Кратки зборови и сврзници - Google е доволно паметен за да исфрли одредени непотребни зборови од вашата фраза, на пример „the„ или „where“. Но што ако овие зборови се клучни за вашето пребарување? За да ги потенцирате додадете плус знак и претходно празно место, пред зборот кој е клучен но кој Google обично го исфрла. Песната на U2 „Where the Streets Have No Name“ за да ја најдете внесете „ +where +the streets have no name“.
Ова или она - многу одлуки во животот се тешки бидејќи не можете да се одлучите. Дали да земете Zune или iPod? Можете да го пребарате интернетот и за двете истовремено со помош на Google. Користете OR (или) и нема за што да се грижите. Ако го сместите OR помеѓу двата збора за кои пребарувате во резултатите и двата ќе бидат вклучени.
Вистинска цена - ако пребарувате некој производ за кој сте заинтересирани да го купите, но не сакате да потрошите многу. Затоа ограничете го пребарувањето и одредете во која граница да се движи цената. Разделете ги двата броја со две точки (..) и ќе го лимитирате пребарувањето. Ова можете да го користите и кај календарски години, тежини или временски период.
Одговор на се - имате многу прашања на кои немате одговор....а Google знае скоро се. Прашањата напишете ги во облик на реченица а крајот кој треба да е одговор заменете го со *. На пример „the inventor of the Internet is *“ и ќе добиете Al Gore.
Извор: ИДИВИДИ
Посети: {moshits}