Блиску до некој град живеел затвoрник кој имал дар на проникливост. Во тој град имало една блудница, позната на сите негови жители. Еднаш затворникот видел светол пат, како се простира кон небото од женскиот манастир, кој се наоѓал во градот, а по тој пат оди душа во голема радост, водена од ангели и се приближува кон Небесните двери. Тој го испратил ученикот во манастирот за да дознале кој таму се упокоил.
По враќањето, ученикот донел вест дека во манастирот никој не се упокоил, туку, пред вратата на манастирот одненадеж починала познатата блудница, која од градот дошла таму. Во недоумица, затвореникот почнал да Му се моли на Бог, за да му го објасни видението. ''Точно - гласел одговорот Божји на светиот старец - ти ја виде душата на жената, поранешната блудница, како се качува кон небото. Таа донесе цврста одлука да се покае и да се поправи и појде во манастирот, одлучна да остане во него. Тоа што се упокои пред вратата на манастирот, не успевајќи да ја исполни својата намера, е според волја Божја, но Бог, нејзината намера ја прими како дело'.
Преку оваа приказна ние на дело гледаме исполнување на евангелските ветувања.
Блудницата, која паднала пред нозете на Спасителот и љубовта кон гревот ја заменила со љубов кон Бог, слушнала:
„Ѝ СЕ ПРОСТУВААТ МНОГУ ГРЕВОВИ, ОТИ МЕ ВОЗЉУБИ МНОГУ“ (Лука 7, 47).
Свети Игнатиј Брјанчанинов
Манастир Свети Гаврил Лесновски