логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Преподобен Паисиј Величковски

TViTer293
 
На духовното делање, преподобниот Паисиј (Величковски) се научил на Атон, лулката на аскетското просветување, коешто му недостасувало на старецот во руските манастири и молдавските скитови. Но, и Атон во тоа време бележел голем пад. Посетувајќи ги монасите, преподобниот барал за себе духовен отец – раководител, но не пронашол и затоа пребивал сам, поминувајќи го животот во голема строгост. Постепено околу преподобниот Паисиј почнале да се собираат монаси кои сакале строг аскетски живот. Преподобниот Паисиј, советувајќи се со своите браќа, од манастирот Пантократор ја купил старата ќелија посветена на свети пророк Илија и повторно го создал Илинскиот скит.  

           Монасите овде изградиле црква, трпезарија, пекара, гостоприемна и шеснаесет ќелии. Старецот немал намера братството од шеснаесет души да го зголемува и затоа изградил шеснаесет ќелии. Славејќи Го Бог, монасите со радост се населиле во своето ново прибежиште. Многумина од светогорските браќа и од новодојдените, кога го виделе таквиот богоугоден живот на братството на Паисиј, усрдно го молеле Старецот да ги прими во своето стадо. Старецот бил принуден да ги прима. Ќелии за новодојдените немало, но тие граделе ќелии при камените карпи под првите ќелии.

           Сите заедно се труделе, а и самиот Старец преку денот правел лажици, а преку ноќта не спиел повеќе од три часа и се занимавал со превод на светоотечки книги од грчки на словенски јазик, како и со поправање на древните словенски текстови. Од еден од своите браќа – Макариј, тој се научил не само на разговорниот новогрчки јазик, туку и на древниот книжевен. Освен скитското братство, многу светогорски монаси од другите обители биле негови духовни чеда. Дури и Свјатејшиот патријарх Серафим, кој живеел во манастирот Пантократор, неретко го посетувал Старецот за духовни беседи – понекогаш доаѓал пеш, а понекогаш на осле. Често, патријархот и постарите монаси во Пантократор го повикувале Старецот за служење на Божествената Литургија. Старец Паисиј секогаш служел со длабоко смирение, побожност и солзи. Неговото служење толку ги трогнувало сите, што некои од изобилни чувства и солзи не можеле да продолжат со службата и излегувале на некое време од црквата за да се успокојат. Плачеле речиси сите, а плачел и старецот-патријарх со трогнато срце, говорејќи: „Слава Богу! Слава Богу!“

          Братството на преподобниот се повеќе и повеќе се умножувало, и обителта веќе станала претесна. По совет на светогорските монаси, преподобниот Паисиј половина браќа ги преселил во запуштениот Симонопетра, но Турците го запреле да отиде оттука: тие зеле од него седумстотини левови за да се исчисти долгот на манастирот, а сакале и уште да земат, и затоа Старецот останал уште три месеца. Тоа збиднување било и повод преподобниот Паисиј и неговите ученици да ја остават Света Гора и да преминат во Молдо-Влахија, прво во Драгомирна, а потоа, по Руско-турската војна, кога дел од молдавската земја преминала кон Австрија, во Њамцкиот манастир.

           Времето на пребивање во Молдо-Влахија било кога веќе Старецот, очигледно за сите, се појавил во величината на својот старчески опит и кога светлината на Њамцката лавра почнала да ја осветлува цела Русија. Самата личност на Старецот многу влијаела врз сите, а самото негово присуство ги воодушевувало на подвиг. Тој бил преисполнет со благодатните дарови на Духот, со премудрост и разум, совети и крепост, духовно раководство и благочестие. Преисполнет со голема љубов кон ближниот, тој бил тивок и мирен, кроток, долготрпелив и детски незлоблив. Смирениот изглед на преподобниот Паисиј сјаел со чистотата на целомудрието и самото лице на Старецот сјаел со одблесок на небесната слава. При неговата пламена молитва, во тоа време се случувале многу чуда од иконата на Божјата Мајка.

           Целиот живот на Старецот бил посветен во служење на монаштвото. Заслугата на преподобниот Паисиј се состои во тоа што тој со својот пример и со примерот на своето братство ги обновил древните темели на монашкиот живот – Исусовата молитва, духовното, аскетско просветлување, општожитието и старческото раководство на почетниците со откривање на помислите, на коишто монаштвото процветало. На тие основи било и создадено братството на преподобниот Паисиј, кое броело неколку стотици монаси. На братството тој самиот му бил пример и го раководел во текот на многу години, и успеал да воспита такви подвижници кои по неговата смрт се јавиле како обновители на монаштвото по цела Русија.

Старецот имал и друг подвиг, подвиг на преведување на аскетска литература на руски јазик, односно, самиот извор на монашко просветување. Навистина, и до преподобниот Паисиј имало преводи на неколку аскетски дела од древните Отци на монаштвото, но тие преводи веќе станале ретки и што е најважно, биле заборавени во практичниот живот. Многу труд, сила, здравје, време и средства потрошил на тоа преподобниот Паисиј, а поради тоа научил и старогрчки јазик. Времето на Света Гора било претежно време на собирање ракописи, а животот во Молдавија било време на превод и примена во животот на учењето на Светите Отци. Од преводите на Старецот биле составени прирачници за монасите: „Добротољубие“, „Лествица“, како и „Поуките на преподобен Исаак Сирин“. Старецот, со своите преводи и примената на отечките аскетски поуки во секојдневниот живот, го обновил руското монаштво. Неколку дена пред смртта тој сe уште ги читал и поправал преводите. Исполнувајќи го својот голем призив и достигнувајќи длабока старост, Старецот се приближил до смртта откако претходно четири дена бил болен. Старецот се упокоил на 15/28 ноември 1794 година.

Тропар
Туѓинец беше на земјата, небесната татковина си ја достигнал, преподобен оче Паисие, на добротољубието подвижниче, верните си ги научил умот кон Бога да го возведуваат, и со срцето кон Него да повикуваат: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот!

 

Друго:

Преподобен Паисиј Величковски: Молитвата во трезвеното срце е чувар на умот...

 За страстите и погубните пороци и што од што се раѓа 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная