Архиерејска Божествена Литургија во Гостивар (12.02.2019)
На 12 февруари 2019 година, кога Црквата ги слави светите Три ерарси, Неговото Високопреосвештенство Митрополитотот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на викарниот Епископ Полјански г. Јаков, отслужи Света Златоустова Литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.