Здравствената состојба на српскиот патријарх Павле и се поизвесниот избор на нов поглавар на СПЦ, најверојатно ќе го одложи на неодредено долгонајавуваниот старт на преговорите меѓу српските и македонските архиереи. И за оваа 2008-ма, нема сериозни најави за почеток на разговрите. Српските владици својата енергија во еден дел ја насочуваат кон идниот статус на Косово, каде всушност и се наоѓа седиштето на Српската православна црква, а во друг дел во меѓусебна битка за освојување на тронот на печката патријаршија. Тука велат нашите извори ќе има сериозна кампања меѓу двете спротивставени крила во српската црква.
Патријархот Павле веќе неколку месеци е на интензивна нега на ВМА, и сите лекарски извештаи посочуваат дека тој се почесто не е комуникативен. Но најверојатно во доменот на пропагандата, како што велат нашите извори, на приврзаниците на јовановата ПОА, не им претставуваше пречка здравствената состојба на Патријархот, за да деновиве лиферуваа наводно негово интервју во кое тој вели дека преговори меѓу МПЦ и СПЦ, нема да има се додека во Македонија не престане нивниот прогон од државните власти. Интересно е тоа што на ова интервју нема ниту датум ниту место каде и кога е направено. Ако се суди според одговорите, сосеме извесно е, велат нашите извори дека некој друг одговарал на прашањата во име на српскиот Патријарх.
Од друга страна црковни извори за Сител посочуваат дека за МПЦ најдобро би било додека ги чека преговорите со Архиереите во Белград, и оваа година да ја посвети на се поинтензивна црковна дипломатија, што минатата година ја почна со посета на Цариград и на Москва.
МАРЈАН НИКОЛОВСКИ
Посети:{moshits}