логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

SV.Jovan.Kronshtatski

Што ми е потребно?


Ништо на земјава не ми е крајно неопходно. Што ми е потребно? Потребен ми е Господ, потребна ми е Неговата благодат, Неговото Царство во мене. На земјата, местото на моето прогонство, на моето привремено учење, нема ништо мое, сопствено, сѐ е Божјо и сѐ е привремено, наменето за привремено користење од мене. Што ми е потребно?

Потребна ми е вистинска, христијанска, жива, дејствителна љубов, потребно ми е срце кое љуби, жали за ближните, потребна ми е радост за нивната благосостојба, тага за нивните маки и болести, за нивните гревови, слабости, недостатоци, несреќи, сиромаштва; потребно ми е топло сочувство, искрено во сите околности на нивниот живот, радување со оние кои се радуваат, плачење со оние кои плачат.
Доста ми е од самољубие, егоизам, настојување да се живее само за себе и сѐ да се приграбува само за себе: и богатството, и задоволствата и славата на овој свет, да умирам, а не да  живеам, да страдам, а не да се радувам, носејќи го во себе отровот на самољубието, кој во нашето срце непрестајно го долева лукавиот.
Господи, Ти гледаш на моето срце, на неговото движење и на овие редови! Подај ми го ова што го барам од Тебе! За тебе сѐ е можно. Подари ми го вистинскиот живот, отстрани го мракот на страстите, со Твојата сила избркај ги!

 
Свети Јован Кронштатски

 

Филип Пепоски

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4032
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3416
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3248
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…