ФЕСТИВАЛОТ НА ФИЛМСКАТА КАМЕРА ВО ОКТОМВРИ ВО БИТОЛА
Продолжи да гледаш на "Браќа Манаки"
Под мотото Продолжи да гледаш" и со постер инспириран од црно-белите филмови, од 15 до 21 октомври по 32. пат ќе се одржи филмскиот фестивал Браќа Манаки".
Главната програма на Фестивалот има 10 до 12 филмови, а главен селектор е Благоја Куновски. Фестивалот како и секоја година ќе се одржи во Центарот за култура во Битола. Огромна чест ни е како и секоја година што покровител на Фестивалот е претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов", рече на прес-конференција директорот на фестивалот, Лабина Митевска.
Таа кажа дека со мотото "Продолжи да гледаш" сакаат да потенцираат дека филмот е роден од човечката љубопитност и потреба за откривање нови светови.
На Фестивалот покрај главната програма ќе бидат застапени програмите Нови визиии, документарната и детската програма. Од оваа година во Нови визиии, чиј селектор е Сунчица Уневска, ќе биде доделена наградата на градот.
Официјален партнер на Фестивалот е ВИП оператор, чиј главен извршен директор Никола Љушев посака поуспешно издание од минатогодишното.
Од завчера во оптек е и интернет страницата на фестивалот. Официјалната програма на Браќа Манакии ќе биде објавена во септември.
Извор:
Вечер