Прашањето упатено на ценетиот духовник од Грузија , архимандритот Рафаел Карелин :
Како да живее лицето кое страда од ментална болест?
Одговор:
- Менталната болест не претставува пречка за вечниот живот, нервниот систем е оној кој боледува а не бесмртниот дух. Доколку особата со трпение ја носи својата болест, таа ќе му послужи за спасение.
Понекогаш со ментална болест се поврзуваат и демонските сили.
- Во овој случај потребно е да се прибегне кон молитвите на Црквата, често да се исповеда и да се причестува, а исто така да се труди да се изговара Исусовата молитва, не напрегнувајќи се премногу.
Исто така би советувал секојдневно да се чита Евангелието- тоа е најдобриот лек за душата.
Господ нека ви помогне.
Архимандрит Рафаил Карелин