Тропар на светиот Христов вмч. Јаков Персијанец 27 ноември /10 декември 2023
Сите се восхитија на доблесното трпение, кое ти многустрадален
го покажа во неискажливите страдања: прекрасни
благодарствени молитви вознесуваше кон Господа,
Сите се восхитија на доблесното трпение, кое ти многустрадален
го покажа во неискажливите страдања: прекрасни
благодарствени молитви вознесуваше кон Господа,
Столб на трпение стана,
кога преподобно ревнуваше како праотците,
Јов во маките, Јосиф во искушенијата,
и живот на бесплотните во тело.
Од војвода на земните војски,
војник Христов постана, кој во својата крв сe крсти,
приведен да ја исповедаш вистинската вера која спасува,
Меркурие миленику на Мајката Божја,
моли се за нас подвигот спасоносен да го завршиме,
Со зборови си ги упатил народите во верата Божја,
со делата си се издигнал преблажен,
кон божествен и блажен живот.
Со чудеса си ги просветил оние
што пристапуваат со вера кон тебе,
со знаменија си ја осветлил темнината.
Со добродетели како со сончеви зраци
ги просвети неверните мудреци,
и како пресветла месечина која оди во ноќта,
ја изгони темнината на неверието.
Царицата ја убеди, а мачителот го разобличи,
Празнува вселената, ликува Етиопија,
како со венец украсена, од тебе просветувајќи се,
светло го слави твојот спомен,
богоглаголив Филипе.
Ги научи сите во Христа да веруваат,
Од устата твоја како светлина огнена
блесна благодатта која ја просветли вселената.
Ризница на несреброљубие за светот стекна,
а нам ни ја покажа висината на смиреномудрието.
Поради милоста своја Бог се овоплоти,
о блажен Јоване,
поради љубовта своја Христос
на крсна смрт се предаде,
а душата твоја во своето сиромаштво,
со Него се обогати.
Како собеседник на Бесплотните,
и соподвижник на мачениците,
ние кои со вера се собравме те пофалуваме, Мино.
Измоли од Бога мир за светот и
за душите наши голема милост