логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 IZGONUVANJE.od.Rajot2

ПЕТОК ОД ПРВА СЕДМИЦА

ВЕЧЕРНА


По вообичаеното читање на песни, на Господи, повикав, се земаат 10 стиха и ги пееме следниве стихири, самогласен на денот (2-пати). Глас 5.
Дојдете, верни, во светлина да ги извршуваме делата Божји, како дење набожно да одиме, секаков неправеден договор да раскинеме и секаква соблазна на ближниот  од нас да отфрлиме; телесните наслади да ги оставиме и духовните наши дарови да ги возраснеме; на гладните леб да им дадеме и на Христа со покајание да Му пристапиме, викајќи: Боже наш, помилуј нè.
Потоа пееме и 4 стихири маченични од Осмогланик, од редовен глас.

Потоа самогласни 4, од свети Теодор, глас 2.
Сите маченикољупци, дојдете духовно да се равеселиме и да торжествуваме, зашто денес маченикот Теодор ни предлага тајна трпеза, која нè весели нас празникољупците, и да му пееме: Радувај се непобедлив страдалецу, кој заканата непријателска на земјата ја разурна! Радувај се ти, кој своето тело од кал за Христа Бога на маки го предаде! Радувај се ти, кој во разните неволи искусен воин на небеската војска се покажа! Затоа, украсу на мачениците, те молиме: За душите наши, моли се.

На сите што со вера ти приоѓаат, мачениче Теодоре, им ја разделуваш од Бога даруваната благодат на твоите чудеса, со која те фалиме, велејќи: Заробените ги ослободуваш, болните ги лекуваш, сиромашните ги збогатуваш, патниците по море ги спасуваш, суетниот начин на живеење на твоите слуги го запираш, и на оние што крадат казната им ја откриваш, страдалецу, и војниците ги учиш да се воздржуваат од грабежи, на младите милостиво прошка им даруваш, на оние што го слават твојот свештен спомен топол застапник им се наоѓаш. Со нив, и за нас што го воспеваме твоето мачеништво, најсвет страдалецу, проси од Христа милост голема.

Како возвишен дар Божји си се покажал, мачениче Теодоре, и по смртта, како жив, на оние што ти приоѓаат, молбите им ги исполнуваш. Затоа и синот на една жена, кој некогаш бил запленет од иноверни воини, кога вдовицата со солзи го облеа твојот храм, ти, како милостив, на бел коњ, дојде и детето невидливо нејзе ѝ го врати. И по ова не си престанал да правиш чудеса, но моли Го Христа Бога да се спасат душите наши.

Преблажен Теодоре, со твоето име дарот Божји го почитуваме, бидејќи се покажа како незаодно светило на Божјата светлина; со твоите страдања сета твар ја осветли и посилен од огнот се покажа, пламенот го згасна и главата на лажливата змија ја смачка. Затоа во твоите страдања Христос се приклони, и твојата божествена глава ја овенча, великомченику страдалнику. Како оној што има милост пред Бога, за душите наши прилежно моли се.


Слава: глас 6. Непријателот, служејќи се со царот отпадник (Јулијан), луѓето со пост очистени, се обиде да ги оскверни со храна, со крв од жртви попрскана, но ти мудро нивната лоша намера ја отстрани, кога на тогашниот архиереј на сон му се јави, за да го известиш за опасноста. За тоа ние благодарност ти принесуваме и спасител те именуваме, годишнит спомен на тоа чудо славејѓи го. Те молиме, и натаму од лошите намери на лукавиот пази нè, со твоите молитви пред Бога, мачениче Теодоре.
И сега: богородичен (догматик) од редовниот глас.

Вход без Евангелие. Светлино тивка:


Прокимен: псалм 19. Глас 5: Ќе те слушне Господ во денот на жалоста. Стих: Ќе те заштити името на Бога Јаковов.

IZGONUVANJE.od.Rajot

Од книгата Битие, читање (2, 20-25; 3, 1-20):


И им даде човекот имиња на сиот добиток, и на птиците небески, и на сите ѕверови полски; но за човекот не се најде помошник, сличен на него. Затоа Господ му прати на човекот тврд сон; па кога заспа, му зеде едно ребро, и местото го пополни со плот. И Господ Бог создаде жена од реброто, што го зеде од човекот, и ја доведе кај човекот.  А човекот рече: „Еве сега коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека ѝ биде името жена, зашто е земена од мажот!” Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело. И беа обајцата голи, Адам и жена му, и не им беше срам. Но змијата беше полукава од сите ѕверови полски, што ги создаде Господ Бог; па ѝ рече на жената: „Вистина ли е дека Бог рекол да не јадете од ниедно дрво во рајот?” А жената ѝ рече на змијата: „Ние јадеме род од секое дрво во рајот; – само од родот на она дрво среде рајот, – рече Бог, – не јадете и не се допирајте до него, за да не умрете!” Тогаш змијата ѝ рече на жената: „Не, вие нема да умрете!

Бог знае оти оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло.” И жената, гледајќи дека родот на дрвото е добар за јадење, и убав за гледање, и дека дрвото е пожелно поради знаењето, набра род од него и јаде, па му даде и на мажот свој, та и тој вкуси. Тогаш им се отворија очите на обајцата, и увидоа дека се голи; па исплетоа лисја од смокви и си направија опашала. И го чуја гласот на Господа Бога, кога Он одеше низ рајот во приквечерината; и се сокрија Адам и жена му. Но Господ Бог го повика Адама и му реча: „Адаме, каде си”? А тој одговори: „Го чув гласот Твој во рајот кога врвеше, па се уплашив, оти сум гол, и се сокрив.” И Господ рече: „Кој ти кажа дека си гол? Да не си јал од она дрво, од кое ти забранив да јадеш?” Адам, пак, рече: „Жената, која ми ја даде Ти, таа ми даде од дрвото, и јас јадев.” Тогаш Господ Бог ѝ рече на жената: „Зошто го направи тоа?” Жената одговори: „Змијата ме измами, и јас јадев.”

На змијата, пак, ѝ рече Господ Бог: „Затоа што си го направила тоа, проклета да си меѓу сите животни и сите ѕверови полски; помешечки ќе се влечеш и прав ќе јадеш сè до крајот на својот живот! И ставам непријателство меѓу тебе и жената и меѓу родот твој и породот нејзин. Он ќе ти ја гази главата, а ти ќе го каснуваш во петата.” А на жената ѝ рече: „Ќе ти ги умножам и преумножам маките кога си бремена; со болки ќе раѓаш деца, и ќе бидеш под власта на мажот свој, и тој ќе ти биде господар!” Па потоа му рече на Адама: „Бидејќи ја послуша жената и вкуси од дрвото, од кое ти забранив и реков: – не јади од него – затоа земјата нека биде проклета поради тебе; со мака ќе се храниш од неа сè до крајот на својот живот; трње и троскот ќе ти раѓа; и ти ќе јадеш трева полска. Со пот од лицето свое ќе јадеш леб, сè дури не се вратиш во земјата, од која си земен; зашто си земја, и во земја ќе се вратиш!” И ја нарече Адам жената своја Ева, бидејќи таа стана мајка на сите живи.

Прокимен, псалм 20, глас 6: Издигни се, Господи, со Твојата сила: ние ќе ја воспеваме и ќе ја прославуваме Твојата моќ. Стих: Господи, со Твојата сила ќе се весели царот:

car.SOLOMON

Од Мудрите изреки Соломонови, читање (3, 19-34):


Господ со премудроста ја основа земјата, со разум ги утврди небесата; преку Неговата премудрост се отворија бездните, и облаците оросија со роса. Синко, не ги испуштај од предвид овие, работи; запази ја мудроста и разумот; тие ќе бидат живот за душата твоја и украс на вратот твој; ќе бидат изцеление за твоето тело и лек за твоите коски. Тогаш ќе одиш без опасност по патот свој, и ногата твоја нема да се сопне. Коге ќе легнеш да спиеш, нема да се плашиш, и кога ќе заспиеш, сонот ќе ти биде пријатен. Нема да се исплашиш од ненадеен страв, ниту од напад, кој доаѓа од безбожниците, бидејќи Господ ќе биде на сите твои патишта и ќе ја запази ногата твоја од препнување. Не откажувај да му направиш добро на оној, кој има потреба, кога раката твоја има сила да му помогне. Не му вели на пријателот свој: „Оди си и дојди пак; утре ќе ти дадам” кога си во состојба да му помогнеш, зашто не знаеш што ќе роди утрешниот ден. Не крои зло против ближниот свој, кој е придојден и кој со доверба живее при тебе. Не се карај со човек без причина, кога не ти направил никакво зло. Не завидувај му на човек што постапува насилно, и не избирај ни – еден од патиштата негови, зашто на Господа му е одвратен безбожникот, а близок е со праведникот. Проклетството Господово е врз домот на нечесниот, а живеалиштето на праведникот Бог го благословува. Над оние што се подигруваат, Он се потсмева, а на смирените им дава благодат.


Потоа се продолжува со Литургијата на Претходноосветени дарови. (Пролог)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная