04. 08.2012 год.
Руската православна црква собра над половина милион евра помош за сиромашните во Грција
Со благослов на московскиот и серуски патријарх Кирил, Руската православна црква (РПЦ) собра над 517.000 евра наменети за сиромашните во Грција, соопшти денеска прес-службата на РПЦ.
Во соопштението се посочува дека овие средства ќе бидат наменети за „прехранување на Грците кои останаа без работа и на оние кои немаат средства за живот“.
Акцијата за прибирање средства за помош на осиромашените Грци почнала на 21 февруари.
Извор: плусинфо