логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Hristos.adot1.jpg

Боже на духовите и на секоја плот, Којшто си ја урнал власта на смртта и владееш над живите и мртвите, извор на привремениот и на вечниот живот, Којшто не ги лишуваш од милоста ни живите ниту мртвите, Христе Спасителу, слушни го молитвениот плач на моето срце и помилуј ја според своето безгранично милосрдие, душата на преселениот од овај свет во невидливиот Твој слуга (или: слугинка) (името), за кого (за која) да се молам ме поттикнува љубовта и, благодарноста за она што ми направиле во во нивниот живот.


Помилуј го (ја), зашто заспа во смртниот сон со спасителна вера во Тебе и надеж во вечниот живот, помилуј го поради раните и страданијата што Си ги претрпел за сиот човечки род, поради крвта пролеана и поради Твоето понижување... Ти си вечна љубов и благост, Ти си Спасител на човечкиот род и си ветил дека ќе исполниш се што ќе побараме со вера. Со оваа надеж и јас, грешник недостоен за Твое помилување, се осудувам да Те молам, се осмелувам од длабочината на својата душа да викам кон Тебе. Сожали се, Господи, и помилуј го починатиот во смртен сон Твој слуга (слугинка). Можеби и поради моја вина сеуште не стигнал до вечното пристаниште на блажените. Можеби поради моите гревови го отфрлаш од Твоето лице и учеството во нив овде на земјава. Поради.Твојата благост и крстните страданија, не земај му ги во предвид тие гревови. Помилуј го, ако по немоќта на грешната прироДа се отклонил од Твоите патишта и блудел по стрмината на порокот, вовлечен од соблазните на светот. Искупи ги со Твојата крв неговите заблуди и слабости, не споменувај ги гревовите, заборави му ги беззаконијата, награди му ги добродетелите, не оставај ја без возврат ни најмалата усилба да Ти благоугоди. Врачунај му ги, место дела, неговите добри намери през животот, згасни му ја жедта за соединување со Тебе, засити му ја гладта за Твојата правда од плодовите на Твојот дом. Збогати му ја неговата беда од сокровиштата на твоите заслуги. Покриј му ја голотијата со облеката на Твоето оправдание. Овенчај ја неговата желба да се насладува со гледањето на Твоето лице и воведи го во Твоето вечно царство.


Оче на Господа наш Исуса Христа, Оче на шчедростите и на секое милосрдие! Прими ја за задоволување на Твоето правосудие на починатиот од времениов живот со надежта на Твоето милосрдие, жртвата на Твојот единороден Син, човечкиот Спасител. Послушај ги можтвите и прозбите на светата Црква стекната со неговата крв. Прими ја за негово очистување бескрвната умилостителна жртва, принесувана од Црквата врз олтарите подигнати во слава на Твоето име.


Единосуштен на Отецот и Синот, Сесвети Душе, изгори ја со Твојата љубов греовната мртвост на починатиот, отстрани од него секој квасец на земните склоности и навики, разреши го од греовните врвки, очисти го од секоја нечистотија на беззаконието, оживотвори ја наговата смртност со надежта на вечното милосрдие, освежи го со росата на Твојата милост жешкиот пламен на застарените навики, растерај го стравот и ужасите што го збунуваат, смири ги лутите грижи на совеста, утеши го со Твојата благост, и избави го од власта на адот, за да не го проголта преисподната бездна, да не го потопи и не го проголта геената во неизгасливиот оган.


Најмилосрден троичен Боже, упокој ја душата на починатиот во смртниот сон со вера и надеж на Твоето безгранично милосрдие. Направи го учесник на вечното блаженство, упокој го во небеското семејство, кајшто нема тага, солзи, воздишки, за да го опфати радост и вечна веселост. Отвори му ја рајската врата, присоедини го во соборот на Твоите избрани, вдвори го во Твоите светии, да ја види Твојата вечна светлина, да се насладува од гледањето на Твоето лице. Исполни ја врз него Својата милост, јави му го Твојот благослов, та помилван да ја измолува твојата благост и за мое помилување, за и јас да бидам придружен со него во Твоето царство каде што нема тага, ни болест, ни солзи, за и јас да го прославам Твоето безгранично милосрдие, Оче, Сине и Свети Душе. Амин.

МОЛИТВА ЗА УМРЕНИТЕ ЧЕДА

Господи Исусе Христе, Боже наш, Владико на животот и смртта, Утешителу на неволните, со скрушено и смирено срце прибегнувам при Тебе и Ти се молам: Спомни Го, Господи, во Твоето царство Твојот понинат слуга (слугинка), моето чедо (името) и направи го неговиот спомен вечен. Ти, Владико на животот и смртта, Си ми го дал тоа чедо, и спрема Твојата блага и премудра волја било угодно и да ми го земеш. Да биде благословено Твоето име, Господи! Ти се молам, Судијо на небото и на земјата, спрема Твојата бескрајна љубов кон нас грешните, прости му ги на починатиот твој слуга, моето чедо, сите гревови направени со умисла или безумисла, со дело, свесно или несвесно. Прости ни ги, Господи, и нашите родителски согрешенија, тие да не се пренесуваат на чедата. Знам дека многу згрешивме пред Тебе. Многупати не го запазивме, ниту го направивме тоа што си ни го заповедал. Ако нашето починато чедо, по наша или по сопствена вина, му служеше повеќе на светот и плотта, а не на Тебе, Господа и Бога, Ти се молам, преблаг Оче, прости му ги и ослаби ги таквите прегрешенија или друго лошо што направил во овој живот. Христе Исусе, Ти си ја воскреснал ќерката на Јаира спрема верата на татко и, Ти си ја исцелил ќерката на хананејката спрема верата и прозбата  на мајка и, послушај ја и мојава молба: Не презирај ја молбава за моето чедо. Прости му ги, Господи, еите негови согрешенија и очисти му ја душата, избави ја од вечните маки и насели ја со сите Твои светии, коишто од века Ти угодиле, таму кајшто нема ни болест, ни тага, ни воздшики, туку е бескрајниот живот. Зашто нема човек којшто не поживеал, а не згрешил, само Ти единствениот си без грев, та кога ќе го судиш светот, моето чедо да го чуе Твојот сладок глас: Елате вие, благословени од мојот Отец, и наследете го царо твото за вас припремено од почетокот на светот. Зашто Ти си Отец на шчедрости и милости, Ти си нашиот живот и нашето воскресение и Тебе Те прославуваме со Отецот и Светиот Дух, сега, секогаш, и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА ЗА УМРЕНИ РОДИТЕЛИ

Господи Исусе, Боже наш, Ти си пазител на сираците, прибежиште на неволните и утешител на онке коишто плачат. Јас, сирак, прибегнувам при Тебе, стенкам и плачам и Ти се молам: Послушај ја мојата молба и не одвраќај го лицето од воздишките на моето срце и од солзите на моите очи. Ти се молам, милостив Господи, намали ја тагата поради разделбата со мојот родишел (родителка) (името). Неговаша душа почината со вистинска вера во Тебе и со цврста надеж на Твоето човекољубие и милост, прими ја во Твоето небеско царство. Се приклонувам пред Твојата света волја и Те молам да не ја отстраниш од него Твојата милост и добросрдечност. Знам, Господи, дека Ти, Судијата на целиот свет, гревовите и неделата од родителите ги накажуваш врз децата, но и дека ги помилувуваш родителите поради молитвите и добродетелите на нивните чеда. Со скрушеност и умилност Ти се молам, милостив Судијо, не казнувај го со вечна казна Твојот слуга (или: слугинка), мој татко (или: мајка) и прости му ги сите гревови намерни или ненамерни што ги сторил со збор, дело, свесно или несвесно во овој живот, со Твоето милосрдие, поради молитвите на Пречистата Богоордица и на сите светии, помилуј го и избави го од вечните маки. Ти, милосрден Оче на родителите и чедата, дај ми во сите дни на мојот живот се до мојата последна воздишка да не престанам да го споменувам во молитвите мојот починат татко (мајка, или: родители), и да Те молам, праведен Судијо, да ш населиш во место светло, место свежо и спокојно, со сите светии, кајшто нема болест, ниту тага, ни воздишка. Прими ја денес, Госиоди, оваа шоила молитва за покојниот (покојната) поради неговиот труд и грижи за моето воспитување во верата и христијанското благочестие, зашто тој ме научи побожно да Ти се молам, само на Тебе да се надевам во неволјите, тагите и болестите и да ги пазам Твоите заповеди. За сите добри работи што тој ги испросил од Тебе, возврати му со Својата милост, со Своите небески бла-га и радостите во Твоето вечно царство. Зашто Ти си Бог на милостите, шчедростите и човекољубието, Ти Си упокоение и радост на Твоите верни раби, и Тебе Те прославуваме со Отецот и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА ЗА УМРЕНА СОПРУГА

Господи Седржителу, Исусе Христе, со срдечно скрушение и умилност, Ти се молам: Упокој ја, Господи, душата на починатата Твоја слугинка (името) во Твоето небеско царство. Владико Седржителу, Ти си го благословил сопружниот сојуз помеѓу мажот и жената, кога си рекол: Не е добор човекот да биде сам на земјата, да му направам помошник подобен на него, Ти си го осветил тој сојуз спрема примерот на Христа со Црквата. Верувам, Господи, и исиоведувам, дека Ти си благословил и јас да се сретнам со една од Твоите слугинки во еден таков сојуз. Но и било благоугодно на Твојата блага и премудра волја да ми ја одземеш слугинката што си ми ја дал за помошничка и сопатница во мојто живот. Се приклонувам пред Твојата волја и Ти се молам од се срце: прими ја оваа молба за Твојата слугинка (името) и прости и се што согрешила, со збор, со дело, со помисла, свесно или несвесно. Ако го засакала повеќе земното од небеското или, ако ги занемарила недата, или го огорнила некого со збор или со дело, ако роптала во своето срце против ближниот, или осудила некого, или било какво друго лошо направила, сите грешки прости и ги, како благ и човекољубив, зашто нема новек којшто поживеал и не согрешил. Не влегувај во суд со својата слугинка, како со свое создание, не осудувај ја поради гревовите на вечни маки, туку сожалија и помилуј ја според Твојата голема милост. Ти се молам и просам од Теб, Господа на силите, да не престанувам през сите денови на мојот живот да Ти се молам за починатата слушнка и до крајот на животот да и измолувам од Тебе, Судијата на сиот свет, опростување на нејзините согрешенија. Ти, Боже, овенчај ја со Својата слава во Твоето небеско царсшво со сише свешии коишшо шаму се радуваат и заедно со нив вечно да го воспева Твоето најсвето име со Отецот и со Светиот Дух. Амин.

МОЛИТВА ЗА УМРЕНИОТ СОПРУГ

             Господи Седржителу, Исусе Христе, Ти си утеха на оние коишто плачат, заштита на сираците и вдовиците. Ти Си рекол: Повикај ме во денот на неволјата и Јас ќе те избавам. Во деновите на неволјата прибегнувам при Тебе и Ти се молам: Не одвраќај го Своето лице од мене и слушни ја молитвата што Ти ја принесувам со солзи. Ти, Господи и Владико, на се си благоволил да ме сретнеш со еден од Твоите слуги за да бидеме едно тело и еден дух. Ти си ми го дал тој Твој слуга како сожител и заштитник. Но, на Твојата блага и премудра волја и беше благоугодно да го одземеш од мене Својот слуга и да ме оставиш сама. Се приклонувам пред Твојата волја и при Тебе прибегнувам во деновите на мојата тага. Отстрани ја тагата од разделбата со Твојот слуга, а мој другар. Кога него си го одзел од мене, не одземај ја од мене и Својата милост. Како што некогаш си ги примил двете лепти од вдовицата, така прими ја и оваа моја  молба.  Спомени ја, Госиоди, душаша на Твојош иочинаш слуга (името), прости му ги сите согрешенија што ги направил намерно или ненамерно, со збор или со дело, свесно или несвесно, не погубувај го со беззаконијата, туку спрема Својата голема милост и големите шчедрости ослаби ги и прости му ги сите согрешенија и насели го со сите светии, кајшто нема ниту болест, ниту тага, ниту воздишки, туку е бескрајниот живот. Ти се молам и просам, Господи, дај ми во сите дни на мојот живот да не престаќувам да се молам за починатиот Твој слуга и до последната воздишка да измолувам од Тебе, Судијата на целиот свет, прошка на сите согрешенија и населување во небеските станови што си ги приготвил за оние коишто Те љубат. Зашгџо нема човек, којшто не поживеал и не згрешил. Само Ти си единствениот без грев. Амин.

МОЛИТВА ЗА НЕНАДЕЈНО УМРЕН

               Господи Исусе Христе, Владико на животот и смртта, Ти си рекол во Твоето Свето Евангелие: Бидеше будни, зашпхо не знаете кога ќе дојде Синот Човечки, зашто во часот кога не помислувате, Синот Човечки ќе дојде. Но ние, земните и грешните,   предадени   на  световните  грижи и сласти, забораваме на часот на смртта и бидуваме ненадејно повикувани од Тебе, Судијо на небото и на земјата. Така ненадејно беше повикан при Тебе и Твојот починат слуга и наш брат (или: Твојата слугинка и наша сестра) (името). Патиштата на Твојата чудна промисла се недостижни и неиспитливи за нас, Господи Спасителу. Јас смирено ја приклонувам својата глава пред тие Твои патишта, Господи Владико, и Ти се молам усрдно со вера: Погледни од височината на Твоето свето живеалиште и осени ме со Твојата благодат, да се исправи мојата молитва пред Тебе како благоуханен темјан.

Најмилостив Господи, послушај ја молитвата на Твојот слуга (слугинка), којшто спрема неисповедливите Твои судови, ненадејно беше грабнат од нас преку смртта, сожали џу ја и помилуј ја неговата уплашена душа, повикана пред Твојот страшен суд, во часот кога тоа не го очекувала. Не ја изобличувај во лутината и не ја казнувај во гневот, туку сожали ја и помилуј поради Своите крсни заслуги и поради молитвите на Својата Пречиста Мајка и на сите Твои светии. Прости му ги сите согрешенија што ги направила намерно или ненамерно, со збор, со дело, свесно или несвесно. Иако беше грабната неспремна, сепак, верата во Тебе и исповедувањешо дека Ти си Хрисшос - Сиасителот, а и надежта во Тебе, нив земи му ги наместо делата. Милосрден Господи, Ти не ја сакаш смртта на грешникот и милостиво примаш од него и за него се што се прави за неговото обраќање и спасение, и Сам му го подредуваш патот за да биде жив. Ти се молам, Господи, да си спомнши на сите дела на милосрдието и на сите молби што се прават овде на земјава за Твојот починат слуга (слугинка). Благоволи да ја примиш и мојава молитва за него (неа), и да му ги простиш сите согрешенија, да му го успокоиш збунетото срце, да го поштедиш од вечните маки и да го населиш во место светло. Зашто Твоја е власта да не помилуваш и спасуваш, Христе, Спасителу наш, и само на Тебе единствено Ти прилега неискажлива благост и вечна слава со Отецот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

Извор: МОЛИТВЕНИК

Друго:

 Просфора

====

МОЛИТВА ЗА ПОЧИНАТИТЕ
Спомни ги, Господи, душите на Твоите упокоени чеда (прочитајте ги сите имиња од списокот) и прости им ги волните и неволните согрешенија.
Дозволи им да влезат во царството небесно, да учествуваат во Твоите вечни блага и да се насладуваат на Твојот бескраен и блажен живот.
Спомни ги Господи, сите што умреле со надеж на воскресение и вечен живот. Спомни ги нашите отци, браќа и сестри, сите православни христијани, што лежат тука и насекаде и насели ги заедно со Твоите светии таму, каде што сјае светлината на Твоето лице, а нас помилувај не како благ и човекољубив. Амин!
Даруј им, Господи, простување на гревовите на сите наши отци, браќа и сестри кои пред нас се преселиле во вечноста со вера и надеж на воскресение и споменот за нив направи го вечен.
(трипати се чита истото)
Достојно е навистина да Те блажиме Богородице, присно блажена и Сенепорочна и Мајка на нашиот Бог. Почесна од Херувимите, и неспоредливо прославена од Серафимите, нетлено Бога – Словото што го роди, вистинска Богородице, Тебе ние Те величаме.
Слава на Отца и Сина и Светиот Дух, и сега и секогаш, и во вековите на вековите. Амин!
Господи помилуј!
Господи, Исусе христе, Сине Божји, заради молитвите на Твојата Пречиста Мајка, на преподобните и богоносни отци наши и на сите светии, помилуј не. Амин!

 

"Што навистина би ја израдувала душата на покојникот?
           Пред сè, искрена молитва за него; лична и семејна, но и црковна молитва, соединета со бескрвната Жртва, односно спомнување на Литургија. Бројните јавувања на мртвите и различните виденија ја потврдуваат големата корист која упокоените членови на Црквата ја имаат од молитвите за нив и принесените бескрвни Жртви.
        Понатаму, следното нешто што им носи голема радост на душите на упокоените се делата на милостина кои ги правиме во нивно име. Да се нахрани некој гладен или да му се помогне на некој болен во име на покојникот, е исто како да сме му го направиле тоа и нему." -

Свети Јован Шангајски

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7613
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная