Радост небесна се објави. Восхитени од чудесната промисла Божја,
Јоаникие, ти пееме вака:
Радувај се, телесен ангелу!
Радувај се, на Рајот жителу!
Радувај се, на сопственото срце пустиножителу!
Радувај се, на трпението апостолу!
Вистината е чувството за Бога, коешто човекот го вкусува во себеси со чувството на сетилито на духовниот ум. Љубовта е плод на молитвата и таа со своето созерцание го возведува умот кон тоа ненаситно да ја посакува, кога умот без униние пребива во молитвата и човекот со умот, само во безмолвни помисли, се моли огнено и со жар.
Има ли поедноставни зборови со кои би се опишала суштината и значењето на Христовата наука, отколку зборовите кои Христос ги употребил во денеска слушнатата приказна за сејачот и семетo Има ли поразбирлива споредба сокоја би се опишала состојбата на човечките души, кои на различен начин ја прифаќаат Христовата вистина.
Всушност, овие побожни браќа му го предадоа на отец Партениј сребреното ковчеже со мошти од Света Параскева, како и три сребрени престолни крста, коишто биле украдени од Манастирот на Пресвета Богородица – Пречиста, Кичево, на 11 декември 2014 година
Што е вистинско послушание сме сфатиле дури ако во отсуство на духовникот, замислувајќи го неговиот лик, мислиме дека тој е пред нас и одбегнуваме секаков разговор, или збор, или јадење, или сон, или што и да е друго коешто според нашето мислење би можело да му биде непријатно.
„Кога се молиме со болка и со смирение, Бог ја слуша молитвата и одговара согласно со она што ни е од полза.“
Овогодинешниот Јубилеен собор заврши на 07 октомври, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, каде што се отслужи света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитите Тимотеј, Петар, Агатангел, Пимен, Иларион, Јосиф и Јосиф и епископот Климент,
Некогаш народите беа расеани поради дрскоста на градителите на кулата, а сега народите се исполнија со мудрост поради славното Богопознание. Таму Бог ги осуди безбожните поради нивниот грев, а овде Христос со Духот ги просветли рибарите.
Старецот: Љубовта ги содржи милоста и чинењето добро на ближниот, долготрпението и поднесувањето на сè што од него доаѓа. Имајќи ги овие својства, љубовта го скротува гневот кај оној што ја стекнал.
Братот: Навистина, не се мали нејзините дела. Блажен е оној што е во состојба да ја стекне. Јас, пак, навистина сум далеку од неа. Сепак, те молам, отец, кажи ми што е долготрпение.
Ќе го благословувам Господа во секое време; похвала за Него секогаш има во мојата уста. Со Господа ќе се фали душата моја! Нека го чујат тоа кротките и нека се зарадуваат. Возвеличете Го Господа со мене, и заедно да го превознесуваме името Негово. Го побарав Господа, и Он ме чу и од сите опасности мои ме избави. Пристапете Му и ќе се просветите, и лицата ваши нема
„Некогаш народите беа расеани поради дрскоста на градителите на кулата, а сега народите се исполнија со мудрост поради славното Богопознание. Таму Бог ги осуди безбожните поради нивниот грев, а овде Христос со Духот ги просветли рибарите. Тогаш наместо казна беа измешани јазиците,
„Токму и овој, како и сите Собори, ја има таа цел, да го покаже и потврди нашето единство. Таму каде што го нема, ако го нема, да го врати мирот и да ја посведочи на дело љубовта што треба да ги краси сите вистински Христови последователи и чеда на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.“
Говореше авва Јаков: „Кога некого го фалат треба да си спомне за своите гревови и да има на ум дека не е достоен за кажаното.“ Уште говореше: „Како што светилката ја осветлува мрачната одаја така и стравот Божји, кога ќе се всели во срцето на човекот, го осветлува и го поучува на сите добродетели и на заповедите Божји.
Кога се молиме со болка и со смирение, Бог ја слуша молитвата и одговара согласно со она што ни е од полза.
Прославувањето на празникот Рождество на Пресвета Богородица во манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, продолжи на самиот ден на празникот, на 21 септември, кога беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј,