Митрополит Волоколамски Иларион: се случува геноцид на христијаните
со премолчена согласност од западните држави
29 октомври 2014 лето Господово
„Во некои земји на Блискиот Исток се случува геноцид на христијаните со премолчена согласност и,189393.b.jpg можеби дури и со одобрување од страна на западните држави“, истакна Претседателот на ОВЦС, митрополитот Волоколамски Иларион, обраќајќи му се на Патријархот на Коптската Црква на состанокот со Министерот за надворешни работи, Сергеј В. Лавров.
„Ваша Светост“, рече владиката, „ од Сергеј Викторович ја слушнавте оценката за меѓународната ситуација, вклучително и за дејствијата на западните држави на Блискиот Исток. Овие акции се типични за двојни стандарди: од една страна, се прокламираат идеалите на демократијата и во името на овие идеали, западните држави се мешаат во работите на блискоисточните земји, соборувајќи го тамошниот постоечки режим, но потоа никој не води сметка што ќе биде таму, каква ќе биде судбината на тамошните христијани“.
Руската Федерација е единствената голема земја во светот која направи заштита на христијаните, како еден од векторите на својата надворешна политика, истакна претседателот на ОНЦО. „Би сакал да Ве уверам, дека нашата Црква и држава заедно се трудат околу тоа христијаните да останат во блискоисточниот регион, каде ќе живеат во мир и хармонија со претставниците на сите други религии“, рече митрополитот Волоколамски Иларион.
Во завршната беседа, владиката Иларион, од името на сите присутни му се заблагодари на Руското Министерство за надворешни работи за овозможената средба, соопштува Службата за комуникации при ОНЦО.
Извор: Православие.ру
Преземено од: Бигорски манастир