Архепископот на Петропавловск и Камчатка, г. Игнатиј, првпат служел света Литургија на Северниот Пол, 90 степени северно од Гринич, јавија руските медиуми. Богослужбата се одржа во шатор поставен специјално за таа намена, во чест на светите 12 Апостоли, и во него имало 15 верници. Кога експедицијата од православни свештеници пристигнала на Северниот Пол, температурата била минус 25 Целзиусови степени, па свештениците Литургијата ја воделе со ракавици и во топла облека под црковните одежди. Во текот на службата архиепископот Игнатиј го крстил Владислав Сквортсов, кој со овој чин станал прв човек некогаш крстен на Северниот Пол.
Извор: Дневник