логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Korica.Molitva.S.jpg

Молитвата пат кон познанието

(извадок)

Молитвата е енергија од посебен ред: таа е слевање на две дејства: нашето – тварното, и Божјото – нетварното. Како таква, таа е и во телото и вон телото; дури и вон светот кој е просторен и времен. Кога сме во благ ужас од видението на светоста на Бога и во исто време во очајание од нашата крајна недостојност пред таквиот Бог, тогаш молитвата станува моќен полет на духот, кој го раскинува тесниот прстен на тешката материја. Нашето дадено тело треба да се “одухотвори” (1 Кор. 15, 50). “А нашето (духовно) живеалиште е на небесата, од каде што Го очекуваме и Спасителот, нашиот Господ Исус Христос, Кој ќе го преобрази нашето понизено тело, така што тоа ќе стане сообразно на Неговото славно тело, со силата преку којашто Тој може и да покорува под Себе с#” (Филип. 3, 20-21). “И така, ако сте воскреснале (духовно) со Христос, тогаш (природно) барајте го она што е горе (небесното), каде што Христос седи оддесно на Бога” (Кол. 3, 1).
О, тој дар на молитва! Во својот стремеж кон Бога-Отецот – таа е ненаситна; преку неа влегуваме во друг начин на битисување, не просторно, туку квалитетно повисоко од овој свет. Не возбудена од опиена вообразба, нити раководена од рационалната философија – душата бара патишта таму каде патишта нема. Некоја внатрешна интуиција ја движи душата која е врзана со невидливи, но нераскинливи синџири од “законот на гревот”; нераскинливи за нашите сопствени сили, но раскинливи со дејствието на Седржителот-Бог, нашиот Спасител. Како да се претстави борбата на душата за сопствено ослободување? Се наметнува аналогијата со телото кое при неподносливи болки целото се доведува во движење, обидувајќи се да ги избегне болките; слично на тоа “се движи” душата во молитвениот плач, за да ја совлада својата болка, соединувајќи се со Бога.
Од моето искуство можам да кажам: има два вида очајание: едното е чисто негативно, бидејќи го уништува човекот прво духовно, а потоа и телесно. Другото е благословено. За него јас и не престанувам да зборувам. Преку овој вид очајание мене ми дојде преродбата во Светлината. Не ми е сосема лесно да исповедам пред луѓето за излеаната добрина од Севишниот на мене. Јас никогаш не можев да сфатам зошто тоа мене ми се случува, таков каков што сум? Во почетокот, Светлината која за мене остануваше невидлива ми овозможуваше да го согледам својот внатрешен пекол; а потоа и целиот тварен свет во неговото времено постоење, во неговата подложност на умирање. Јас го носев во себе тоа страшно видение долго, и долго. Јас бев задушен од впечатокот за апсурдноста на с# во овој свет, исполнет со страдања, кој го убива секој никулец на животот. Но, колку и да изгледа чудно, новиот живот во внатрешноста почна стократно да блика: молитвата во непрестаен поток го заливаше срцето, повлекувајќи го со себе и умот; често со нарастувачка сила – понекогаш толку што го изведуваше мојот дух во длабочината на друга просторност, која не наликува на тоа што ние обично го гледаме. Од една страна и во исто време бев сведен на ништожност, а од друга страна, заедно со тоа бев удостоен со искуство на длабоко видение на светот, па дури и допир со вечноста.
Мачително е непрестајно да се биде свесен за својата ништожност: од таа тежина и коски се кршат… Но чудно е: кога ослабуваше таа света скрушеност, тогаш јас умирав духовно. Јас не ја разбирав природата на оваа појава. Дури подоцна блажениот Силуан ми објасни: “Господ на тој начин н# воспитува, за да не го изгубиме смирението”. Тогаш и јас делумно ја сфатив тајната на овој пат. Порано се случуваше: како сликар да доживеам чувство на триумф, победа – “го дофатив” тоа што го сакав, се приближив до изразувањето на онаа убавина која ми се откриваше. Но овој восхит брзо исчезнуваше: и повторно се измачував видувајќи ги своите промашувања. Така е, и уште повеќе и со Бога: Тој не ни дава покој; за миг може да ја утеши душата, да го допре со огнот Свој срцето, да го восхити умот во видение на Неговата слава – и повторно да се сокрие, за да не помислиме дека сме ја достигнале полнотата на богопознанието. Нашиот удел на земјата е да бидеме “бедни по дух”. Штом не обземе лажен спокој на самозадоволство, веднаш н# напушта Духот на Животот, Кој исходи од Отецот.
Од искуството на тие смени ми се појасни и мене структурата на заповедта за блаженството, имено: во основата на целиот духовен прогрес лежи исцрпувачкото чувствување на својата “ништост”. Но тоа сознание е извор на молитвена енергија, и заедно со тоа солиден фундамент на кој се ѕида севкупното здание на спасението дури до неговиот врв, за кој следува “големата награда на небесата” (Матеј 5, 3-16).
И повторно, и одново: во основата на сите зла лежи гордоста: во неа се смртта и темнината. Светото бестрастие својствено е на смирението кое го спушта човекот до чувствувањето на самиот себе како “подолен од секоја твар” и на необјаснив начин, токму низ тоа, го вознесува над с# тварно.
Христијанинот-подвижник во својот живот по Бога не треба да се вподобува ни на поетите, ни на писателите, ни на психолозите, ни на философите, ни на научниците. Во своето обраќање кон Бога тој треба да се стреми напред, не свртувајќи се на самиот себе. Тоа што тој дејствено живее во молитва, на неговото суштество остава неизбришлива трага, но тоа во себе аскетот го препознава по изминувањето на долго време, кога вниманието на неговиот ум ќе може да се заврти кон минатото. Стремежот кон Бога, во почетокот на подвигот е толку интензивен, што духот на човекот во своето напрегнато движење кон Севишниот го гледа исклучиво Него Единствениот. Душата на покајникот, видувајќи се себеси неискажливо оддалечена од бараната Вистина, целата се претвора во рана која тишти, и Го моли со почетна љубов возљубениот Господ за милост и благонаклонетост кон неа. Свеста за гревот, кој го разруши нашето богоподобно битие, раѓа неискажливо жалење за таквата состојба во која ние толку долго пребиваме; која н# направила сосема недостојни на Светиот над светите: може ли таков Господ да ме прими мене, сосема развратен? Душата како да стои на Страшниот Суд. И колку е поскрушено стравувањето од осудата, толку е понапрегната покајната молитва. Во часовите кога се прекинува телесното стоење пред Бога во секојдневните дејствија, не се менува суштественото устројство на духот: тој со сета сила пребива во тоа движење кон Бога.


 Најново од издравачката дејност на братството при   манастирот на св. Атанасиј  Велики, с. Журче, е книгата “За молитвата” од Архимандрит Софрониј (Сахаров)....

Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“ при манастирот на св. Атанасиј Велики, неодамна, излегоа од печат и  две нови книги, и тоа:   ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА од јеромонах Серафим Роуз и ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ од Арх. Рафаил Карелин.
Во моментов, книгите може да се купат  во манастирот  на  св. Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче , или на контакт маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Друго:

Арх. Софрониј - За молитвата 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7593
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная