логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


    

Hristos.pricestuva.jpg


Не бидете мрзливи, туку пристапувајте ѝ на чашата на Животот, Бесмртноста, Љубовта и Светоста со страв од Бога и вера. А кој не сака и не се грижи за тоа, тој не Го сака Исус Христос и нема да Го добие Светиот Дух, и, со самото тоа, нема да влезе во Небесното Царство.

                                                                                                             св. Кипријан Картагински

И како тие во своите срца да ја запалат Божјата љубов, духовната радост, Божјиот мир и останатите плодови и дарови на Светиот Дух, ако не се причестат со Телото и Крвта на возљубениот Татков Син, Едносуштен со Светиот Дух, Кој, според зборовите на апостолот е вистинска радост, наш мир, и извор на сите богатства? Јас се  чудам, како денес христијаните можат да ја празнуваат неделата или другите празници во годината и духовно да се радуваат на вистинската радост, ако редовно не се причестуваат, кога тоа е причината за празникот и празнувањето?

                                                                                                                  св. Григориј Богослов

Како ќе успеат да го изгаснат пламенот на страстите, ако не се причестуваат со Непорочните Тајни, кои ја оддалечуваат слабоста, ја смируваат битката со плотта и ги умртвуваат страстите? И затоа, точно е дека тие, кои редовно не се причестуваат ги пропуштаат Божјите и небесни богатства. Притоа, како што и порано сме кажале, тие не ги исполнуваат Господовите заповеди и правилата на Соборите... Оставајќи ја причеста, тие му даваат слобода и место на демонот да ги наведува на разни гревови и искушенија.

                                                                                               св. Кирил Александриски


Никогаш немој да отстапуваш од причестувањето со Христовите Тајни, туку пристапувај им често, бидејќи тоа демонско дејство во тебе се појавило поради тоа што не си се причестила пет недели, па затоа демонот си нашол место во тебе и се разлутил.

                                                                                                                 преп. Макариј Велики

Значи, љубен мој, ако сакаш да ја запалиш ревноста за Бога во своето срце и да ја здобиеш љубовта кон Христос, а со неа и сите останати добродетели, често пристапувај на причест и тогаш ќе се насладиш со Оној што Го сакаш. Невозможно е некој да не Го засака Христос и да не биде Негов љубен, ако редовно се причестува со Неговите Свети Тело и Крв. Тоа се случува на толку природен начин.

                                                                                                         преп. Никодим Светогорец

Ако нашиот живот е во Христос, и Тој вели, дека во Него е оној што ги јаде Неговите Тело и Крв, тогаш како да не се причестува често оној што го сака животот? Вам некој ве спречува почесто да се причестувате? – Обично маловетието. За нас зборовите: „Со страв од Бога и вера пристапете“ станаа формалност. Нѐ повикуваат, а никој не пристапува... и никој, освен тоа, не ја забележува недоследноста и дисхармонијата помеѓу ова неотповикување и повикот од Бога... на вечера со Него.

                                                                                                                  св. Теофан Затворник

 

Извор: МПЦ-ОА



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная