БИБЛИЈАТА ТЕМЕЛ НА СРЕДНОВЕКОВНАТА
ЦРКОВНА КНИЖЕВНОСТ
Библијата е Божји збор наменет за спасение на луѓето. Таа извршила силно влијание во историјата на човештвото и направила значаен пресврт меѓу луѓето. Библијата јасно го осветлила и Бога и човекот, па во таа светлина човекот го познал своето достоинство и го нашол своето место и пред Бога, и на земјава и во вселената.16
Благодарение на Евангелието, робовите ја почувствувале слободата, жените еднаквоста со мажот, а бракот се издигнал на највисок степен на чистота и постанал света тајна. Семејството станало светилиште, народите ја постигнале рамноправноста, болните добиле болници, напуштените и сиромашните - згриженост, сираците - домови, разжалостените - утеха, прогонетите - заштита, очајниците - мир, праведниците - заслужена награда, а мртвите - воскресение и вечен живот.
Библијата, на човекот му даде најмногу. Западните народи преку Библијата и преку христијанството го постигнале најголемиот напредок. А поробените народи добија будење на својата свест за човечкото достоинство и слобода. Со примери е потврдено дека токму оние народи, кои живееле во светлината на Библијата, достигнале најголем културен, општествен, економски и технички развој. Врз Светото писмо, врз неговите идеи и влијанија, почива напредокот и насоченоста кон добрата иднина. Библијата го затекнала човештвото на едно многу ниско рамниште, а го издигнала највисоко. Во оваа книга над книгите се наоѓаат најдобрите идеи за љубовта меѓу луѓето. Преку Светото писмо се создал нов свет на земјава. Пред него, царевите биле прогласувани за богови, а нивните потчинети, иако луѓе, биле продавани како животни, по иста цена како стоката, дури и помалку. Гласот Божји преку Светото писмо го вратил достоинството на човекот. Гласот на Евангелието им рече на луѓето: "вие сте браќа",17 и додаде: "сакај ги ближните свои како себеси!"18 Пред да се појави Евангелието, луѓето се делеле на слободни и робови, на господари и слуги, машки и женски, културни и варвари, Елини и Евреи, а гласот на Божјиот збор вели: "Нема разлика меѓу Јудеец и Елин, зашто еден и ист е Господ на сите, богат за сите, кои Го призовуваат", оти19 "нема ни Елини, ни Јудејци, ни обрезание, ни необрезание, ни варварин, ни скит, ни роб, ни слободен, а се и во се е ХристОс",20 "зашто сите вие сте едно во Христа Исуса".21 Народите кои го прифатиле Светото писмо станале напредни. Искуството покажува дека луѓето ја согледале возвишеноста и богатството на Библијата.
Другите книги во светот се печатат и по кратко време се забораваат, а Светото писмо е се повеќе барано и препечатувано. Тоа денес го има скоро на сите јазици, односно, деведесет и пет насто од човештвото ја има Библијата на својот мајчин јазик. Библијата е најчитаната книга во текот на последните две илјади години.
За наша голема радост, во последно време и кај нас се повеќе слушаме од универзитетски професори и други културни работници дека е крајно време во нашите училишни и високообразовни институции да се чита и да се проучува Светото писмо. Не ретко ќе слушнеме како се вели дека секој културен човек, па дури и ако не е припадник на светата Црква, треба да го познава Светото писмо, ако сака да биде вистински културен човек.
Светото писмо со своето учење делува на човечките срца. Тоа е доказ за неговото божествено потекло. За тоа ни сведочат примерите на црковните молитвословија, т.е. прочитаните текстови од Светото писмо во различни молитвени обреди во светата Црква, кои силно делуваат врз човековата душа и срце.
Обраќањето на Македонските Словени кон христијанството, преку проповедта на словото Божјо од свети Климента, претставува, исто така, доказ за моќното дејство на Светото писмо - за силното влијание на Божјото слово врз целиот наш народ.
Средновековната книжевност е проникната со содржините и со духот на Светото писмо. Житијата на светиите, како посебен книжевен вид, претставуваат типичен пример за тоа, во колкава мера духот и содржината на Светото писмо влијаеле во опишувањето на животот на Божјите угодници.
Целото Свето евангелие и посланијата од Новиот завет се вткаени во опишувањето на животите на апостолите, на светителите, на мачениците, на исповедниците, пустиножителите, преподобните оци и мајки, на јуродивите и на сите светии.
Догматското и моралното богословие како науки, не можеме да ги замислиме без она што е речено за верските и моралните вистини во Светото писмо.
Содржината на богослужбените книги: стихирите, тропарите, кондаците, каноните, акатистите и сите молитви од општото заедничкото и индивидуалното богослужение се проникнати не само со духот на Светото писмо, туку и со зборови и со цели реченици и текстови од Светото писмо.22
Проповедите и поученијата, без разлика на каква тема се осврнуваат, во нив провејува духот и зборот на Светото писмо. Тие се градат врз содржините од Светата Библија.
Основната структура на жанровскиот систем на средновековната книжевност е изградена според текстуалниот и стилскоизразниот концепт на библиските текстови. Трансмисијата на книжевните жанрови се изведува во тесна врска со библиската традиција, при што, еден дел од целокупниот корпус на творечкокнижевниот апарат се определува како библиски жанровски систем. Библиските книжевни жанрови се одделни книги или збир на повеќе книги од составот на Библијата.23 Нивните содржини имаат практична и експресивна улога. Практичниот карактер на библиските текстови се реализира во богослужението за проповедни цели, а експресивната улога го гради книжевниот карактер на текстовите, што импонираат со духовна експликација од христијанската идеологија. Библијата е основа и за други жанровски содржини. Тие настанале врз основите на библиската традиција, која била главната ориентација да се сообразат содржините и структурите според определениот канонски концепт. Сите средновековни книжевни жанрови располагаат со парафрази и реминисценции, со кратки и опширни примери од Библијата, со цел да се рефлектира филозофскоестетската суштина на ангажираниот текст. Од старозаветните содржини произлегле сентенции што ги среќаваме кај црковните отци и кај средновековните писатели. Библиските текстови се поставени во централниот интерес на книжевноста.24
Мотивите обработени во Библијата доживуваат трансформација преку уметничките дела во скулпторството, сликарството, резбарството, а пред се во книжевноста. Не постои, речиси, земја каде што феноменот на Библијата не извршил поголемо или помало влијание врз творечкиот, книжевниот и уметничкиот гениј на човекот - творец, низ сите векови, и пред и по Христа.
Во словенскиот свет, Библијата е присутна уште од создавањето на азбуката и со првиот старословенски превод, кој беше библиски. Од библиографијата составена од Г.А. Илински, дополнета од М. Г. Попруженко и С.М. Романски, до најновите славистички трудови, зборници и одделни монографии, што се објавија при одбележувањето на 1100-годишнината од смртта на свети Методиј и од доаѓањето на свети Климента во Охрид, постојат голем број студии кои се однесуваат на одделните поглавја од Библијата и врз самиот целокупен превод на Библијата, како и во однос на општата инспирација што ја дала Библијата во книжевноста и уметноста.25
Изучувањето на Светото писмо, во душата на секој проучувач, создава блаженство. На тој начин, човековата душа се напојува со сокот на бесмртноста. Секој треба да пие од животворната вода на Светото писмо. Најпотребно е кај луѓето да се создаде љубов кон Библијата, а потоа правилно разбирање на нејзината содржина и живеење според неа. Теолозите, пак, и црковните пастири, треба својот речник со кој ќе се служат во животот, да го богатат со библиска содржина, со зборот Божји од Светото писмо. Тие се постојани проучувачи на словото Божјо и негови проповедници. Нивниот проповеднички речник треба да е библиски, нивниот живот и делување треба да се библиски, и се што прават и зборуваат, треба да е произлезено од Светото писмо. Тие треба да бидат ликови како оние од Библијата, - како ликот на пастироначалникот Христос.26 Оваа задача е и наша, бидејќи е упатена до сите проучувачи на Светото писмо - и до оние кои поучуваат и до оние што се поучуваат.27 Таков бил и учителот, епископот и проповедникот свети Климент Охридски.
Светото писмо и молитвата се најмоќните средства за осветување, прогветување, надградување, и воопшто, за правење дела на спасението во секојдневниот живот. Затоа и Господ Исус Христос заповедал да се проучува Светото писмо, нарекувајќи ги блажени "оние што го слушаат словото Божјо, и го пазат".28 Тоа е душевна храна и питие, зашто е збор Божји упатен до луѓето, зашто Светото писмо е боговдахновено и секој збор во него е прошептен од Светиот Дух. Затоа и свети апостол Павле вели: "Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата, за да биде Божјиот човек совршен и годен за секое добро дело."29
Ете, таа света Книга, според Божјата милост, ни ја предадоа во превод, своевремено, и нам, првите словенски апостоли, светите браќа Кирил и Методиј, заедно со нивните ученици и непосредни соработници, меѓу кои се најпознати свети Климент Охридски и свети Наум Охридски.
Нивното дело на просветното и на црковното поле во Македонија постави цврсти темели на верата и на духовната просвета преку востановувањето на темелите за Охридската архиепископија, како наш прв духовен центар.
1.1) Библијата како литературен вид во книжевноста
Светото писмо на Стариот и Новиот завет е специфично, своеобразно, и од таков вид, единствено литературно дело во целата литература. Тоа, впрочем, иако напишано од многу автори и во еден долг временски период, претставува ретко единство и ретка духовна хармонија, без противречности и судрувања.30 Ова е така, затоа што, всушност, вистинскиот автор на Светото писмо е Светиот Дух, третото лице од Светата Троица, Којшто ги инспирирал и раководел сите автори на книгите од Светото писмо,31 кои живееле во различни временски епохи и на разни места.32
Во Светото писмо се зборува за самите почетоци на вселената и за сите етапи на нејзиното создавање и оформување. Се зборува и за пред создавањето на материјалниот свет, иако за ова не е напишано многу и опширно, сепак, доволно се кажува и за создавањето на духовниот свет.33
Светото писмо е книга во која од Бога се откриени многу вистини, до кои човечкиот ум никогаш не би можел сам да дојде со своите сили и способности. Таа говори за улогата на Бога промислителот, не само во историјата на одделните личности, туку и за улогата на Бога -промислителот за одделните народи и за целото човештво.34 Во Светото писмо имаме предадени слики за пооделни позитивни и негативни личности. Значи, Светото писмо не зборува само за Бога и за божественото, туку тоа зборува и за човекот, за судбите човечки, за народите, за владетелите, за мудреците, за војсководците, за учените и за неуките, како и за најобичните луѓе и за нивните животни судби.35
Во Библијата, која и според етимолошкото значење на зборот, значи "книги" (τа βιβλία = книги),36 содржани се различни литературни видови.
Во нејзината содржина среќаваме прекрасни раскази, толкувања - егзегеза, параболи (ч лараРоА.ѓ|), особено во Евангелијата, како што се седумте параболи за царството Божјо во Евангелието според Матеј.37 Така, на пример, во параболата за сејачот и семето,38 се претставени различните начини на примање на словото Божјо во човечките души.
Во Библијата има и изреки, поговорки - паримии. Дури три книги во Стариот завет се посветени на овој литературен вид. Тоа се: Книгата Мудри Соломонови изреки, Книгата Мудрост Соломонова и Книгата Мудрост Сирахова. Тие изобилуваат со практични вистини и совети, проверени преку нивната широка употреба во искуството и опитот на луѓето. Изреки има и во содржината на Новиот завет, како на пример, Христовите зборови: "Со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери"39 и други.
Во Библијата има енигми - гатанки, со кои, вистината се искажува во преносна смисла, но таа е многу сокриена и треба да се открие со одгонетнување. Таква е енигмата на Самсон,40 која подоцна, во библискиот текст е разоткриена 41
Има и три книги Летописи во Библијата, кои се полни со хронолошки бележења. Такви се двете книги Летописи во Светото писмо на Стариот завет, како и книгата, Дела на светите апостоли во Новиот завет.
А книгата Послание Јереемиино, од Стариот завет, заедно со посланијата од Новиот завет (14 Павлови и 7 Соборни посланија), се прекрасна содржина на писма со значајна литературна вредност.
Во Библијата има богатство од симболи и знаци, како и виденија и пророштва. Со таква содржина има повеќе книги во Стариот завет -дури шеснаесет, а една и во Новиот завет. Се среќаваат и праобрази, и праслики, - на пример, Адам е праобраз на Христа,42 а водата при потопот на Ное е праобраз на светото крштение,43 и други.
Во содржината на Светото писмо има дури и басни, како што се: басната за дрвјата што си избрале цар и басната за ливанскиот трн и кедар 44
Во библиската содржина има многу алегории: На пример, целата книга, Песна над песните и целото Откровение на свети Јован Богослов, се алегориски. Има и метафори, како што се: За "Јагнето Божјо";45 "солта на земјата и светлина на светот";46 и други. Се среќаваат и метонимии, на пример, во Евангелието се вели: "Тогаш излезе Ерусалим и цела Јудеја...",47 место да се употребат изразите: "Жителите од Ерусалим и од цела Јудеја" или, во друг библиски текст се вели: "Со пот на лицето свое ќе јадеш леб."48 Овде изразот "пот" го означува трудот чија последица е потта, а во изразот "леб" има синегдоха, бидејќи лебот е само дел од исхраната, како што зборот "сабота",
20 кај Евреите значел и цела седмица, а и ние, исто така, зборот "недела", честопати го употребуваме со значење на цела седмица: на пример, велиме "две недели пост", а значи две седмици. Од кажаното, се гледа дека Библијата е богата со повеќе литературни видови и форми на литературно искажување.
Во Светото писмо на Стариот и Новиот завет има многу молитви, меѓу кои најпознати се псалмите, а и Господовата молитва "Оче наш...".49
А за поезијата во Библијата, можеме да речеме дека во неа има цело поетско богатство.50 Псалмите Давидови (Псалтирот) се вид на ретко продуховена поезија со која се прославува Господ Бог.51 Но, истовремено, во нив е предадена и мудроста за тоа како треба да се живее духовно. На пример, во 50-от псалм е искажана длабочината и искреноста на покајанието и длабоката вера дека Бог е милостив и им простува на сите кои искрено ќе се покајат. Би можеле да зборуваме и за различната и специфична содржина на псалмите, но со тоа би се оддалечиле од поставената тема.
И покрај својата многувековна старост, Библијата е современа и млада. Таа е непресушен извор на вечната божествена мудрост.52
1.2) Светото писмо и Светото предание, чувани, предавани, толкувани и правилно разбрани преку егзегезата на светите оци и црковни учители, искажана во нивните творби и учења
Светото писмо е збор Божји даден на луѓето за вечно спасение. Тоа е еден вид историја на спасението.
Библијата има свој центар, а тоа е Бог - Спасителот. Покрај тоа, во неа е опишан и невидливиот Бог, Кој за човечкиот разум е недостапен, па на тој начин - претставен во Библијата, ние Бога го спознаваме онолку, колку што Сам ни се открил. Во Светото писмо е изложена Божјата волја за да можеме ние да ја гледаме и да ја исполнуваме. Таму го среќаваме и паднатиот грешен човек, а и Бога Кој го спасува човекот. Го гледаме стариот и новиот човек. Во неа откриваме се што се случува во човечката душа. Ја откриваме и целта на човечкото постоење и неговото одење кон спасение или кон погибел. Библијата е најскапиот дар од живиот Бог кон човештвото 53
За да го познаеме Бога, потребно е откритие одозгора. Само Божјиот збор може да ни го открие Бога. Човековиот разум е ослабен, поради гревот, тој е поматен, ограничен и немоќен. За расветлување на Божјите тајни, на човекот му е потребна натприродна светлина.
Светото писмо е отворен светилник, но само оние што имаат духовно око можат да ја видат светлината на овој светилник и со неа да ги откријат и согледаат Божјите тајни. Затоа, пророкот Давир, се молел на Бога, велејќи: "Отвори ги очите мои, и ќе ги разберам чудесата од Твојот закон".54
Библијата е како вселената, колку подлабоко навлегуваш во неа, толку повеќе откриваш неоткриени тајни и новости, светли ѕвезди и планети.
Таа ни ги разоткрива најголемите тајни за Бога, за светот, за човекот и за вечноста. Но, влегувањето во тие тајни е допуштено за оние кои ги исполнуваат зборовите Божји, искажани во Светото писмо. Само исполнителите на Светото писмо, добро го сознаваат Светото писмо. Затоа, и сосем неписмените, кои ни азбуката не ја знаеле, живеејќи во пустинските пештери и по манастирите, станувале помудри и од најучените. Тие проникнувале и во тајните на Светото писмо, бидејќи биле просветени со Божјата светлина. Свети Тихон Задонски вели: - Светото писмо ни е дадено од Бога за наше спасение и за прославување на името Божјо, па затоа треба да го читаме, да го памтиме и да се поучуваме," односно да живееме според Божјите зборови запишани во Светата Библија.55
За да не се добие погрешен впечаток, од насловот на нашава студија, па некој да застрани со својата размисла, дека за свети Климента била важна само Библијата - само Светото писмо, а не и Светото предание, уште веднаш, објаснуваме дека Светото Божјо Откровение го сочинуваат Светото писмо и Светото предание. За сите свети оци и црковни учители, меѓу кои е вброен и свети Климент Охридски, Светото предание било значајно исто како и Светото писмо. Тоа тој го покажал и во своите творби, користејќи содржини и од Светото писмо, но исто така и од Светото предание - особено во неговото химнографско творештво, каде што ја следел црковната, светоотечка традиција на црковните оци и учители кои живееле во првите осум века - во времето кога се одржувале вселенските собори и додека Светото предание било усно, живо прераскажувано и неизменето, автентично запишувано во христијанството. Токму затоа, тоа Свето предание е добро изразено и чисто запазено во делата на светите оци и црковните учители. Повеќето од нив пишувале и толкувања на Светото писмо. Некои го толкувале целосно Светото писмо, а некои само одредени библиски текстови, кои ги употребувале во нивнитебеседи. Нивните дела се особено значајни, затоа што се строго православни и во се согласни со учењето на Црквата.
Светото писмо и Светото предание низ вековите се чувани од Светиот Дух преку светиите во Црквата. Светоотечкото богословие всушност е само утврдување и разоткривање на апостолското предание доживеано во благодатниот опит (искуство) на Црквата.56
Нивните дела не се плод на нивниот личен разум, туку плод на сеопштото искуство на Црквата, доживеано конкретно, во личното искуство на светителот преку благодатта на Светиот Дух. Затоа Црквата нив ги нарекува: богоносни оци, духовни оци, светилници на Христовата вистина, труби на Светиот Дух, тајници на Светата Троица, златна уста на Божјите зборови, очи Христови итн. Нивното богословие е богословие на Светиот Дух - "Сватылѵъ Д^холаъ Богословіе", а во Православието секогаш се сметало дека гласот на светите оци е глас на Црквата и обратно.57
Преданието на оците е божествена тајна на Црквата. Затоа ние, читајќи го Символот на верата од нашите оци, кој неповредено се чува во Православната Црква, ја исповедаме вистинската, правилна и православна, вселенска вера на оците, која е, едноставно, вистинска вера која спасува. Тоа правилно исповедање, тоа правомислие православие, го исповеда само Православната Црква, преку светите оци, до нашиве дни. Тоа е животечење на Божјото Откровение кое се чува во благодатниот живот на Црквата преку Светиот Дух, а се изразува преку Светото писмо и Светото предание.58
Со сигурност може да се рече дека светите оци се мерка и проверка на се што е православно и евангелско, бидејќи вистинско евангелско богословие бидува само со Светиот Дух и само од Него се добива и само со Него се создава и чува. Светителството, пак, на светите оци и нивното духовништво ја потврдува нивната православност, а нивната светост е гаранција за нивната веродостојност. Таков е и светиот отец наш Климент, охридскиот чудотворец.
Свети Василиј Велики вели дека само во озарението од Светиот Дух е можно вистинското богопознавање и вистинското богословие, а свети Симеон Нов Богослов, додава: "Пофалбата и почитувањето на светиите доаѓа од овие две работи: поради православната вера и добродетелниот живот и трето, поради даровите на Светиот Дух што ги имале светиите."59
Поради сето ова, за нас православните, светите духоносни оци на Црквата се единствени вистински богослови, единствени познавачи на тајните на богословието и единствени учители на вечните вистини за Троичниот Бог. Тие се наши водачи или како што вели црковната песна, "прдвослдвЃА нлстлвници или прдвослдвУА плстлвниче."60 Затоа велиме, се што не е од нив, се што не е во нивниот дух, не е православно и не е евангелско. Во Православието е цврсто она што стои врз темелите на светите оци - вели свети Теофан Затворник.61
Светите оци, живеејќи во Црквата и со благодатта на Светиот Дух, осветувајќи го своето внатрешно органско единство со Црквата, изразувале не свој систем на учење, не своја филозофија, туку го искажувале богооткриеното учење на Црквата и од Бога предадената вистина на Откровението. Тие тоа го потврдиле во догмите, во животот и во зборовите.
Богоносните оци и нивните дела имаат огромна важност во животот на Црквата, општо, и во животот на секој нејзин член, на секој вистински христијанин. Пред се, тие како живи и свети личности, без разлика дали живееле порано на земјава, бидејќи и сега живеат во небесната Црква, а такви има, кои и денес живеат и на земјава меѓу нас, со својата вистинска жива вера и со светиот живот, ни сведочат за нашиот вистински Бог, за Богочовекот Исус Христос, за вистинитоста на Неговото Евангелие и за реалноста на спасоносната искупителна Божја благодат. Тие ни ја покажуваат вистинската православна вера и догматската непогрешливост на нашата Црква. Тие ни сведочат дека Црквата е непобедлива во борбите со заблудите на еретиците, богоотстапниците и богопротивниците.
Светите оци се најверодостојни толкувачи на Светото писмо и најсигурни сведоци на Светото предание. Тие не само што ни го покажуваат патот на спасението, туку со своите животи, со своите дела, со своите чуда, со своите зборови и списи, не водат и не раководат на патот кон благодатното духовно усовршување, препородување и богоу подобу вање.
Тоа значи дека тие, со својот живот и со целокупното свое битие, најпрво сами ја почувствувале, ја сознале и ја доживеале вистината и дури потоа ја говореле и на другите.
Затоа, сознавањето на вистината, за христијаните, значи слободен подвиг на верата. Според евангелското и светоотечкото разбирање, тоа значи дека е потребен подвиг на самоодрекување и самоизлегување од својата ограниченост и огревовеност. Потребен е наш одзив на повикот од вистината, потребно е послушание на Бога.62
Колку повеќе човечкиот ум се воздигнува низ љубовта, толку повеќе Божјата мудрост - Логосот Божји се снижува низ милосрдието. Значи, љубовта е главниот духовен двигател и главниот мотив за давање и примање на вистината - за примање на вистината преку здобивањето на умот Христов. Така, значи, нашиот однос кон боготкриените вистини дадени во Црквата не е робување на некој надворешен авторитет, туку, ако сакаме да ја имаме вистината, треба да го сообразиме нашето битие и животот со самата вистина, затоа нашето следење на носителите на вистината - на светите оци во Црквата, не е робување на авторитети, туку доброволно примање на вистината, дадена во Црквите и преточена преку животот и делата на светите оци, а вистината не бара принудно покорување, туку, доброволно послушание во љубов и смирение.
Деветнаесеттото свето правило на VI Вселенски собор (Трулски) вели дека Светото писмо треба да се толкува не поинаку, туку онака како што го изложиле во своите списи, светилата на Црквата и учителите - од Бога вдахновени луѓе, светите оци кои го протолкувале, - додава епископот Игнатиј Брјанчанинов. И двете се дела на Светиот Дух Кој е ист и на небото и на земјата и во Светото писмо и во душите на оние коишто Го љубат Бога.63
Свети Кирил Ерусалимски вели дека Светото писмо е "наше спасение", а свети Иполит Римски, апостолскиот ученик, додава дека единствено духот на Црквата може да биде и е раководител во чувањето и толкувањето на Светото писмо.
Нашите предци цврсто се држеле за Бога, за Светото писмо и Светото предание и ја пазеле својата света вера. Затоа тие можеле да дадат таков придонес во општочовечката ризница на уметноста, книжевноста и племенитоста. И во слобода и во ропство, и во сите борби против злочинителите, се бранеле како луѓе Божји, верувајќи во Божјата правда и вистина, која е над се што е земно.
Македонската култура почнала да врши големо влијание врз словенскиот свет од времето на светите солунски браќа Кирил и Методиј и на светите Климент и Наум Охридските Чудотворци.64
Овде најнапред било создадено старомакедонското словенско писмо и се раширил јазикот, што не престанал повеќе од 1000 години да звучи во сите словенски храмови... Одовде дошле оние знаци и црти, со кои сите Словенски народи ги запишувале своите мисли... Одовде, почнувајќи со преводот на Евангелието и црковно-богослужбените книги од грчки на старомакедонски словенски јазик, дошла словенската писменост и литература, се зародила словенската школа и се појавиле првите нејзини учители. Светите браќа и нивните ученици ни ги дале општословенските идеали, со примерот на своето мачеништво и неуморната работа за полза на целото словенство. Сето тоа земено вкупно, го обедини словенскиот свет и ја постави еднаш засекогаш преградата против уништувањето на словенскиот род, книжевност, писменост и култура.65
Свети Климент ги учел луѓето на љубов кон другите народи, преку достојното родољубие, како што преку љубовта кон најблиските, се учиме на љубов кон другите - кон далечните. Учејќи го народот да ја сака, чува и негува својата вера, Црква, култура, јазик, име и обичаи, тој ги учел да имаат љубов и почит кон тие вредности и кај другите народи. Се трудел и правел се што може, народот да стане Црква и Црквата - народ.
Со вистинската апостолска дејност на свети Климент и свети Наум и на сите црковни дејци и трудбеници по нив, состојбата на Македонските Словени, основно и од корен се изменува. Благодарение на свети Климента и на другите учители, во познатиот Охридски универзитет се создава ново христијанско огниште, во кое, не само што се преточувале постигнувањата на христијанско, уметничко и општествено поле, туку се создавала една нова специфична концепција на она што до тогаш постоело и дејствувало кај покрстените соседи.
ПРОТОЃАКОН
Д-Р РАТОМИР ГРОЗДАНОСКИ
БИБЛИЈАТА ВО ДЕЛАТА НА
СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
PROTODEACON
RATMIR GROZDANOSKI, PH.D.
THE BIBLE IN THE WORKS
OF ST. CLEMENT OF OHRID
Скопје 2001
МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА СВЕТИ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД
Подготви: Стојанка Тежак
Друго:
http://preminportal.com.mk/content/view/5946/54/