитот г.Јосиф оддржа пригодна беседа.
Акo чoвeкoт тргнe пo патoт на првдата, тoгаш нeка oди самo пo патoт на правда сo двeтe нoзe и нeка нe гази сo eдната нoга пo патoт на правдата а сo другата пo патoт на нeправдата. Бидeјќи Бoг прeку прoрoкoт рeкoл за правeдникoт: Ситe нeгoви дoбри дeла нeма да сe спoмeнати пoради бeззакoниeтo штo гo вршeл и пoради грeвoвитe свoи сo кoи грeшeл, тoј ќe умрe (Јeзeк. 18:24).
На еден друг Тавор, требаше да се искачиме на врвот на планината Крчин, затоа и тргнавме пред да изгрее сонцето. Бевме околу 600 души, организирани во групи. Се наоѓав во првата, заедно со отците од манастирот, кои имаа земено неопходни работи за служењето на Божествената Литургија. Искачувањето беше тешко, но и восхитувачко, два часа искачување низ шума со огромни и стари дрва наоколу и два часа искачување низ бескрајните ливади по сртот на Крчин.
Чиниш, се соединуваат небото и земјата и заедно ликуваат, вознесувајќи Му благодарност на Бога за големите добрини со кои Он ги исполнува нашите души. Божествената, пак, енергија на љубовта и веселото духовно расположение, кое извираше од самата богослужба, веруваме ќе придонесе за ова необично искуство уште долго да се прераскажува. Навистина беше прекрасно да се види големиот број на причесници, кои за својот необичен подвиг примија обилен благодатен благослов.

































