СТАРЕЦ ПАЈСИЈ
Не постои поостроумен човек од милосрдниот, кој го дава земното, гнилежнотот и го купува негнилежното, небесното. Како што не постои побезумен човек од користољубивиот, кој, постојано собира и никогаш не му е доволно и на крајот со своето собирање имот го купува пеколот. Оние кои се губат во материјалните работи, на крајот остануваат изгубени, зашто Го изгубиле Христа.
Оној кој им е потчинет на материјалните нешта, секогаш е под притисок, зашто се плаши, дали ќе ја изгуби или не својата душа. Скржавецот, пак, кој од стискање ја шинал својата рака, го стегнал и своето срце и го стврднал како камен. За да се исцели треба да ги посетува несреќните луѓе, да ги види и почувствува, и тогаш ќе ја отвори својата рака и ќе го смекне своето скаменето срце, кое, така ќе стане човечко. Само така ќе му се отворат рајските врати.
Добрината го омекнува и отвора срцето, како зејтинот р`ѓосаната брава.
Оние кои им се доближуваат на страдалниците, се доближуваат до Бога, зашто Бог секогаш е присутен кај своите напатени деца.
Ревносните деца Божји, кои, на своите ближни им помагаат во носењеѕо на крстот, ќе бидат духовно поткрепени од Бога и ослободени од крстовите (искушенијата).
Оние кои мислат на големите крстови на праведниците, никогаш не се жалостат со своите ситни искушенија, зашто, иако направиле повеќе грешки во својот живот, сепак, страдаат помалку од праведниците.
Оние, кои неправедно страдаат Го подражаваат Христа и оние кои страдаат поради своите гревови, исто така, се блажени, бидејќи ги исплатуваат сметките на своите гревови уште во овој живот.
Оние, кои не сострадуваат со страдалниците, страдаат од смртоносна духовна болест, бесчувствителност. Оние, пак, кои се вознемируваат од воздишките на болните и се гневат, зашто не можат да се скнцентрираат, боледуваат од многу духовни болести.
Оние, кои вистински љубат и правилно се борат, поднесуваат сè со љубов, се жртвуваат и се одрекуваат од себеси, го успокојуваат својот ближен, кој е Христос.
Оние, кои не се поставуваат себеси на местото на своите блиски страдалници, ќе бидат оставени од Бога и тогаш ќе го доживеат својот пад и ќе научат што е тоа болка. Додека, пак, оние кои се интересираат и сочувствуваат со другите, а се запоставуваат себеси, уживаат божествена заштита и грижа.
Кога некој ќе го предаде своето срце на Бога, тогаш и неговиот ум станува обземен од божествната љубов. Тогаш тој е рамнодушен кон сè светско и постојано размислува за небесниот Отец, заљубувајќи се во божествените нешта и како ангел, дење и ноќе Го прославува Својот Творец. Ако добро размислиме, ќе видиме дека добрините Божји се сосема доволни да потресат и една славољубива душа.
Оние, кои ја чувствуваат својата грешност и се борат против неа и веруваат во божествената милост, ја издигнуваат својата душа до рајските височини.
Извор: МПЦ