Иако абортусот не е од вчера, сепак во последно време е пораснат процентот на млади тинејџерки кои абортираат на приватните клиники.
Ваков пораст статистички е забележан насекаде во светот. Овој алармантен тренд се јавува посебно по празниците кога тинејџерите одат на летувања, кампувања или екскурзии.
Статистичките резултати објавени во весникот The Cape Argus покажуваат дека процентот на абортуси во декември, 2006 година пораснал за 14 проценти. Маргарет Арнолдс од NADECO во однос на ова прашање смета дека во празничните сезони и распустите тинејџерите се ослободени од возрасните и прават се што ќе им падне на памет. Кога ќе забременат, веднаш по празниците, се ослободуваат од бебето.
Извештајот во The Cape Argus вели дека најголем пораст на процентите се случува кон крајот на јуни и почетокот на јули. Огромен пораст на абортусот е забележан во 2007 година. Истата година, во една приватна клиника во САД, во месец јули, имало 85 абортуси од девојчиња помали од 18 години.
“Она што родителите не го знаат е дека не само во САД, туку и речиси во секоја земја во светот, многу приватни клиники не бараат одобрување од родител за да се изврши абортус над малолетно лице. Оваа законска регулатива мора да има построги санкции кон оние кои дозволуваат овој зафат да биде извршен на лице помладо од 18 години” – вели Маргарет Арнолдс.
Со заштита на малолетните лица индиректно се заштитуваат и жртвите кои се силувани. “На тој начин се приморува девојката да го пријави силувачот, наместо тајно да се ослободи од бебето. Најважно е клиниките да бараат согласност од родителот за извршување на абортус” – додава Арнолдс.
{И.Ј} _ИДИВИДИ