логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

image.jpg

„Критска пролет“ – I дел – Велислава Д’рева

„Критска пролет“: Соборот – ниту Велик, ниту Свет, ниту Сеправославен, ниту Собор

28 јуни 2016 лето Господово

1.

„Кога се навршија дните на Педесетницата, сите Апостоли беа заедно и еднодушни“ (Дела 2,1). Во неделата утрото, Апостолите и Пресвета Богородица се молеле во горната одаја на Сион, таму каде што некогаш била Тајната Вечера, и Светиот Дух ги преисполнил со Своите штедрости, и тие започнале да зборуваат на разни јазици, за да го следат кажаното од Исуса: „Одете научете ги сите народи“ (Матеј 28,19). И секој народ да зборува со Господа на својот сопствен јазик. Подоцна, еретиците тријазичници, поради своето човекоугодие, нема да одолеат на соблазните на властољубието, ќе ги презрат и Заветот Христов и даровите на Светиот Дух и ќе му дадат предимство на Понтиј Пилат, и првите коишто ќе ја срушат тријазичната ерес се нашите првоучители Светите Браќа Кирил и Методиј, но тоа ќе стане подоцна.

А, во онаа недела утрото се родила Христовата Црква. Затоа и почетокот на Соборот, наречен „Велик и Свет“ беше темпиран за тој ден. Како знак, барање или метафора за некаков препород, или можеби преображение – а зошто да не! – една Критска пролет за Православието...

2.

На Педесетница во Крит Православните не пребиваат заедно  и во едномислие. Четири големи Цркви откажаа да учествуваат на закажан Собор. Трите се меѓу најдревните – Антиохиската, Бугарската и Грузиската. Четвртата е најголемата – Руската Патријаршија со 108 милиони верници, во и надвор од Русија. Српската отиде со ултиматум – „Напуштаме ако не бидат разгледани приговорите на четирите Цркви!“ Нема да бидат разгледани. А ултиматумот го ставија под миндерот на Вартоломеј.

Правилникот го претвори Соборот во заложник, спречи секаква дискусија, ја прикова секоја идеја и предизвика за умот несфатлив апсурд – текстовите, усвоени без консензус од претсоборните Комисии, можат да бидат изменети единствено и само со консензус од самиот Собор, ако воопшто стигнат до пленарната сала.

Од учесниците на Соборот се бара: да се регистрираат, да молчат и да одобруваат. Да, и да се сликаат за спомен. Тие не се дури ни антички хор од трагедија на Софокле. Тие се статисти, декор, на којшто треба да блесне Вартоломеј во целиот свој сјај. Реториката е оневозможена; редактирањето на текстовите исклучено; согласноста со Фенер – задолжителна, братското едномислие – нарушено. Рамноправноста на сестринските Цркви - променета во диктатура. (Рамноправноста е исконски вродена на Православието. Таа не се губи, ниту менува, ниту исчезнува, затоа што е од Христа). Догматската основа, градивото на Православието – Соборноста (види го Символот на верата 9-ти стих!), смрзнува во ладилникот среде шишињата со бело вино.

Во отсуство на 4 од 14 автокефални Цркви, консензусот е само една претензија. Соборот го изгуби својот сеправославен статус. Соборот е делегитимизиран и обесмислен, неговите решенија нема да бидат општо православни и никој не може да принуди некаква Црква, (учесничка или не) да се придржува на таквите решенија или одлуки. Тие и така ќе потонат некаде во критските подземја на минотаурот. Но, Вартоломеј нема да стане Тезеј, бидејќи одамна ја изгубил мишката.

Така импозантно титлуваниот „Велик и Свет“ Собор, не е ниту Велик, ниту Свет, ниту Православен, уште помалку Вселенски, како што си мислат разни слаткоречиви медиумски фаци. И Собор не е. Собирањето во Крит е нешто помеѓу конгрес, конференција, советување, коктел, фотосесија и селфи на Вартоломеј. Да, и доста скапа екскурзија до една пријатна дестинација среде јунските горештини.

(Едно прецизирање за медиумите, кои торжествено објавуваат дека илјада години наназад немало Сеправославен Собор. Навистина, меѓу илјада години и 18 години има само една „незначителна“ разлика. Пред 18 години во Софија се одржа Светиот проширен надјуридички Сеправославен Собор. Тогаш расколот во БПЦ, вдахновен и финансиран од „во Бога покојниот“ седесаријат, заврши канонски. Ќе напомнам, седесаријатот го нарекуваше расколот „Прашка пролет“!)

На овој антисобор нема да бидат претставени 194. 500 000 православни. Толкава е паствата на 4-те отсутни Цркви. („Голема работа! И без нив ќе раздени! Жално малцинство!“ Напиша некако дрско анонимен форумџија, кој нашол прилика да ги исплука „рубљаџиите“, „путинистите“ и „комуњарите“. Ќе повторам 194. 500 000 илјади. Какво жално малцинство!

Антисоборот ќе ги заштитува правата на 41. 725 000 верници од останатите 10 Цркви, односно на 1/5 од Православните во Автокефалните Цркви и на 1/8 од целиот православен свет. Какво „импресивно“ мнозинство!

3.

На 11 март, Митрополит Гаврил испрати писмо до Светиот Синод, во коешто ги отфрли основните формулации во документот „односи на Православната Црква со останатиот христијански свет“. Кон писмото се присоедини и Митрополит Николај. На 21 април писмото се претвори во официјален став на Светиот Синод. На 1 јуни Светиот Синод предложи одложување на Соборот. На 3 јуни одложување предложи Руската Црква. На 6 јуни Антиохиската Црква одби да учествува. На 9 јуни одложување предложи Српската Црква. На 10 јуни Грузиската Црква одби на учествува. На 13 јуни откажа и Руската Црква.

Тоа е хронологијата.

А вака изгледа официјалниот став на Светиот Синод во контекст на православните мислители:

„Во Православната Црква под изразот ’обединување на сите‘ секогаш се сфаќало дека тие коишто паднале во ерес или раскол треба први да се вратат во православната вера и да покажат послушност кон Светата Црква, и тогаш, преку покајание, тие можат да бидат примени во Црквата“. (Официјален став на Светиот Синод на БПЦ од 21 април 2016 година).

„Оној кој не е меѓу членовите Христови, тој не може да има христијанско спасение. Може да почитува, може да прима таинства, може да пее ’Алилуја‘, може да одговара ’Амин‘, може да се придржува до Евангелието, може да има вера во името на Отецот, Синот, и Светиот Дух и да ја проповеда, но никаде надвор од Православната Црква човекот не може да најде спасение“ (Блажени Августин).

„Христијански Цркви, освен нашата Православна Црква се нарекуваат и Латинската Црква и многу протестантски христијански заедници. Но, тие не треба да се признаваат за вистинска Христова Црква, зашто не соодветствуваат на апостолското устројување на Црквата Божја“ (Св. Теофан Затворник).

„Освен Светата Православна Црква не постојат други цркви, туку единствено ереси и расколи. И овие последниве да се нарекуваат ’цркви‘ е богословски, догматски и канонски потполно погрешно“ (официјален став на Светиот Синод на БПЦ од 21 април 2016 година).

„Светата Православна Црква е ризница на богатството на спасението. Што и да ти треба за спасението, сѐ ќе најдеш во неа и само во неа. Надвор од неа и Самиот Господ не ги дава тие богатства. Немој да бараш друг пристап до Неговата ризница. Таков нема“ (Св. Пајсиј Величковски).

„Господ зборувал за една Црква, Он не рекол: ’Ќе ги изградам Црквите Свои‘, туку: ’Ќе ја изградам Црквата Своја‘ – една единствена Црква, ’а вратите адови нема да ја надвладеат‘. Само во Америка има повеќе од 200 цркви. Тие дури и не можат да се обединат помеѓу себе. Ако сите секти се нарекуваат цркви, тогаш колку цркви има? Ние, православните, веруваме во една Црква. Ние знаеме дека вистината е една, дека Христос не се разделил, дека не можат да постојат илјадници одделни цркви, дека Господ ја основал Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква“ (Св. Лука Војно-Јасенецки).

4.

Кога на Педесетница огнени јазици слегуваат од небото и Апостолите, исполнети со Дух Свети, почнуваат да зборуваат на јазиците на сите народи, и запрепастеното мноштво се чуди „што ли ќе е ова?“, тогаш се појавуваат некои лица кои „се потсмеваа (на Апостолите) и велеа: ’Се напиле со слатко вино‘“ (Дела 2, 13).

Кога Светиот Синод го објави својот став, уште веднаш се појавија неколкумина дежурни богослови, историчари, философи, новинари; плус довчерашни поддржувачи и корифеи на расколот (уште само Христофор да каже нешто – еден од расколниците во Бугарската Православна Црква); плус едно хистерично форумско незнаење. Се потсмеваа на „Синодалните кукавици“, и не рекоа „се напиле слатко вино!“, туку го изригнаа сето ова:

„Тие полуделе!“; „Ставот на БПЦ не е христијански!“; „Тоа е грев против Господ!“; „Огромен грев против вселенското Православие!“; „БПЦ е ерес! Анатема!“; „Црковна заблуда“; „Црковни лилјаци!“; „Еден е Господ и Путин е Неговиот пророк!„; „Православието е политичка патерица на Московскиот тиранин!“; „Кремљски слуги!“; „Не постои БПЦ. Има само една диверзантска група за нанесување штета со упатства од непријателска држава!“; „БПЦ му служи на антихристот!“; „БПЦ е дел од обидите за православен џихад и поход на Путин против цивилизираниот свет!“; „Московските стратези ги еродираат европските вредности преку Помесните Цркви!“; „БПЦ се сепарира/провинцијализира/самоизолира/маргинализира/ самоуби!“; „Грандиозен гаф!“; „Радикална некоректност!“; „Отстапување од Соборноста!“; „БПЦ го бојкотира/саботира/руши Сеправославниот Собор!“; „Светиот Синод е погубен за БПЦ!“; „Решението на Синодот е вдахновено од Руската Црква и им служи на интересите на Руската Патријаршија!“; „Ставот на БПЦ е формиран во Москва!“; „На нозе Бугари!!! БПЦ е опседната од ѓавол во облик на луд, низок и ќелав потполковник од КГБ!“; „БПЦ – терминатор на Православното единство!“; „Архиереите се непресметливи!“; „Синодот ја направи Црквата за потсмев!“; „Задунавски Синод!“; „БПЦ – Задунавска епархија!“; „БПЦ е Кремљски бастион!“; „Наместо крст, архиереите носат петокрака како символ на нивната вера!“; „БПЦ не е Православна, туку путинославна!“; „Не е автокефална, туку рускокефална!“; „Најдобро да ни закачат некоја схизма, за да се ослободиме од руското зло!“; итн. и слично.

И уште нѐ освестија дека Грузиската Црква е постсоветска, дека Антиохиската е базирана во Дамаск; дека двете Цркви ги носат своите одлуки под закана на руски бомбардер во слепоочницата; дека Митрополит Гавриил е полковник од КГБ (а жалниот Путин – само потполковник...)

Не можете да направите разлика помеѓу редовните форумски плукачи и титлуваните титани на разумот и мудроста? Проблемот не е во вашиот компјутер.

5.

Ако некој од авторите на овие проклетства благоволи да го прочита документот „Односите на Православната Црква со останатиот христијански свет“, ќе изнајде барем стотина забелешки против него. И ниту една од тие забелешки – ниту една! – не се разликува од ставот на Светиот Синод. И ниту една од тие забелешки – ниту една! – не доаѓа од кај Даниловскиот манастир, каде што е резиденцијата на Рускиот Патријарх (за тоа подоцна).

Напротив!

Ако БПЦ „е опседната од ѓаволот“, и уште е „терминатор на Православното единство“, е „собиралиште на ’црковни лилјаци, еретици, антихристи и престапници против Господа‘“, тогаш „терминатори на Православието, расколници, КГБ-овци, сатани, московски слуги и предводници на путинскиот православен џихад против европската цивилизација“ се и:

Светиот Кинот на Светата Гора Атонска; Целокупното монашко братство на сите 20 манастири; Атонските монаси од „Кутлумуш“, „Ксиропотам“, „Зограф“, „Каракал“, „Филотеј“ и „Григоријат“, со нивните специјални анализи за Соборот; Легендарните Атонски Старци: о. Гаврил Карејски и о. Јован (наречен Папајанис); о. Сава Лавриот (член на духовниот Совет на Великата Лавра); целата Кипарска Православна Црква, архиерејскиот Синод на Задграничната Руска Православна Црква; Учесниците на конференцијата насловена како „Свет и Велик Собор: големи подготовки, мали очекувања“ (во Грција, март 2016 година); Епископ Лонгин од Украинската Православна Црква; Професор Целенгидис (Богословски факултет на Аристотеловиот Солунски Универзитет); Професор Металинос (Атински Универзитет); Професор Зисис (Солунски Универзитет); Архимандрит Атанасиј (проигумен на Светата Обител ’Големите Метеори‘); Лимасолскиот Митрополит Атанасиј; Митрополитите на Грчката Православна Црква Јеротеј, Серафим, Хризостом, Амвросиј, Теоклит, и уште, и уште и уште толку.

Но не само тие, не!

Долг е списокот на „Кремљските слуги“ кои треба да бидат разобличени, осудени, и неизоставно одлачени!

Меѓу нив блескаат такви „еретици, расколници и православни фанатици“ како што се Блажени Августин, Св. Атанасиј Велики, Св. Пајсиј Величковски, Св. Теофан Затворник, Св. Лука Војно-Јасенецки, Св. Јустин Поповиќ... Да не зборуваме за Св. Апостол Павле кој решително тврди: „Еден е Господ, една е верата, едно е крштението“ (Ефес. 4,5).

И се разбира, главниот грешник: „Символот на верата“ односно, оние кои го формулираа – 318-те учесници на Првиот Вселенски Собор (Никеја, 325 година) и 150-те учесници на Вториот Вселенски Собор (Константинопол, 381 година).

И додека се чудев кој уште не фрлил камен по БПЦ, ете се појави во Крит архимандрит Харалампиј – расчинет, одлачен и рехабилитиран (не знаеме зошто); „Ракоположен“ од грчки старокалендарци за ’Анхијалски Митрополит‘ и издигнат за епископ на темпларите; архиереј на бутиците, модните ревии, скапите забави, на архонто-масоно-мутренските тајности и сладости, коишто ги споделува со своето пријателче Дионисиј (истиот). Се појави во Крит овој Харалампиј (така го нарекуваат црковните шегаџии), се претстави како бугарски митрополит, го рашета своето благоутробие, украсено со пропусница од Соборот, се изнаслика со кој стигна и беше срамно изгонет. Но тој ја исполни злобната „мисија“ што му беше наложена.

Извор: Бугарска Патријаршија

Продолжува

Преземено од: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7614
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная