логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



На 19 мај 2009 г., игуменот на Ватопедскиот манастир на Света Гора архимандритот Ефрем беше во посета на Москва, каде што се сретна со студентите од Московската духовна академија. После предавањето, архимандритот Ефрем разговараше со студентите на различни теми.

 

Време на Православие

 Ние денес живееме во тешко време – човекот живее во „многуметежна атмосфера“, не знае од каде дошол и на каде оди. Современата Европа не се поврзува себеси со христијанството. Причината за тоа е што Европјаните примија лажно христијанство. Го отфрлаат Бог за Кого ги учат родителите и нивните души не наоѓаат спокој. Луѓето бараат нешто подлабоко, а тоа е Православието. Тие можат да се научат на Православие од оние кои правилно Го слават Бог.

Задачата на духовната школа е да го сведочи тоа Православие, по кое копнеат луѓето. Учејќи се во духовната школа треба да Му се благодари на Бог за тоа што ни овозможил да бидеме во школа со најдобри духовни традиции, да живееме во православно опкружување, насладувајќи се со надворешна слобода и, главно, со внатрешна – слободата на срцето.

 Мајката Божја – покровителка на монасите и на сите подвижници

 Посетата на о. Ефрем се совпадна со престолниот празник на обителта – денот на преподобен Михеј, ученикот на преподобен Сергеј Радонешки. Познато е дека свети Михеј бил сведок на јавувањето на Богородица на преподобен Сергеј. Јавувањето означува благоволение на Пречистата Мајка кон монасите. На Света Гора исто така се чести случаите на јавување на Божјата Мајка, при кои Таа ги подучува, утешува, крепи, вразумува браќата. Пресветата Дева особено се почитува како Покровителка на светогорците и на сите монаси. Свети Григориј Палама Ја нарекол најсовршена Молитвеничка за сите луѓе, прва монахиња после Својот Син. И не случајно, Таа, познавајќи ја полнотата на божествената благодат во молитвата, ја побарала Света Гора како удел за Себе. Таа се радува на умножувањето и духовното растење на монасите.

Но Мајката Божја се радува исто така и на спасението на сите луѓе. Изучувајќи ја теологијата, неопходно е внимателно да се однесуваме кон својот живот, за да добиеме благослов и застапништво од Мајката Божја.

 Краток преглед за духовниот живот

 Во духовниот живот е многу важно да го чуваме целомудрието и да имаме трезвеност, за умот постојано да биде насочен кон Бог, а исто така да ги пазиме заповедите Христови, во кои е сокриен Самиот Христос. Исполнувањето на заповедите ги остава настрана гревовните настроенија, кои се заменуваат со копнежот по Бог. Човекот, кој постојано копнее по Бог се грижи непрестајно да ги чува заповедите и молитвата.  

Умот на таквиот човек се просветлува од заедницата со Бог. Тој почнува да ја гледа сета своја огревовеност, но не очајува и не губи смелост, туку започнува со искоренувањето на гревовите преку покајанието. Покајанието му носи тага на срцето, но тоа не е меланхолично расположение на душата, туку радосна тага. Тогаш човекот почнува да плаче. Тие солзи се плод на Светиот Дух. Оној кој плаче со такви солзи најпрво ги одбегнува гревовите на дело, потоа гревовите со збор и со мисла. Неговиот ум се приближува кон Бог преку созерцателниот живот. Тој веќе го гледа не само својот гревовен живот, туку и божественото посредништво на Божјата промисла.

Тој се искачува од почетниот степен на верата кон посовршен степен. Секој кој го следи патот на таквата вера ќе го почувствува исполнувањето на ветувањата Христови.

 Црква

 Православната Црква не е Црква на идеологија, размислувања или философии. Тоа е Црква на духовен опит. Човекот, кој се посветил себеси на Бог, го бара Царството Божјо и неговата правда, а сѐ останато ќе му се придаде.

 Прашања поставени на игуменот Ефрем, и негови одговори:

 

За Старец Јосиф Ватопедски – ученикот на старец Јосиф Исихастот:

 Старец Јосиф Ватопедски е човек Божји. Неговиот ум толку пребива во Бог, што тој не сака да зборува за ништо земно. Тој ја посакува смртта поради преголемата љубов кон Бог.

 Во што е разликата меѓу односите на монасите и игуменот и односите меѓу студентите на духовната школа и нивните претпоставени?

 Во духовната академија не може да постои такво послушание како во монаштвото. Ректорот на духовата школа не претставува старец. Но, студентот треба да има почит кон неговата позиција и да има послушание за неговите одлуки во сѐ што се однесува на надворешниот живот. Разликата од монахот е во тоа што студентот не може да има срдечно послушание во духовните дела. Секако послушанието кон претпоставените не треба да биде лицемерно, студентот не смее да му се потсмева на претпоставениот во своето срце.

 За практиката на усното произнесување на Исусовата молитва

 На Света Гора постои таква традиција, вклучувајќи го тука и Ватопед. Тоа е правецот на старец Јосиф Исихастот. Тој кажуваше дека произнесувањето на глас му помага на умот полесно да ја восприема смислата. На монахот му помага да се сосредоточи - усното произнесување го намалува или потполно го отстранува расејувањето: „Од усните се запалува умот“. Настанува момент кога човекот повеќе не сака да ја произнесува усно, туку преминува кон посовршена форма – умната молитва. 

 Што се зборува на Света Гора за последните времиња?

 Сега е во мода многу да се зборува за антихристот. Ѓаволот напаѓа и од десно и од лево: или сугерира потполна индиферентност кон крајот на светот, или убедува дека тоа ќе се случи утре. Луѓето кои се држат до последното мислење, од сѐ се плашат. Тоа е “благоговение со духовна штета“. Повеќето такви сугестии не се по Бог. За нас последен ден е нашата смрт, за тоа треба да се грижиме. Да Му се предадеме на Христос, а Црквата, која го чува Преданието, ќе нѐ извести за антихристот и ќе ни каже што треба да правиме.

 Какви квалитети треба да има современиот пастир?

 Тој треба да Го љуби Бог. Старец Паисиј говореше: ако е свештеникот добродетелен и несреброљубив, тој ќе има успех 80%, а ако уште и Го љуби Бог, тогаш ќе има 100% успех.

 Како во децата да се разбуди љубов кон Христос?

 Со снисходење, трпение и молитва. Старец Порфириј говореше: да не им зборуваме многу на децата за Бог, тие не поднесуваат многу зборување, но треба да Му се зборува на Бог за децата. Многу полза на младите придонесува современото монаштво. За тоа има примери. Често, за кратко време од набљудување на монасите младите луѓе се обраќале кон Бог. За младите е полезно да се наоѓаат во правилна манастирска атмосфера. Не е обавезно тие да станат монаси. Едноставно тие за многу работи размислуваат.

 Духовниот живот во светот

 Ниту бракот ниту монаштвото не се цел; целта е обожението. Не постои духовност монашка и духовност световна. Сѐ што кажале светите Отци се однесува на сите. Единствена разлика на мирјаните од монасите е телесното општење во бракот. Сѐ останато е исто, сите се должни да се подвизуваат. Молитвите, богослуженијата, литургиите, исповедта, причестувањето – сето тоа важи и за мирјаните. Аскетското расположение не важи само за монасите, но за целата Црква. Има семејства во кои заедно се молат. Децата ги читаат житијата на Светителите за време на трпезата, бараат благослов од родителите, ги целиваат нивните раце. Тоа и е монаштвото.

 За послушништвото на Света Гора

 Повикот кон монаштвото е божествена промисла. Послушниците затоа и се одделуваат во посебна категорија бидејќи поминуваат низ испит. Ако монаштвото е нивниот пат – тие остануваат. Човекот може да дојде побуден од надворешни чувства, ентузијазам, и не може да го понесе монашкиот живот. Старецот е должен да го процени внатрешната, душевена состојба на послушникот.  

 Практиката на исповедта и причестувањето и молитвеното правило пред Причест

 Некои монаси се исповедаат секојдневно. Во Ватопед монасите се причестуваат 4 пати во неделата: во вторник, четврток, сабота и недела. Во останатите денови тие постат без масло, во сабота – храна со масло. Вкупно во манастирот се служат до 10 литургии во ден, затоа постои распоред на монасите кога и кој ќе се причестува. Исповедта во Грчката Црква не е поврзана со Причеста. Човекот, којшто не направил смртни непростливи гревови, нема пречки за Света Причест. Причестувањето произлегува од љубовта на срцето, копнежот на срцето. Молитвеното правило пред причестувањето во Грција е правило за Светата Причест. Во подготовката за Причест не може да има присилба. Истото се однесува и на постот. Кој ги запазил сите од Црквата востановени пости тој го исполнил својот долг, но правила кои забрануваат причестување за оние што не постеле – нема“.

 Современи чуда на Света Гора

 Блажени се оние кои не виделе, но поверувале. Неодамна се случи чудо со иконата во бугарскиот манастир Зограф, кога на чудесен начин таа била пренесена од свети великомаченик Георгиј во страничниот олтар на една од манастирските цркви... Но најважнотo чудо е самата Црква и нејзините Свети Тајни.

 Служењето на исконописецот е монашко или световно?

 Иконописот, секако, е дело монашко, а на мирјаните им се допушта по снисхождение. Иконописецот е должен да пости, да се моли и ревнува. На благочестивите мирјани не им се забранува иконопис. Во Ватопедскиот манастир работат многу мирјани, тие се занимаваат со, на пример, резби во дрво. Главното е стравот Божји.

 За архимандрит Софрониј Сахаров

 Отец Софрониј е безусловно голем угодник Божји. Некои светогорци го нарекуваат „современ Григориј Палама“. Личниот опит на општење со него сведочи за тоа дека беше благодатен човек.

 Односот кон свети Игантиј Брјанчанинов

 Во Ватопедскиот манастир се читаат неговите дела. Тоа е човек од молитва, трезвеност, „совршен светогорец“, бидејќи, Света Гора не е место, туку начин на живот. Секој што така живее може да се нарече светогорец.

    

Извор: Богослов.ру

Преземено од сајтот на МПЦ

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная