Скопје, 30ти јануари 2019 г,- храм на св.Петка,н.Црниче
На 30ти јануари 2019 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
Преподобен Антониј Велики
На 30ти јануари 2019 година, во триесетипетата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на Преподобен Антониј Велики, свештеникот Здравко Пејковски отслужи Божествена Литургија во храмот на св. Петка, во скопската населба Црниче. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот беседеше за житието на денешниот светител.
Поука на денот: Старец Јосиф Спилеот
Молитвата треба да се кажува со внатрешното слово, но бидејќи на почетокот умот се нема навикнато на неа, ја заборава. Заради тоа ја кажуваме некогаш со уста, а некогаш со ум. Тоа се случува с? дотогаш, додека не се засити умот, така што молитвата станува енергија. Енергија имаш тогаш, кога кажувајќи ја молитвата, во себе чувствуваш радост и желба постојано да ја повторуваш. Значи, кога умот ќе ја преземе молитвата, така што ќе стане како што ти пишувам – радост, тогаш ќе се кажува внатре во тебе, непрестајно, без твој напор.
Скопје, 31ти јануари 2019 г,- храм на св.Петка,н.Црниче, на празникот на:
Свети Атанасиј Велики и Кирил Александриски
Умот твој од Христа просветлен, мноштво знаменија во зборови преточи, од кои ние душите ги напојуваме и во срцата ги собираме, о Атанасие, истоименит на бесмртноста кој Бога во Троица го запечати, во сечие срце кое по вистината трага. Моли се за нас пастиру Христов, чиј свет живот за спасение денес го величаме, и Бога го прославуваме, за мажот благодатен кого Ангелите го воспеваат.
Старец Паисиј Светогорец
Божествената Благодат бега од горделивиот и преминува кај смирениот. Оној што има високо мислење за самиот себеси, всушност е надвор од себе (безумен), бидејќи наместо да Му благодари на Бог за сите добра што му ги даде, тој Го онеправдува бидејќи за свои ги смета даровите Божји.
Preminportal (k.t.)
Друго: