логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

sv.Efrem.Sirin4.jpgПРЕПОДОБЕН ЕФРЕМ  СИРИН  -  Молитвеник  Псалтир
Псалм 103

СТАНИ  , ОСТАРЕНА ВО ГРЕВОВИ И СО НАДЕЖ ПРИСТАПИ МУ НА СПАСИТЕЛОТ
(4,412)

Стани  душо во гревови остарена и обнови се  со покајание.
Од  скрушеноста и солзите, лек раствори си за себе  и исцели си ги раните на твојот паднат лик.   Со вапај од своето срце, откриј си ги безаконијата свои.  Зашто Себлагиот ќе те поштеди, тебе паднатата.

Си ја засакала  убавината лажна , минлива. Си ја уништила својата красота ,
ќерко на светлината.  Храмот на телото твое е унаказен од мрзеливоста во која си била заробена.
Тешко тебе бедната. Се уште ли ќе се занимаваш со она што е минливо?
 Затрепери  и ужасни се од оној оган, што ти самата  себе си го запалила  со неправдите свои.

Недоличните  гревови што си ги сторила од својата младост па до сега, ја надвисуваат главата твоја. Тие те доведоа до очајание и затоа не се трудиш да се покаеш.

Опомени се себе си дека  си поробена од страстите;  сети се дека мајката твоја  похотата ја умртви.  Како е долготрпелив кон тебе Себлагиот, а ти тонеш во гревовна мора.

Зарем не се плашиш од оној ден кога ќе се откријат раните твои и тајните твои?
Кој таму ќе те заштити. каде што секој ќе биде загрижен  за судот на самиот себе?

Страстите твои те направиле бесчувствителна, те поробиле и те оставиле.

О, надеж голема , што ни се јави на крајот на времето. Поштеди ја душата одалечена од Тебе!
Јас сум овца твоја , но долго време блудев одалечен од Тебе, служејќи му на лукавиот.
 Излези Господе и побарај ме. 
Побарај Го наследството Твое, зашто во суета сум го изарчил богатството Твое! 
Заради грешниците си го зел на себе  Крстот Свој ,  и јас сум - еден од нив: 
Не одвраќај се од мене. Ние сме Твоето  наследство, но  не покраде лукавиот. Закани Му се и отми го од него  пленот негов.

 

Преведе :   M . Даниловска



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 1185
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3446
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 8070
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

14/03/2025 - петок


Велигденски пости; (
строг пост )

Преп. маченичка Евдокија; Преп. Агапиј; Св.маченичка Антонина; (Акатист);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата преподобна маченица Евдокија 14 март/28 февруари 2025

Тропар на светата преподобна маченица Евдокија 14 март/28 февруари 2025

Праведноста на твојата разумна душа,приврзувајќи ја за љубовта Христова,те направи ученик на Словото,која распадливоста и убавинитеи временските минливости со заборав...

Тропар на св. Христов свештеномаченик Протериј патријарх Александриски 13 март/28 февруари  2025

Тропар на св. Христов свештеномаченик Протериј патријарх Александриски 13 март/28 февруари 2025

Преисполнет со духот кој кај тебе го засади Христос Спасителот, преку великиот Кирил, ти пастиру Протерие чашата милостива до крај ја испи,...

Тропар на светиот Христов маченик Агатангел Битолски 12 март/27 февруари  2025

Тропар на светиот Христов маченик Агатангел Битолски 12 март/27 февруари 2025

Следејќи го Христа на Голгота,благодатта  го исполни срцето твое,и со ревност мажествена истапи пред дверите на беззаконието,за да се врати...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Манастирски посни рецепти

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная