логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 7.Vselenski.sobor

Помеѓу светителите централно место ì припаѓа на пресветата Мајка Божја – Небесната Царица, која двоструко го заслужила тоа место: со своите лични духовни квалитети – мноштвото добродетели – и со својата улога во Божјиот домострој за спасение на родот човечки.

129. Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и покровителка на родот христијански. Од историјата на Црквата и искуството на многу светители знаеме дека, таа со своите мајчински молби пред својот Син, испросила милост за своите безбројни грешници, многу заблудени ги извела на вистински пат, на илјадници болни им го повратила здравјето, безброј луѓе ги избавила од опасности, многу нажалени утешила, ги охрабрила малодушните, омалаксаните ги поддржала и укрепила, и на сиот род човечки му измолила многу милости од Бога. Нејзините добри дела се безбројни и познати му се само на единиот Бог. Затоа ја славеле, ја слават и ќе ја слават сите човечки генерации, до крајот на вековите, како милосрдна Мајка која брзо нè услишува.

Нејзе како покровителка на христијанскиот род ја видел во цариградскиот храм, за време на светата литургија, преподобниот Андреј Јуродивиот. Таа се појавила во воздухот, над толпата присутни христијани, опкружена од светителски хорови, како со раширен омофор ги покрива сите присутни. Ова видение било повод да се востанови празникот Покров на Пресвета Богородица на први октомври.

130. Таа е покровителка и заштитничка на Света Гора Атонска. Кога апостолите по слегувањето на Светиот Дух врз нив се распрснале низ светот за да го проповедаат Евангелието Христово, посакала и Мајката Божја да ì биде дадена област каде што и таа би проповедала. Имајќи ги предвид големите тешкотии кои се поврзани со службата на проповедниците, апостолите сакале да ја поштедат од таквите напори. Меѓутоа, Господ на чудесен начин ì ја исполнил желбата на Неговата Мајка. Кога тргнала со брод во посета на воскреснатиот Лазар, кој бил епископ на островот Кипар, нејзиниот брод го зафатила бура и го однела во пристаништето на Света Гора Атонска, на којашто тогаш биле почитувани незнабожечки идоли. Кога таа со ногата стапнала на брегот, идолите во храмот испопаѓале, а демоните од нив објавиле дека во пристаништето стигнала Мајката на великиот Бог Исус. При тоа Господ Исус ì открил дека Света Гора е нејзина држава, поверена на нејзината грижа и заштита. Таа својата грижа и заштита ја покажала во повеќе прилики. Ќе наведеме само една ситуација.

Кога еднаш настанал глад во лаврата на свети Атанасиј, сите браќа се разотишле по свој пат. Потиштен и Атанасиј тргнал да бара друго место. На патот тој сретнал една жена, која го прашала каде оди. „Која си ти?“ ја прашал Атанасиј, зачуден што гледа жена на Света Гора, каде што на жените не им е дозволено да влегуваат. „Јас сум онаа на којашто ти ì го посвети твојот манастир. Јас сум Мајката на твојот Господ“, му одговорила таа. – „Се плашам да ти поверувам, извикал Атанасиј, бидејќи и демонот може да се претвори во светол ангел. Со што ќе ме увериш во вистинитоста на твоите зборови?“ – „Удри во оваа карпа со твојот стап, и ќе разбереш која сум јас, што зборувам со тебе. Само знај дека јас засекогаш останувам икономиса на твојата лавра“, му одговорила светата Пречиста. Атанасиј удрил со стапот по карпата, и карпата се затресла и напукнала како од гром удрена, и од пукнатата карпа избил извор на вода. Исплашен, Атанасиј се свртел за да ì се поклони на светата Пречиста, но таа веќе исчезнала. Тој се вратил во својата лавра, и, на свое огромно чудење, ги нашол сите амбари преполни со жито (Епископ Николај, Охридски пролог, 5. јули, стр. 512).

131. Пресвета Богородица – пример за христијански добродетели. Таа е избран Божји сад, исполнет со сите добродетели: смирение, кротост, девственост, побожност, послушност, љубов кон Бога и кон сите Божји созданија. Затоа била удостоена со најголема чест: да послужи како мост помеѓу земјата и небото, како скала по која Бог ќе слезе на земјата и од неа ќе земе човечко тело и ќе се роди како човек. Таа за сите времиња останала пример за девствена чистота и на сите христијански добродетели, без кои невозможно е да се влезе во Царството небесно. Христијанските добродетели се облека на душата, која на душата ì обезбедува влез во Христовото небесно царство.

132. Кој ја почитува и прославува Мајката Божја и светителите на земјата, ќе биде прославен на небесата. Кога умрел преподобниот Јосиф Химнограф (околу 830 год.), којшто составил многу црковни химни во чест на пресветата Мајка Божја и на светителите, еден негов пријател, инаку праведен и побожен човек, слушнал таинствен глас: „Излези од куќата и ќе видиш големи тајни Божји“. Тој излегол и го видел небото отворено, а од небото слегувале најпрво апостолите, по нив пророците, па мачениците и светителите. Пријателот на Јосиф се зачудил и се исплашил, не знаејќи што значи сето тоа. Тој пак слушнал глас од небото: „Погледни и внимавај на она што ќе го видиш“. Веднаш потоа тој видел четворица младичи кои блескале со небесна слава, а помеѓу нив била пресвета Богородица, која им рекла на светителите: „Земете ја од земјата светата душа, која со прекрасни песни ги прославила вашите дела и споменот на вашите денови и со својот живот го подражавала вашиот живот“. И светителите веднаш побрзале кон таа душа, ја сретнале и љубезно ја примиле. Кога го видел сето ова, овој човек размислувал кој би можел да биде тој човек удостоен со такви почести, та да го пресретне небесната војска на чело со пресвета Богородица. На тие помисли му дошол одговор од небото: „Тоа е Јосиф Химнографот, украсот на цела Црква, којшто, исполнет со благодатта на Светиот Дух, го подражавал животот на мачениците и апостолите и нивните дела ги прославувал во песните. Поради тоа од сите светители прима почести и пофалби“. Така душата на преподобниот Јосиф Химнограф со голема слава била воведена во небесните живеалишта. А пријателот на Јосиф, кој бил удостоен со своето видение, бил бескрајно радосен што го видел и дознал ова (Четиј минеј, 5. април).

133. Пресвета Богородица го спасила Цариград од напаѓачите. Додека византискиот цар Ираклиј (во VI век) војувал со Персијците, скитските племиња, меѓу кои имало и Словени, под водство на војсководачот Хаган, ја искористиле приликата и навалиле на Цариград, којшто останал без заштита. Знаејќи дека не можат да се надеваат на својата слаба заштита, жителите на престолнината, на чело со патријархот Сергиј, прибегнале кон молитви кон Бога и кон пресветата Мајка Божја, молејќи помош и заштита од напаѓачите, коишто го опколиле градот од сите страни и уште предвреме се радувале на богатиот плен. Додека патријархот со иконата на пресвета Богородица, на чело на литијата, заедно со свештенството и народот ги обиколувал градските ѕидини, барајќи небесна помош, напаѓачите им се смееле, го хулеле името Божјо и на пресвета Богородица, и тврделе дека тоа ништо нема да им помогне и дека утредента нивниот град ќе биде разрушен. Меѓутоа, утредента настанала силна бура и ги потопила сите бродови на напаѓачите, а војската на Хаган се исплашила од нешто и побегнала. Така Цариград чудесно бил спасен. Во знак на благодарност за избавувањето, патријархот Сергиј испеал прекрасен акатист на пресветата Богомајка, кој се смета за најубава песна испеана во нејзина чест, и редовно се чита во состав на дневното молитвено правило на монасите и на побожните луѓе. На сличен начин Цариград е спасуван и подоцна уште два пати.

134. Пресветата Мајка Божја ја спасила Москва во 1812 година од Наполеон. Откако ја покорил речиси цела Европа, францускиот цар Наполеон се насочил кон Русија, заштитничката на православието, и стигнал дури до Москва. Сфаќајќи дека не можат да се спротивстават на поголемата сила, рускиот цар со својата војска, свештенство и народ паднале на колена пред иконата на пресветата Мајка Божја и повикале да ги спаси. И се случило чудо: фатил таков мраз, така што војската на Наполеон морала да се повлече, премрзната и десеткувана од студ и глад. – Во Русија постои прочуената Владимирска икона на пресвета Богородица поради неколкуте победи кои Русите ги извојувале над Татарите, носејќи ја неа на чело на војската како знаме.

135. Пресветата Мајка Божја го спасила Хиландар од пожар. Во 1924 година се запалила шумата околу манастирот Хиландар, на Света Гора. Пожарот бил страшен а и ветерот го носел со голема сила кон манастирот. Се собрале сите светогорски калуѓери: Срби, Грци, Руси, Романци и Бугари да го гаснат пожарот и да го спасат манастирот, но човечката сила била потполно немоќна. Тогаш еден српски калуѓер, отец Авакум, се сетил дека Мајката Божја е заштитничка на Хиландар. На негов предлог ја изнеле големата икона на Мајката Божја од црквата, со литија свртеле со неа околу храмот и ја понеле кон запалената шума, пеејќи молебни песни. И се случило чудо. Ветрот го променил правецот и пожарот престанал како од рака задржан (д-р Лазар Милин, Зошто ја славиме пресвета Богородица, Православен мисионер број 4, за 1962 година).

136. Му се јавила на светиот Серафим Саровски. Во житијата на многу угодници Божји имаме податоци за јавувања на пресветата Мајка Божја на јаве, најчесто во друштво на светите апостоли или на други свети личности од обата пола. На некои од нив им се јавувала и повеќе пати. Овде ќе го наведеме само јавувањето на светиот Серафим Саровски (+2. јануари 1833). Нему му се јавила по дванаесетти пат на Благовештение 1832 година. Тоа се случило наутро. Старецот живеел осаменички, но тоа утро поради манастирска работа кај него се затекнала старицата Евдокија, подоцна во монаштво наречена Евпраксија. Пред чудесното појавување прозорливиот Старец ì рекол на Евдокија: „Ах, радост моја (така му се обраќал на секого), каква радост ни се подготвува на овој празник!“ Тогаш почнале да читаат акатисти. Одеднаш се слушнал шум, исто како кога шумат дрвјата од силен ветар. Потоа се слушнало многу умилително пеење. Вратата на ќелијата сама се отворила, потоа заблескала силна светлина, а по неа се раширил прекрасен мирис. Тогаш се јавила пресветата Богомајка а со неа ангели и светители: Јован Крстител и Јован Богослов, и маченичките: Варвара, Екатерина, Текла, Евпраксија, Пелагија, Доротеја, Макрина, Јустина, Јулијана и Анисија. Возбудена од ова видение, Евдокија го запрашала старецот Серафим: „Каде сме? Кој е тоа?“ Тогаш Царицата небесна ì рекла на старицата слободно да се приближи до секого од нив и да го праша кој е. И така старицата им приоѓала и ги прашувала, и секој ì одговарал. Потоа започнал разговор помеѓу пресветата Богомајка и старецот Серафим, кој траел три часа. Старецот ì се молел на Богородица за своите монахињи, а таа му одговорила дека ќе му помага во сè. „Дај им послушание, рекла Богомајката, и ако го исполнат, ќе бидат со тебе и блиску до мене… Кој нив ќе ги навреди, јас ќе го поразам; а кој им служи заради Господ, тој ќе биде помилуван пред Бога“. Најпосле му рекла: „Набрзо, мој миленику, ќе бидеш со нас!“ Нејзиното пророштво се исполнило по девет месеци. Старицата Евдокија живеела уште долго и се упокоила на 28. март 1865 (Епископ Николај, Емануил, 10, стр. 141).

137. Му се јавила на едно болно девојче во Охрид. Во текот на зимата 1931 година, тешко се разболело девојчето на некоја бедна вдовица во Охрид. Цел месец не знаела ништо за себе и не изустила ниту збор. Секоја надеж за оздравување била изгубена. Тажната мајка веќе почнала да позајмува пари за да ја подготви за погреб. Една вечер мајката седела покрај постелата на болното дете и тивко плачела. Одеднаш, девојчето не отварајќи ги очите проговорило и рекло: „Не плачи, мамо, туку однеси ме утре во манастирот Калишта, па ќе оздравам. Тоа ми го кажа небесната Мајка, која е тука покрај мене!“ – Изненадената мајка сета затреперила. Утредента го однела девојчето во манастирот на света Богородица во Калишта, и ја вратила дома здрава (Епископ Николај, 65 Мисионерско писмо, Битола, 1932).

138. Му се јавила на болното дете и му ветила исцелување. Синот на еден угледен граѓанин во градот Курск, во Русија, тешко се разболел, така што секоја надеж за негово оздравување била изгубена. Секој момент ја очекувале смртта на детето. Но една ноќ на сон му се јавила пресветата Мајка Божја и му рекла дека утредента во нивниот дом ќе дојде нејзината света икона и дека таа ќе му го врати здравјето. И навистина, утредента имало некоја литија низ градот, во која била носена икона од пресветата Богомајка. Кога литијата стигнала близу до куќата во која лежело болното дете, почнало силно да врне и свештениците со иконата се засолниле токму во оваа куќа. Детето лежело во постелата повеќе мртво отколку живо. Родителите радосни што таква светиња им влегува во куќата, го замолиле свештеникот да ја положи иконата врз болното дете. Откако ја почувствувало врз себе иконата, момчето ја целивало со својата студена уста и станало здраво и весело (Епископ Николај, Емануил, 8, стр. 47).

139. И се јавила на една жена и ì препорачала да ја откопаат нејзината икона, за да престане епидемијата на колера во градот. Во градот Аксај, на Дон, во Русија, во 1830 година беснеела колера. Притоа пресвета Богородица ì се јавила во сон на една сиромашна жена и ì кажала дека надвор од градот, на тоа и тоа место, под еден куп отпадоци, се наоѓа нејзина икона. Ì рекла да ја откопаат таа икона па колерата ќе престане. Жената отишла кај свештеникот и му го раскажала сонот. Свештеникот замавнал со раката и ја избркал кутрата жена. Наредната ноќ сонот и видението се повториле. Жената отишла кај свештеникот и му раскажала. Тогаш свештеникот отишол со повеќе луѓе на означеното место и наредил да се копа. И навистина, под купиштата ѓубре ја нашле иконата на пресветата Мајка Божја. Тогаш со иконата, исчистена и издигната, била направена литија околу градот. Кога го заобиколиле градот, се вратиле во црквата и ја поставиле иконата пред иконостасот. Веднаш потоа колерата престанала. Оттогаш таа Аксајска икона на Божјата Мајка се прочула како чудотворна до ден денешен (Епископ Николај, Емануил, 18, стр. 23).

 

 https://crkvaveles.wordpress.com/2012/05/17/pochituvanje-na-presv-bogorodica/?fbclid=IwAR0rFrGZGFcM6oQdWvtsSSb9Gmkrphvlccn9D1VuJowOz80K5gEjEe5zfK8

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная