логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


СВЕТИ ГРИГОРИЈ ОД НИСА
ЗА БЛАЖЕНСТВАТА
Шесто слово
Блажени се чистите по  срце, зашто тие ќе  Го  видат Бога  (Мт. 5; 8).
 
Она  што е природно да го почувствуваат оние  кои од некој врв гледаат   на широкото море, го почувствува и умот мој,  кога,  како од  врвот  од некоја гора,  оваа изрека Господова  го распространи својот поглед  кон неискажливата длабочина на мислата.
 Во  многу приморски места може да се  види , една полувсечена планина со крајбрежен дел, која од подножјето до врвот се распростира по права линија, додека нејзиниот горен крај,  приклонувајќи се на висината,  над бездната се надвил.

Она, што природно му се случува на оној, кој стоејќи на голема височина, гледа во морето во длабочината, така и мене ми кружи душата сега,  доведена  во недоумица со оваа голема изрека Господова.


Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе го видат Бога.
Бог се појавува пред очите на оние, кои го очистиле срцето. Меѓутоа, како што вели Великиот Јован,  Бог , никој не го видел никогаш (Јн 1; 18).
Тоа го потврдува и Павле  со своето  возвишено разбирање , кога вели:
 Кој никој од луѓето не го видел, ниту може да го види
 (1. Тим, 6;16)
За Него и Мојсеј  тврдел  дека   на  оној кој  што има намера да го пренесе учењето за Бога , Он е недостапен,  зашто разумот наш никако не може  да Му се приближи , заради  одлучното  одбивање од секоја можност  да го појмиме.


 Мојсеј вели дека е невозможно да го видиме лицето Господово и  да останеме живи (в. 2, Мојс.  33; 20).
 Меѓутоа,  видувањето на Бога значи живот вечен, додека овие столбови  Павле, Јован и Мојсеј  тврдат дека е тоа невозможно.


Го гледаш ли кружењето , која ја привлекува душата во длабочината на она , што е искажано?
Ако е Бог живот, тогаш оној, кој не го гледа Него , нема ниту животот да го види. А дека е невозможно да се види Бог, за тоа сведочат богоносните пророци и апостоли. На што тогаш се потпираат човечките надежи?


 Господ, меѓутоа , ја закрепнува паднатата надеж , како што постапи и со Петар, кога се заканила опасноста да потоне и кога повторно го постави на цврста вода,  која што не тоне под притисок  на ногата.


 Спрема тоа, ако кон нас  се испружува раката на Логосот , тогаш и оние , кои  не стојат цврсто во созерцанието , ќе ги постави на  цврста мисла , и ние без страв и цврсто  ќе се придржуваме кон Логосот Кои нас не раководи, зашто е речено:  Блажени се чистите по срце , зашто тие ќе  го видат Бога.


Ова ветување  е такво,   што ја надминува секоја граница на блаженствата. Дали некој после такво богатство , ќе посака било што друго,  кога во тоа, што видел има се`?


 Имено, спрема употребата која е вообичаена во Писмото,  да видиш, значи исто, како и да имаш.
Ќе ги видиш Ерусалимските добра (Пс. 127;5) ,
што во Писмото  значи: ќе најдеш.


 Спрема тоа, оној  кој го гледа Бога ,  има се` што се  се подразбира под  богатство: вечна непропадливост,  бесконечен живот, бесмртно блаженство,  бесконечно царство, непрекината веселба, вистинска светлина,
 духовна и слатка храна, недостапна слава, бескрајно радување и секое богатство.


Заради тоа е толку важно, она што во ова блаженство му се нуди на нашата надеж.  Бидејќи за видување на Господа е неопходно да се поседува чистотата на срцето , мојата мисла повторно, повторно бидува немоќна;
  дали е таа чистотата на срцето, нешто што за нас е невозможно и што ја надминува нашата природа?
 Ако на овој начин може да се види Бог, а ако Мојсеј и Павле не го виделе Бога и тврдат дека ниту тие самите , ниту било кој друг не може да го видат, тогаш, како што изгледа,  она што ни го донесува  изреката за блаженството  е нешто невозможно?
 
Значи, каква ни е ползата  од познанието, како да го видиме Бога , кога за тоа видување  нема можност?
Зарем Господ  го заповеда она ,  што е надвор од нашата природа и што со големината на заповедта ја надвишува мерата на човечката сила?


 Не. Он не им заповеда на оние кои немаат перја да постанат птици,
 ниту на оние кои што ги насели на копното, да живеат во вода.


Ако  за сите други  законот е  сообразен со силите на оние на кои им е даден, тогаш, ниту она на што се укажува во блаженството, не е безнадежно.
Ниту Јован, ниту Павле, ниту Мојсеј , ниту уште некој  на нив сличен , не биле лишени од ова возвишено блаженство, т.е. гледање на Бога.
 Не беше лишен оној  кој рекол:
понатаму ме очекува венецот на правдата,  што ќе ми го даде во оној ден Господ, праведниот Судија (2. Тим. 4; 8), ниту  оној,  кој што лежел на градите Исусови, ниту пак оно,ј кој го чул гласот :
Те знам по името (2. Мојс. 33;17).


Kaко е значи возможно да говорат вистина оние ,  што согласно со Павле, велат дека видувањето на Бога  е  невозможно и притоа да не  им противречи  Словото Божјо, кое вели дека  чистите по срце ќе го видат Бога?
 
Ми се чини дека предложеното мораме да го разгледаме по одреден поредок и дека ќе биде добро ако на почетокот изложиме кратки расудувања за ова. Природата Божја, самата по себе , по својата суштина се наоѓа над секое размислување.


На луѓето не им е откриена никаква можност да го појмат , непојмливото, ниту е измислен било каков начин  да го сфатат – несфатливото. Поради тоа, великиот Апостол и кажува дека патиштата Господови  се  неиспитани,
 (Рим.  11, 3),  означувајќи  со   тоа дека на овој пат  кој води кон познанието   на Божјата суштина, не можат да се воздигнат  ниту  човечките помисли.


Оној, меѓутоа, Кој што е над  секоја природа,  Кој што е невидлив и неопислив, во друг поглед, бива , видлив и појмлив. Начини  за тоа поимање, има многу. Врз основа  на премудроста која што ја гледаме во вселената, можеме, во загонетки, да Го видиме Оној, Кој што преку Премудроста се` создаде.


 Ако расудуваме за причината на нашиот живот и за тоа дека Бог  кон создавањето на човекот  не му пристапил заради нужноста, туку заради благоволението, тогаш и на тој начин ќе можеме да го вивиме Бога, односно Неговата добрина да ја појмиме , а не, суштината.


Така и се` останато  што не води кон поимањето на  подоброто и на повозвишеното, слично на ова, го нарекуваме поимање на Бога, зашто секоја возвишена мисла Го претставува Бога.


 И моќта, и чистотата , и непроменливоста и несоединувањето со спротивноста, и се` на тоа слично , врежува во душата  претстава  за некој возвишен и божествен поим.  Од она што е речено, се открива дека Бог е Вистинит во Своето ветување и дека чистите по  срце , ќе Го видат Бога.


 Од друга страна, не лаже ниту Павле, кога со своите зборови тврди дека  никој не го видел, ниту може да Го види Бога, зашто, Оној Кој што е невидлив по природа , станува видлив според дејствата.


Смислата на она , што е изречено за ова блаженство , не се ограничува на тоа дека  врз основа на некое дејствие , може нешто да се заклучи нешто за оној кој што дејствува. 
И на мудрите на овој век им е достапно, дека врз основа  на устројството на светот,  задобиле некое познание  за возвишената премудрост и сила. Ми се чини дека  големината на блаженството му советува нешто друго на оној кој е способен да го прими ова и да го види посакуваното.


Оваа мисла ќе ја објаснам со примери. За човековиот живот здравјето претставува некое богатство. Меѓутоа, не е доволно само да знаеме за здравјето, туку е потребно и да го имаме.
Заради тоа, така ќе ја разбереме и оваа изрека. Господ не вели дека богатство е да се знае нешто за него, туку да се има Бог во себе.


Блажени се чистите по срце, зашто тие  ќе го видат Бога , но не како некој призор, кој ќе се појави пред оние што го очистиле душевното око. Возвишеноста на оваа изрека ни го претставува она истото што Логосот го рекол на друго место:
Зашто царството Божјо е во вас внатре (Лк. 17; 21).


 Оттука,  можеме да научиме  дека очистувајќи го срцето од секоја  твар и секое страсно расположение, во својата сопствена убавина можеме  да го видиме  образот на природата Божја .


И мене ми се чини дека во оваа кратка изрека ,  Логосот го дал следниот совет:   „Сите вие луѓе, ако имате желба да го видите  вистинското богатство  не паѓајте во безнадежност, кога ќе чуете дека Божјата преубавина  повозвишена од небесата , и дека е  неискажлива славата Божја , неописива убавина , а природата неопфатна, зашто , ете, не можете да го видите посакуваното.


 Ти поседуваш мерка за поимање на Господа , Кој што те створи така, што во твојата природа  го остварил тоа богатство.  Тој во твојата природа го втисна подобието на богатството на  Својата сопствена природа.


 Порокот , меѓутоа го направи тоа богатство бескорисно и му ги заагли Боголиките црти. Ако преку ревносен живот ја испереш нечистотијата  која што падна на срцето твое , во тебе повторно ќе заблеска Боголиката  убавина“.

„ Кога од внатрешниот човек, кој што Господ го нарекува срце,  ќе биде исчистена  `рѓата на нечистотијата  која на неговиот лик (образ) после  лошата љубов , тој  повторно ќе се здобие со прволикото подобие  (праобразот) и ќе биде добро, зашто и она што е подобно на доброто, несомнено, е добро.


Значи, оној кој што се гледа себе си , ќе го види и посакуваното.  На тој начин, оној, кој што е чист по срце, ќе постане блажен, зашто гледајќи ја сопствената чистота, во тој образ (лик) го гледа и праобразот  (прволикот).


Значи, несомнено е дека по очистувањето на срцето човекот станува блажен. Меѓутоа, чистењето на срцето од она што го осквернавило рамно е на возвишувањето на небесата. Ќе се најде ли некоја Јаковлева лествица или некоја огнена кочија, која ќе го вознесе на небо, исто како пророкот Илија?
 Начинот на кој што може да се очисти срцето може да се запознае од речиси секое еванѓелско учење.


Поделувајќи ги пороците  на два вида, на оние што се гледаат на дело и на оние што се извршуваат во мислите, Господ, првиот вид  т.е. неправдата на дело,  ја казнува  според Стариот Завет. 
Заради тоа во Своите заповеди, на секое од забранетите  дела му спротивставил и посебен лек. Тој најнапред ја исцелува страста на гневот, потоа страста на сластољубието, искоренувајќи ја од срцето страста на прељубништвото.


Господ исправа сè по ред, востановувајќи закон против секој вид порок. Ќе откриеш дека, со секоја заповед, зборот од длабочината на срцето ги отстранува лошите корени и со тоа го очистува од трњето што во него нараснало.


 Ако, по твое мислење, ревноста за добро е тешка, тогаш направи споредба со спротивниот живот. Доколку не мислиш за сегашниот, туку за оној што ќе биде потоа, ќе видиш колку е потежок порокот.


На оној што слушал за геентаа нема да му биде тешко да се оддалечи од грешните наслади. Напротив, ќе му биде доволен стравот, кој завладеал со мислите, за од себе да ја оддалечи страста.


Дознавајќи, значи, како во нас се формира порок и добродетелен живот и дека, по слободна волја, ни е дадена власт и над едното и над другото, ќе се вардиме од ѓаволскиот лик и ќе го отфрлиме тоа гадно оличување, прифаќајќи го образот Божји.
 
Да постанеме чисти во срцето, за да бидеме блажени, штом во нас со чистиот живот ќе ни се покаже образот Божји, во Исуса Христа, нашиот Бог.
Нему нека му е сила и слава во вековите на вековите.Амин.


Преведе: Мирјана Даниловска
 
 Извор:   http://verujem.org/sveti_oci/grigorije_niski_blazenstva_06.htm

 

 Друго:

 

 vozdvizenie.jpg

Свети Григориј, епископ Ниски

Брат на Св. Василиј Велики. Најпрво беше презвитер, зашто беше оженет, а кога умре жена му, блажената Теозва, го избраа и го посветија за епископ во Ниса. Се одликуваше со огромна светска ученост и духовен опит. Учествуваше на Вториот Вселенски Собор. Се мисли дека тој го составил вториот дел од Символот на Верата. Голем беседник, толкувач на Светото Писмо и богослов. Заради поразот што го претрпеа од него, аријанците се имаа особено наострено против него како кон страшен противник, па во времето на царот Валент, нивен едномисленик, успеаа да го симнат Свети Григориј од епископската столица и најнакрај да го протераат во прогонство. Во прогонство тој помина осум години трпејќи секакви беди и понижувања. Најпосле се упокои во длабока старост, на крајот од 4 век, и се пресели во Царството Божјо, останувајќи големо светило на Црквата низ вековите.

 http://preminportal.com.mk/content/view/11383/159/

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная