логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Општи прашања

 Лк. 16, 1-12: Значењето на приказната за неправедниот управник. Најпрвин својата мисла утврдете ја во тоа, дека во приказните не треба на секоја црта да ù придавате значење, туку треба да се држите до главната мисла на шриказната, на која речиси секогаш укажува Самиот Господ. На пример, Господ се нарекува Себеси крадец само во таа смисла дека ќе дојде неочекувано и незабележливо. А сите други црти својствени на крадец не треба да се земаат во обзир. Така Господ и во оваа приказна имал во предвид да укаже само на една црта, поточно, како неправедниот надзорнук, слушајќи дека го очекува отказ, не губел време, туку веднаш се загатил за работа, за да би се обезбедил во иднина. Наравоучението е слодново: ние уверено знаеме дека ќе бидеме лишени од Царството, но не се грижиме за тоа – живееме како живееме, како да не нè очекува никаква несреќа. Таква мисла изразил Господ кога рекол: синовите од овој свет се повешти од синовите на светлината. На неа треба да се ограничиме и да не се трудиме да ги растумачиме другите црти од приказната, иако би можело да се каже по нешто.
 Лк. 16, 1-9: „Воопшто не можам да го сфатам 9 стих. Таму се вели: направете си пријатели со неправедно богатство“. Наречено е неправедно зашто во неговата основа лежи измама и лага. Богатството ветува благосостојба и оние кои јурат по него, се потпираат на него. Но, ќе дувне ветар и – сите се развејуваат.
 Направи пријатели ¬–се советува – со богатство неправедно. Биди повешт... Ветувањата кои ги нуди богатството се краткотрајни и ненадежни ако тоа се употребува на раскош и на утеха. Сето тоа ќе отиде во бестраг... Почни да го употребуваш богатството во слава Божја... овде ќе го потрошиш, а во другиот живот ќе добиеш вечна благосостојба, ќе го добиеш она што богатството овде го ветува но не го дава...
 Како „се прават пријатели“? Преку делење на богатството на сиромасите. Текот на приказната наведува на мислата: во вечните живеалишта ќе прима сиромаси. Треба да се разбира вака: Господ прима во вечните живеалишта, зашто рекол: кога сте му направиле на еден од овие... Мене сте Ми направиле.
Тука може да се вида и лекција за ситуацијата кога ќе почнеш да се каеш за она што неправедно си го стекнувал. Примајќи го Закхеј Господ му рекол: врати... А кога не може да се врати? – Тогаш подели на сиромасите.
Ние не сме, ни последни кои се сопнуваат пред приказната за несправедливиот надзорник. А работата може да биде многу едноставна... Само што Бог не ни дава да гледаме со умот. Останувајќи со сопствени средства, ние пробуваме да ја решиме тешкотијата приоѓајќи час од една, час од друга страна... и не постигнуваме скоро ништо, но сепак мислиме дека сме направиле што сме можеле и дека тоа од нас е доволно...
Недоумици кај вас предизвикуваат зледните зборови Господови: Направете си пријателуи со богатство неправедно, за и вас кога ќе осиромашите да ве примат во вечните живеалишта (Лк. 16,9). Не е тешко да се направат пријатели на тој начин, но да се успее заради тоа во вечните живеалишта, тоа без сомнеж тешко дека е возможно. Зашто таму сè е од Господа, а Тој не трпи ни најмала сенка на неправда. И напорите преку неправедно богатство да се стекнат пријатели стануваат залудни. Но во текстот сепак стои „неправедно богатство“... како средство за добивање на вечните живеалишта. Овде очигледно е потребно да се сфати какво е тоа неправедно богатство кое дава плод сосема поинаков од својата природа. Вие во Москва сте чуле дека оваа недоумица се разрешува со допуштање на претпоставката дека преводот не е точен. Но преводот е точен и тој никогаш не представувал тешкотија. Во сите преводи се спомнува неправедно богатство (или “на мамонот на неправдата“; мамон – божество, т. е, демон на богатството). Вие оправдано сте забележале дека тешкотијата со тоа не се отстранува, а се појавува многу опасна мисла за неточноста на преводот. Треба да се задрже изразот „неправедно богатство“ и преводот да се смета за точен, па да се побара некое друго, колку – толку задоволувачко решение на недоумицата. Го понудивте следново решение: зарем не мислел Спасителот тука на цариниците, кои богатството го стекнале со очигледни и општопознати неправди, па им предложил како да се избават од вечната пропаст? Иако целата приказна била наменета на учениците (Лк. 16, 1), ова сфаќање може да се допушти, зашто Господа го слушале сите. Го прифаќаме тоа сфаќање, и проширувајќи го неговото значење, да допуштиме дека Спасителот тука немал на ум само одредени лица, туку мислел на сите – на богаташите од сите видови и од секоја доба, кои знаат дека нивното богатство, целосно или делумно, е стекнато неправедно. Господ на сите неправедни богаташи им понудил начин да ја избегнат вечната несреќа. Еве како та изгледа во зборовите на Спасителот. Неправедниот надзорник, гледајќи дека е разоткриен, дека се наоѓа во крајна невоља и опасност да западне во беда, се досетик како да се избави од невољите и тоа по неправеден пат. Но, откривајќи ја снаодливост, домаќинот го пофалил за толку вешто решавање на својот проблем. Спасителот појаснил дека тука нема ништо чудно, зашто работите стојат така, што синовите на овој век биваат помудри од синовите на светлината во својот нараст, во кругот на своите дела, по својот дух. Но Тој Својата мисла веднаш ја насочил и на синовите на светлината, кои допрва треба да станат такви, зашто на дело не се. Меѓу овие кои бараат, некои може да се наоѓаат во приближно слична состојба како и неправедниот надзорник, то ест, во состојбата на оние кои неправедно стекнале имот и свесни се дека им нема спасение, па би сакале да знаат како да се избават од несреќата да бидат осудени заради нсправедливото богатство. На кој начин можат тоа да го направат, им укажува Самиот Спасител кога вели: И Јас ви велам... Тој неправеден надзорник успеал да се избави од она што се смета за несреќа спрема духот и сфаќањата на овој свет... а Спасителот нуди начин како да се избават од несреќите, не по духот од овој свет, туку по други закони: направете си пријатели со неправедно богатство. Неправедното богатство претворете го во начин за добивање на пријатели не во овој, туку во идниот век, па тие ќе ве примат таму во вечните живеалишта... Неправедниот надзорник во овој век си стекнал пријатели со неправедно богатство, а вие задобивате пријатели за идниот век. Тој добил живеалиште само за овој век, а вие ќе добиете живеалиште за вековите на вековите. Тој стекнал пријатели по неправеден пат, а вие ќе ги добиете по праведен, благословен одозгора и со тоа ценет кај Самиот Господ, Кој е Разделител на вечните живеалишта. После Закхеј, делувајќи на овој начин, е признаен од Господа за чедо Авраамово. Вакво објаснување изгледа прифатливо. Тука сите зборови остануваат во своето значење и алегоријата не се претвора во слободно толкување. Изгледа дека самата цел на приказната се состоела во тоа. Богатството е неправедно зашто е такво по самата своја природа: тоа измамува со лажни надежи, пред сè со надворешниот изглед... Од огромното богатство не останува ништо, туку сè се распрснува во прав. Спасителот предложува тоа непостојано богатство да се претвори во нешто што е вредно, а лесно се постигнува: дајте го на сиромасите, па тоа така ќе стане ваша вечна своина, ќе представува ваше богатство... Вакво сфаќање на богатството држеле возвишени умови: блажени Августин, Амвросиј Медиолански, а изгледа и Григориј Велики.

 

 bogorodica.k.dol.jpg

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 

   Св.Теофан Затворник : 1.Молитвата – дишење на духот (Речник на христијанскиот живот - 69)


 Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Подготви: Златко  Дивјаковски

 

Друго:Житие на свети Теофан Затворник

 

 


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3139
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7619
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная