Свети Максим Исповедник
Откако ќе се удостоиш со возвишените божествени созерцанија, најмногу грижи се за љубовта и за воздржувањето, за да го запазиш страсниот дел од твојата душа неразбрануван. Тогаш во душата твоја ќе имаш непрестајна светлина.
Раздразнителниот дел на душата зауздувај го со љубов; пожелниот – умртвувај го со воздржување, а мисловниот – со молитвата, такашто светлината на умот нема никогаш да се помрачи во тебе.
Љубовта и воздржувањето ја ослободуваат душата од страстите. А читањето и богомислието го избавуваат умот од незнаењето. Стоењето пак, на молитва го поставува оној што се моли – пред Самиот Бог.
Оној кој го вежба својот ум за свештени подвизи и ги прогонува од себе страсните помисли врши ѓаконска служба; соодветен на свештеник е оној кој го просветува умот со познанието на постоечките нешта и го уништува лажното знаење, а епископско дело врши оној, кој го прави својот ум совршен помазувајќи го со светото миро на познанието на Светата Троица, на Која ѝ се поклонуваме.
Подготви: Т.С.