Тропарите и кондаците се кратки химни составени во чест на Светиите и Празниците. Постојат посебни опширни одредби околу нивниот редослед, но, во главно, најпрво се пеат тропарите, а потоа следуваат кондаците, завршувајки со „Слава...и сега и секогаш...амин, пред последниот Кондак (или „Слава“пред предпоследниот и „и сега и секогаш...“ пред завршниот кондак).
При малиот вход, веднаш после пеењето на входниот стих, певците пеат тропари и кондаци, додека свештеникот ја чита посебната молитва на „Трисветото пеење.“
Еве како познатиот типичар Скабаланович го објаснува тој момент: „ Поаѓајки од идејата дека при входот на свештенослужителот во олтарот, на вход заедно со него одат и Светиите, Црквата токму во тој момент ги воспева Светиите, одредувајќи после входот да им се пеат тропари и кондаци...На Литургијата овој дел (пеењето на тропарите и кондаците) е (речиси) ЕДИНСТВЕНОТО МЕСТО КАДЕ ШТО МУ СЕ ОДДАВА ЧЕСТ НА ПРАЗНИКОТ НА ДЕНОТ. Значи, од песнопенијата посветени на денот, одбрани се најпознатите (т.е. ТРОПАРИТЕ и КОНДАЦИТЕ) ЗА ДА ЈА ИЗРАЗАТ НАЈДОБРО СУШТИНАТА НА ПРОСЛАВУВАНИОТ ПРАЗНИК!
Таа е, значи, улогата на тропарите и кондаците кои неретко се надополнуваат според нивната содржина. Оваа група на песнопенија се обидува да ги опфати сите празнувања поврзани со денот на Литургијата, симболизирајќи дека бескрвната Жртва се принесува за сите и за се...“.
Тропари и Кондаци за неделна Литургија, 29 Мај 2011
Значи, веднаш по малиот вход, на светата Литургија следуваат тропарите и кондаците, и тоа, ова недела, по следниов редослед :
Воскресниот Тропар, Слава – Кондак на Празникот (Неделата на слепиот), И сега и секогаш... – Кондак на Пасха.
Воскресниот тропар, гл.5
На беспочетното Слово, на Отецот и Духот, што од Дева се роди за наше спасение, да Му запееме верни и да Му се поклониме; зашто доброволно телото го постави на Крст, претрпе смрт и ги воскресна мртвите со Своето славно Воскресение.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Кондак гл.4 (За неделата на Слепиот)
Со ослепени духовни очи, кон Тебе, Христе, како слепиот од раѓање, пристапувам и во покајание Ти повикувам: Ти, Светлино пресветла на оние во мрак што се!
И сега и секогаш и во сите векови, амин.
Кондак на Пасха, гл.8
Иако во гроб Си слегол Бесмртен, Ти адската сила Си ја урнал и Си воскреснал како Победник, Христе Боже. На жените мироносици им рече 'радувајте се', и на Твоите Апостоли мир им подари, на паднатите пак, Воскресение им даваш.
Извор: С.Л.