логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Продолжеток на првиот дел од предавањето на митрополитот Лемесоски Атанасиј за улогата на духовникот од циклусот предавања на Универзитетот во Левкосија, Кипар. Потребно е многу внимание за да се одржи нашата средба со духовникот на ниво на молитва, да не достигне ниво на муабет; на пример, разговараме за нашата канцеларија, за нашите работи, за нашите деца, за снаата, за зетот, за свекрвата, како што правиме муабети со нашите сосетки. Ако имаме проблем со која било личност, тогаш само наведуваме дека имаме проблем со свекрвата, на пример, се нервирам кога ја гледам, и тоа е доволно. Нема потреба да кажеме дека доаѓа, ѕвони, влегува внатре, седи на фотелјата итн. Така започнуваме едно брборење без врска. Страшна работа!

Порано слушав, кога бев помлад, разни духовници кажуваа колку е тешко да исповедаш, и читав во книгите дека е потребно многу сила, а на едно место прочитав дека се потребни челични нерви. И си велев, добро, зошто челични нерви, што прават? Седат во фотелја и, колку убаво, слушаат еден куп случки од луѓето и разговараат. Каде го најдоа заморот и челичните нерви? Е, кога ми дојде и мене редот да седнам и јас на таа столица, тогаш видов дека навистина не само челични, туку не знам какви нерви се потребни за да го издржи човек тој товар на гревот, на секој поединечно и на неговото незнаење, но и на неговото празнословие, за жал.

Затоа, бидејќи многумина од вас се исповедате кај мене и бидејќи овој поднаслов зборува за пристапот кон духовникот, треба да разбереме дека не му пристапуваме на духовникот како на човек, односно за да станеме пријатели. Нашиот духовник нема време за пријателства или не треба да воспоставува пријателства. Духовникот е тој кој е жива Божја икона, кај кого ќе одиме за да му ја кажеме нашата помисла, нашиот проблем и од него ќе ја примиме информацијата на Божјата волја. Тоа да нѐ интересира и да не бараме ништо друго, затоа што не е можно да ни се даде. Може, се разбира, на почетокот, колку што има време еден духовник, да направи една посета, да поседи еден час повеќе и сл. Но, кога ќе се умножат луѓето, како е можно да ги прави сите тие работи? Невозможно е! А уште повеќе кога ние бараме плус време, особено часови, тогаш бездруго нема да може да одговори на тоа и ние ќе се нажалиме, а и духовникот ќе се нажали, затоа што знае, бидејќи ние сме духовно незрели, ѓаволот ја користи неговата спреченост да одговори на тие наши барања и му прави штета на човекот. Иако би бил доволен и еден збор за да се спаси некој, сепак секој не го прифаќа тоа и, гледате, се случуваат разни жални ситуации.

 Исповед

Разбирам дека живееме во епоха во која речиси сите имаме психолошки проблеми и многу лишувања. Лишени се децата од љубовта и грижата на нивните родители, лишена е сопругата од љубовта на нејзиниот сопруг и обратно, лишен е малиот од заштитата на големиот, сите имаме лишувања. Тешко можеме да најдеме интегрален, совршен човек. Меѓутоа, треба да научиме да ја имаме нашата надеж во Бога, да ја очекуваме помошта од Бога, од Бога да го очекуваме исполнувањето на нашите потреби, а не да очекуваме од човек, бидејќи другиот човек не е возможно да нѐ исполни. Знаете дека падот на Јуда, според светите Отци, се случил затоа што и тој се разочарал од Христос, бидејќи очекувал други работи, односно очекувал Христос да дигне востание против Римјаните, да стане израилски Цар и апостолите да ги направи министри. Кога видел дека Христос ги нема на ум тие работи и дека отишол на доброволна жртва, тогаш тој се запрепастил, па си рекол што е ова? Ние сакавме овде да го обнови израилското Царство, а Тој оди да се предаде. Значи не е ништо. Тоа разочарување било резултат на погрешниот пристап кон Христос.

Од погрешниот пристап тргнуваат многу работи. И воопшто, кога ѝ пристапуваме и на Црквата, дури и на Бога, и бараме од Бога работи што нема да ни ги даде, затоа што не ни се од полза, тогаш се разочаруваме. Кога очекуваме од Бога да исполнува сѐ што Му бараме, да нѐ има секогаш здрави, пресреќни и насмеани, и никогаш да не се разболеме, и да не умреме, и сите наши работи да одат совршено затоа што Го љубиме Бога, тогаш бездруго ќе се разочараме. Затоа што, сите кои сакаат да живеат побожно во Исус Христос, ќе бидат гонети, „и ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат“, рече Христос, „и во светот ќе имате маки“. Значи, ни вети дека во светот ќе имаме маки, ќе имаме гонења, а не ни го вети тоа што ние погрешно го очекуваме. Истото се случува и при пристапувањето кон некој духовен човек. Се сеќавам, дојде еден и ми вели дека не сака веќе да се исповеда кај мене, затоа што, вели, сака духовник со кого ќе бидат пријатели, ќе прават муабети, ќе му доаѓа дома, ќе прават прошетки. Е, многу убави работи се тоа доколку некој духовник има време да го прави тоа. Но, мислам дека таквиот има повеќе потреба од добри пријатели, а не од духовник, бидејќи таквите работи, прошетки и сл. ги прават добрите пријатели. Ако еден духовник почне да ги прави овие работи, што за жал ние духовниците сме ги правеле и тие грешки, тогаш сѐ се расипува.

Се сеќавам на еден духовник од Света Гора кој му велеше на Старецот: „Јас ќе земам малку духовни деца, нема да земам многу да се исповедаат, за да можам да одговорам на сите и сите да ги собирам редовно да јадеме заедно, да се собираме и да имаме така, на некој начин, едно општење и заедница”. Го слушнавме и рековме камо среќа, да даде Бог, да се направи една таква ангелска заедница. Но, Старецот му рече: „Внимавај, затоа што ако има и жени таму внатре, тогаш брзо ќе се распадне таа работа!”. Каков беше резултатот? После две-три средби, откако секоја ги разбрала тајните на другата, започнале погрешни разбирања, недоразбирања, озборувања, подозренија дека духовникот му дава поголемо значење на еден, а на друг не, па се случила таква конфузија, што на крај духовникот беше близу до расчинување. Се случија такви збрки што ниту сатаната не можеше да ги отплетка. А зошто сето тоа? Затоа што сме болни и погрешно им пристапуваме на Црквата и на духовните отци, а и нашите духовни отци од неискуство мислат дека треба да одговорат на сите потреби на луѓето, иако не се обврзани на тоа.

Тешко мене ако имам две, три илјади луѓе што се исповедаат кај мене, и јас да треба да им се јавувам по телефон на секои 15 дена или на имендени и да ги прашувам како се, да им честитам итн. Тогаш, би требало да имам еден компјутер што постојано ќе ми врти телефони. Разбирате, не одат тие работи така. Значи, да научиме да им пристапуваме на духовниците со правилни претпоставки. Од нив да го очекуваме изразувањето на Божјата волја. Да очекуваме од духовникот да дејствува слободно, ако процени дека е потребно време, тогаш ќе ни даде време, ќе ни даде денови, ќе ни даде години. Но, ако процени дека е доволен само еден збор, тогаш е доволен, за да можеме да напредуваме правилно. Од моето мало искуство видов дека оние луѓе што правилно им пристапија на своите духовници, тие со најмалку посветено време, напреднаа. А други, со многу посветено време, имаа речиси нула напредок или многу малку. Значи, не е времето, туку начинот е тој што има големо значење.

Треба да разбереме и дека еден духовен човек, како човек, има ограничени знаења и бездруго ќе прави грешки ако одговара на секакви прашања вон духовниот живот. Значи, како светите Отци, така и Светото Писмо, правеле грешки кога зборувале за теми што не се допираат до теологијата и до духовниот живот. На пример, ако ги читаме делата на светиот Василиј Велики, ќе видиме дека тој го напишал толкувањето на Шестодневот со научните знаења од таа епоха, кои 90% се сите погрешни, барем во однос на денешните факти. Меѓутоа, тоа не кажува ништо, односно не значи дека светиот Василиј Велики не е светител бидејќи изрекол грешки во Шестодневот, ниту, пак, Светото Писмо кое мислело дека сонцето се движи, а не земјата, и правело грешки. Светото Писмо и светите Отци не се ниту астронаути, ниту космолози, ниту математичари, ниту физичари, ниту биолози, ниту хемичари, ништо од сите тие работи. Кога зборуваат за тие работи, тогаш големи се шансите да прават грешки. Меѓутоа, кога зборуваат за духовниот живот и за опитот на Христос во нивното срце, тогаш зборуваат непогрешливо. Во прашањата за догмите и за теологијата се изразуваат непогрешливо. Во останатите теми постои голема веројатност да прават грешки, и затоа да не ги прашуваме.

Како што мене еднаш еден ме праша каква марка автомобил да купи, а јас од некаде имав чуено дека таа и таа марка е добра и му реков земи ја неа, за да куртулам, затоа што настојуваше. Отиде, го зеде тој автомобил и сѐ додека го имаше ме колнеше мене, додека на крај не го продаде со илјада тешкотии, затоа што не можеше да се продаде тој автомобил. Е, што да правам и јас? Се разбирам ли јас во автомобили? Моја работа ли е да кажувам кој каков автомобил да купи? Да ме прашаше колку бројаници да врти (да се моли), ќе му кажев. Да ме прашаше колку да се причестува, ќе му кажев. Да ме прашаше како да ги победи страстите, ќе му кажев. Но, која марка автомобил да купи, јас не знам. Тоа е погрешен пристап. Да му кажеме на духовникот: „Отец, дај ми благослов таа и таа работа да ми оди добро“. Тоа е во ред и е благословено. Но, не да бараме работи кои се надвор од духовниот живот. Тоа е погрешна стартна точка, што ќе има погрешни резултати.

Митрополит Лемесоски Атанасиј

Превод: отец Атанасиј Арсоски Извор: Православен Пат, бр. 32Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/ulogata-na-duhovnikot-2/ .



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная