28 ноември 2015 лето Господово
Во својот неодамна објавен материјал за арапската телевизија,221976.b.jpg либанскиот новинар Хабиб Фуани истакнува дека денес Владата на Русија се потпира на традиционалните вредности, наспроти неопаганизмот на Запад.
„За разлика од Буш, постариот, којшто во 2013 година настапи во својство на сведок при склучувањето на „брак“ помеѓу две жени, и од Обама којшто стана „сојузник, херој и икона“ на хомосексуалците, како што неодамна беше напишано на насловната страна на списанието за кое позираше, Владимир Путин од самиот почеток на своето претседателствување не отстапува од традицијата, одново и одново покажувајќи дека Русија е бастион на традиционалните вредности, спротивставен на неопаганизмот на Запад“, пишува Хабиб Фуани и продолжува „на светот совршено му е јасно зошто во текот на последните две години, меѓу Западот и Русија се води идеолошка војна“.
Набљудувачите забележаа, вели тој, дека еден од аргументите наведени од страна на Владимир Путин во врска со враќањето на Крим, беше и фактот дека Херсонес е кршталниот купел на Св. Владимир – покрстителот на Русија. Во друга своја изјава во 2013 година, пишува Фуани, Владимир Путин рече: „Гледаме дека многу евроатлански земји буквално тргнаа по патот на откажување од своите корени, меѓу другото и од христијанските вредности, кои се темел на западната цивилизација. Се одрекуваат од моралните начела и од секаков традиционален идентитет: национален, културен, религиозен, па дури и полов. Се спроведува политика којашто ги става на исто рамниште и многудетното семејство и еднополовото партнерство, и верата во Бога и верата во сатаната“.
Ова последното, според мислењето на Фуани, се поклопува со посланието „Евангелие на животот“ од страна на Папа Јован Павле II, за разлика од таканаречената „култура на смртта“ на Запад, со нејзината сексуална револуција, развратот, хомосексуализмот, феминизмот, еднополовите бракови, евтаназијата и замената на христијанските вредности со вредностите на Холивуд. И ете тоа е оној распад којшто се случува на Запад денес. Русија навреме ја забрани пропагандата на хомосексуализмот.
Во однос на исламот, пак, вели авторот, треба да се напомне и тоа дека Владимир Путин мирољубиво го прифаќа и сопостоењето на исламската религија во Руската Федерација. Доказ за тоа е и отворањето на соборната џамија во Москва, што се случи во септември 2015 година.
Извор: Православие.ру
Преземено од: Бигорски манастир