Еден човек, по обичај, појде кај берберот за да си ја скрати косата и да го избричат. Тој започна разговор со берберот. Зборуваа на различни теми и одеднаш разговорот се сврте кон темата за Бог.
Берберот рече:- Што и да кажете, јас не верувам дека Бог постои.
- Зошто? – праша човекот.
- Тоа е едноставно. Доволно е само да излезеш надвор и веднаш ќе видиш дека Бог не постои. Еве кажете, ако постои Бог, зошто има толку болни луѓе? Зошто толку многу сирачиња? Ако Тој навистина постоеше, немаше да има страдања и болка. Тешко да замислиш дека Бог, Кој е љубов, би дозволил сето тоа да се случува.Човекот се замисли, но реши да молчи за да не влегува во конфликт.
Кога берберот ја заврши својата работа, човекот си замина. Излегувајќи надвор, тој забележа некој разбушавен и неизбричен човек (толку несредено изгледаше овој човек што се чинеше дека воопшто ја немаше истрижено косата и не се избричал целата вечност).
Тогаш човекот се врати кај берберот и му рече:- Знаете, што? Јас тврдам дека бербери не постојат!
- Како, тоа? – се зачуди берберот. – А јас кој сум? Јас сум бербер!
- Не! – извика човекот. – Тие не постојат, инаку надвор би немало разбушавени и неизбричени луѓе, како еве овој човек, кој се шета по улицата.
- Е, мил мој, работата не е во тоа што нема бербери. Ама, ете, луѓето сами не доаѓаат кај мене.
- Така е! – се согласи човекот.
– Токму затоа јас велам дека Бог постои, но самите луѓе не Го барат и не приоѓаат кон Него. Затоа во светов има толку многу болка и страдање.
Извор: http://bigorski.mk/index.php?content_type=detsko_katche&action=details&record_id=44
Друго:
ДВАТА ВОЛЦИ
“Порака од Света Гора старец Ефрем Филотејски ”
Приказна за малиот Лазар