логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Скопје, 23 јануари (МИА)

Издавачката дејност ќе биде поддржана со 123 милиони денари, што е двојно повеќе од лани, но книгоиздателствата се плашат дека дел од парите пак ќе бидат потрошени за неквалитетни дела што никој не ги чита, пишува „Дневник“.

Сомнежи дека годинава ќе се потрошат државни пари за книги што по објавувањето ќе ги нема во книжарниците и на саемите, постојат кај повеќето книгоиздателства, кои со нетрпение го чекаат резултатот од конкурсот за издаваштво на Министерството за култура. Од повеќето наши издавачки куќи стравуваат дека, како и во минатите години, дел од буџетот за издаваштво, кој годинава е двојно поголем од ланскиот и изнесува 123 милиони денари, ќе биде потрошен за неквалитетни дела. Книжарите порачуваат, наместо за книги кои не се интересни за читателите, парите да бидат доделени за книги што вредат да се најдат во продажбените салони.

Во книгоиздателството „Ми-Ан“ се задоволни од одлуката за удвојувањето на парите за издаваштво, но порачуваат да се финансираат само готови книги. Според Јован Павловски, директор на „Ми-Ан“, на тој начин комисијата за издаваштво наместо предлози на хартија, пред себе ќе има готови изданија за кои ќе оценува дали вредат да бидат поддржани.

- Одлично е што за издаваштвото има двојно повеќе пари од лани. Се надеваме дека со тоа ќе се намали границата што го одделуваше читателот од книгата. Меѓутоа, проблематично е тоа што парите повторно ќе се доделуваат за книги што се уште не се објавени. Тоа не е добро бидејќи така средствата, како и во минатите години, ќе се доделуваат на слепо, без да се знае дали книгата ќе има вредност. Комисијата не знае со каков содржински и технички квалитет се предложените дела и затоа многу од поддржаното потоа се покажува како промашување. Неопходно е правилата да се сменат и да се конкурира само со веќе готов производ. Така издавачите, наместо да се однесуваат безгрижно, ќе бидат принудени да објавуваат вредни дела што ќе бидат прифатени од пазарот и од Министерството - вели Павловски.

Од „Ми-Ан“ предлагаат формирање и посебни банкарски кредити за издаваштво со ниски камати. Враќањето на ратите би било со пари што издавачот ќе ги добие од ресорното министерство, но само ако е квалитетна книгата што ја објавил.

Со долги аплаузи и со неколку враќања на сцената беше поздравен актерот Ѓорѓи Јолевски по премиерната изведба на неговата монодрама „Електроенцефалограм“, завчеравечер, на малата сцена во Македонскиот народен театар, наведува весникот. Публиката се потсети на највпечатливите улоги што ги играл во последните две децении на театарските сцени во земјава. Користејќи мултидемијален пристап, Јолевски создаде впечатлива целина од главните ликови во „Чекајќи го Годо“, „Среќата е нова идеја во Европа“, „Хамлет“, „Парите се отепувачка“, „Квартет“, „Безбог“, „Подземна Република“, „Емигранти“, „Калигула“, „Војцек“.

Стотици драгоцени наоди што ги користеле струмичани од доцното средновековие до почетокот на 19 век се претставени во книгата „Древниот накит од Македонија - некропола Водоча“ од Елица Манева, што ја издаде Центарот за културно и духовно наследство „Каламус“ од Скопје, пишува „Дневник“. Во делото се претставени две и полдецениските истражувања на струмичкиот археолог Јован Ананиев (кој почина пред пет години), на некрополата во манастирскиот комплекс „Св. Леонтиј“ во селото Водоча. Постхумно, Манева го исполнила неговиот завет, ги обработила материјалите што тој сиот живот ги истражувал. По конзервацијата, документирањето и проучувањето на материјалите, Манева ја публикува долгогодишната работа на својот колега.

Во првата половина на книгата, на шеесетина страници се сублимирани основните карактеристики на средновековниот накит пронајден на водочката некропола. Втората половина од книгата е каталог, во кој се претставени артефактите. Со фотографии во боја се илустрирани обетки, приврзоци, амулети, мониста, белезици, прстења, копчиња и пафти. За секој предмет пишува од кое време датира, како и од кој материјал е изработен. Некои од артефактите се претставени и на цртежи. Книгата е отпечатена и на англиски јазик.

Изданието е продолжение на едицијата „Древниот накит од Македонија“.

Пензионираниот балетан Екрем Хусеин на 10 февруари со својата колешка, кореографката Искра Шукарова, заедно ќе прослават два јубилеја. Екрем ќе слави пет децении активно балетско играње, а Искра 15 години кореографија во МОБ, пишува „Вечер“.

Колегите во Македонскиот балет Екрем Хусеин го нарекуваат феномен. Овој пензиониран балетан, член на првата генерација балетски играчи во Македонија, горд на своите 65 години, на 10 февруари со својата колешка Искра Шукарова, заедно, ќе прослават два јубилеја. Екрем ќе слави пет децении активно балетско играње, а Искра 15 години кореографија во МОБ.

Изложбата "Војводата Дедо Иљо Малешевски" ќе биде отворена утре (12 ч.) во Музеј на Македонија. Изложбата се поставува по повод 130 години од двомесечната слобода на Пијанец и 110 години од смртта на познатиот ајдутски војвода Иљо Марков Малешевски, наведува весникот. На изложбата ќе бидат презентирани бројни документи, карти и фотографии на оваа значајна историска личност, како и неколку лични предмети.

Поставката ќе ја отвори доцент д-р Никола Жежов. Автор на концепцијата е Мирјана Нинчовска, виш кустос во Историскиот оддел на Музејот на Македонија.

Инвестиционата меѓународна група ИМГ работи на проектот за изготвување културна патека која ќе ги поврзува Музејот на современа уметност, Скопското кале, Музејот на Македонија, ќе поминува низ Старата чаршија, и црквата Св.Спас, пишува „Вест“. Иницијативата која е уште во проектна фаза се финансира од Владата на Италија.

Во културната патека се предвидува да има и парк на скулптури, што ќе биде сместен кај МСУ, и археолошки парк на Калето.

Музејот на Македонија работи секој ден од 9 до 17 часот, и во викендите. Секој последен викенд во месецот, влезот е бесплатен. Она што е новина за гостите е музејското бифе се со цел привлекување на публиката.

Иако во светот е веќе одамна установена практика, нарачката на драмски текстови кај нас досега се случуваше инцидентно. Идејата пак на тимот во Македонскиот народен театар е ова да стане редовна активност, пишува „Утрински весник“. За таа цел, во рамките на својата редовна програмска активност, на почетокот на оваа година МНТ ќе распише конкурс за седум драмски етиди на тема: француски гробишта.

Станува збор за меѓународен конкурс на кој ќе можат да се пријавуваат домашни и странски драмски автори со свои видувања на зададената тема. Кога станува збор за тематската определба, директорот на МНТ, Сашо Миленковски, вели: „Ние често говориме дека Македонија е крстопат на цивилизациите и културите. Ако земеме предвид дека во Битола и во Скопје илјадници луѓе на француската војска ги оставиле своите коски, тогаш на тие гробишта лежат приказни чиј дијапазон опфаќа ликови од цареви до просјаци. Значи гробиштата можат да раскажат приказни. Всушност, смртта многу повеќе говори за животот отколку животот сам по себе“.

Драмските парчиња ќе имаат фактографска позадина, односно ќе бидат базирани на податоци за вистински луѓе кои загинале во Македонија. „Проектот ќе биде работен по вистински приказни, но авторите ќе можат да ги развиваат според сопствени видувања“, вели Сашо Миленковски. Кога станува збор за значењето на оваа тема за Македонија, Миленковски вели: „На гробиштата нема национална определба. Таму сите се еднакви. Во основа, драмските парчиња ќе го третираат животот и судбината на обичните луѓе. Сакам да се позанимаваме со човекот и неговата судбина на најелементарно ниво бидејќи многу често сите ние мислиме дека сме вечни “. 

Македонското здружение на ликовните критичари AICA влезе во оваа година со променето, подмладено раководство кое се надева дека ќе направи одредени поместувања во третманот на ликовната критика и визуелната култура во земјава, наведува весникот. Местото на претходниот претседател Зоран Петровски го зазеде ликовниот критичар и историчар на уметност Дејан Буѓевац, а преостанатите нови членови на Управниот одбор се: Мира Гаќина и Ана Франговска. Местото на заменик-претседателот, Небојша Вилиќ, не е променето, тој ја задржа својата функција.

Годинешната програма на АИЦА - Македонија е дел од нејзините планирани тригодишни активности (2006-2008), која се очекува да биде поддржана од Министерството за култура. За пролетва, ликовните критичари во рамките на предвидените јавни дискусии за проблеми кои се однесуваат на професијата, институционалното организирање на уметноста или теоријата на уметноста, најавуваат одржување меѓу другото и на трибина под наслов: „Кој се плаши од негативната критика?“ Предвидено е и продолжување на минатогодишниот проект „Поглед наоколу - соседи“ во рамките на кој ќе бидат одржани предавања на реномирани критичари или кустоси од соседните земји, со цел да се понуди слика за актуелните состојби на планот на критиката и уметничките движења во непосредниот простор на регионот. Проектот е помогнат од Град Скопје.

Здружението предвидува и издавање на свој информатор, а годинава се планира да биде доделена и годишната награда на критиката, како средство за истакнување и стимулирање на врвните достигнувања во ликовните уметности, како и на креативен критички пристап во вреднувањето и презентацијата на актуелната уметничка практика. 

Парите во износ од 400.000 денари, наменети за развој на филмско сценарио со работен наслов „Македонски рулет“, од кои режисерот Дарко Митревски се откажа, се очекува да бидат вратени на сметката на Министерството за култура, пишува „Шпиц“. Од надлежното Министерство рекоа дека тие нема да бидат пренаменети во Филмскиот фонд, туку ќе се вратат на сметката од каде што биле исплатени.

- Се уште немаме официјален допис дека режисерот Дарко Митревски се откажува од тој проект и дека ќе ги врати парите. Очекуваме деновиве да го добиеме, а потоа ќе се одлучува каде ќе ги пренамениме средствата - велат од Министерството за култура и додаваат дека со нив веројатно ќе поддржат претставување на наш филм во странство, како што беше случајот со „Јас сум од Титов Велес“.

Неодамна тие дадоа пари за промовирање на филмот „Јас сум од Титов Велес“ на Теона Стругар-Митевска на претстојното Берлинале. Овој филм е носечки во промоцијата на македонската кинематографија, која за првпат ќе биде претставена на Европскиот филмски маркет кој се одржува во рамките на Берлинскиот филмски фестивал од 7 до 17 февруари.

Деновиве, режисерот Митревски преку медиумите објави дека се откажува од проектот „Македонски рулет“. Парите што за него беа одобрени од минатогодишната програма за филмска дејност, а му биле исплатени пред три месеци, ќе ги врати на Министерството за култура.

Како причина за откажување на проектот тој ја наведе незаинтересираноста на копродуценти за да го финансираат филмот. рп/паг/9:40



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 12, 2025
Default Image

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на Комисијата за доделување на годишната награда „Ладислав Баришиќ“, која оваа година ѝ се доделува на д-р Иванка Апостолова Баскар за истражувачкиот проект„Вознемирен…
Септември 23, 2025
TviTER929

Anita Gibson- ,,Во вашата рака држите дел од Израел“

Но денес, со откритијата за Унит 8200 и неговите луѓе распослани во Google, Microsoft, Facebook, TikTok, па дури и во VPN сервисите, станува јасно: тоа не беше фалење. Тоа беше признание.Телефоните, апликациите и „безбедносните алатки“ што секојдневно ги…

Денес, кога болката е наша

Јул 20, 2025 Ставови 599
TviTER777
Во Гетеборг, 1998 година, огнот го изгасна животот на 63 млади.Но подолго траеше…

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Апр 17, 2025 Музика 1176
Festival.Simeon
Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал…

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Сеп 25, 2024 Интервју 1527
Zivko.Grozdanoski3
Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1634
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

Беседи

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

     Човек се подготвува за околностите однапред. Јас се подготвив и не се разочарав. За да останеш во добро расположение, мора да бидеш подготвен за сè. Како што ме научи еднаш...

 Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

 „Изградбата на новиот храм кој го носи име на св. Константин и Елена на централната градска улица „Македонија“ во Скопје почна во далечната 2012 година. Но поради потешкотии околу финансирањето...

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

о.Жарко  Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

14/10/2025 - вторник


+Покров на Пресвета Богородица; св.Јован Кукузел

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на свети Андреј Јуродив 15 октомври/2 октомври  2025

Тропар на свети Андреј Јуродив 15 октомври/2 октомври 2025

Гласот на Твојот апостол Павле услишувајќи го-    ние јуродствуваме заради Христа -    твојот слуга Андреј беше јуродив на земјата заради...

Тропар на св. Христови свешт-мч Кипријан и Јустина  15 октомври/2 октомври  2025

Тропар на св. Христови свешт-мч Кипријан и Јустина 15 октомври/2 октомври 2025

Бог кој срцата ги испитува ве најде достојни, за виша мудрост, о свети маченици Кипријане и Јустино, Кипријан свети го...

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври   2025

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври 2025

Денес, ние благоверните светло празнуваме,осенети со Твоето Богомајко Пришествие,и гледајќи кон Твојот Пречист образ,со умиление глаголаме:

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная