логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 sv.Vasilij.Veliki.premin.jpg

Спознај се себеси


За секого од нас, полесно е да се интересира за туѓото, отколку да се загледа во сопственото. За да не се случува тоа со нас, речено е: престани усрдно да ги набљудуваш пороците на другите, не давај работа на својот разум во испитување на туѓи слабости, но запри на себеси, т.е. заврти го своето душевно око за лично испитување на самиот себеси! Проникни во себеси, спознај се, т.е. запри се не врз тоа што е твое и што е околу тебе, но врз самиот себеси: зашто едно сме ние, друго е тоа што ни припаѓа, сосема друго е она што е околу нас. Душа и ум - тоа сме ние, доколку сме создадени по образ на Создателот; телото и преку него пројавуваните чувства - тоа е наше; околу нас пак - имоти, искуства и разни други потреби за животот. Што сакам да кажам со ова? Не се концентрирај врз телото; не трчај со сета сила по телесните богатства, како на пример, здравје, убавина, наслада, задоволство и долговечност; не го почитувај за големо тоа што служи за времениот живот. Во грижите над него не биди небрежен за поценетото во твојот живот: спознај се себеси, т.е. својата душа! За неа грижи се; неа украсувај ја, та со својата будност да спречиш секаква нечистота на порокот; да ја очистиш од секаков срам и грев; да ја просветиш и украсиш со секаква красота на добродетелите. Иследувај се сам себеси - кој си ти? Спознај ја својата природа - спознај дека телото ти е смртно, а душата ти е бесмртна, дека нашиот живот е двоен - дека едното припаѓа на телото и е преодно, а другото е сродно на Духот и не знае за граници.

            Спознај се себеси и не се запирај на смртното како на вечно, ниту, пак, презирај го вечното како времено. Не се вовлекувај во плотта, зашто таа е гнилежна - грижи се за душата, зашто е бесмртно суштество. Со секакво усрдие проникнувај сам во себеси, за да умееш да го додадеш полезното на едната и на другата страна: на плотта - прехрана и покривка; на душата - догмите на благочестието, пристојно образование, вежбање во добродетели, поправање од страсти, за да не се здебелее твоето тело и за да не се лакоми за придобивки на плотта! Доколку плотта се лакоми против духот, духот против плотта и едни на други се спротивставуваат - гледај, откако ќе се присоединиш кон плотта, да не ја отстапиш поголемата власт на полошото. При поставување на тегови врз вагата, ако ја обремениш едната страна, задолжително другата ќе стане полесна, противположна на првата - така се случува и помеѓу телото и душата: излишното во едното неизбежно создава оскудност во другото. Кога телото е во добра состојба и е обременето со маснотија, тогаш духот неодоложно постанува слаб и неспособен за своето назначување. Кога, пак, душата е благоустроена и преку својот разум над духовното го достигнала својственото величие - тогаш, последователно на тоа, настапува отпаднатост во телесните сили. Постојаното надгледување над себеси, ќе ти даде и достатно раководство за познание и на Бога, зашто, ако се спознаеш себеси, нема да имаш потреба да ги бараш трагите на Творецот во устројството на вселената, но ќе ги најдеш во самиот себеси, како во некоја мала вселена и ќе ја видиш големата премудрост на Создателот.

 

Свети Василиј Велики

Извор: МПЦ

http://www.mpc.org.mk/predanie.asp

(10.11.2011)



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3124
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная