логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Протопрезвитер Д-р. Томас Хопко

Многу геј мажи и лезбејки тврдат дека христијанската вера е правилото по коешто се раководат во нивните животи. Некои од нив тврдат дека нивната сексуална ориентација им е дадена од Бога, дека е добра, и дека нема ништо лошо или грешно во нивните хомосексуални активности. Овие луѓе велат дека Библијата и црковното Предание не го осудуваат хомосексуалното однесување, туку дека биле погрешно протолкувани и користени, понекогаш без знаење, но некогаш прилично своеволно, од пристрасни и непријателски настроени луѓе кои ги мразат хомосексуалците. Оние кои веруваат на овој начин очигледно сакаат другите да се сложат со нив, и многумина сега се трудат нивните гледишта да бидат прифатени, особено меѓу останатите христијани и црковни водачи.

Останатите хомосексуални христијани тврдат дека нивната сексуална ориентација не е од Бога – освен како провидение, бидејќи планот на Господа неизбежно ја вклучува човековата слобода и гревот, но потекнува од човечка грешка. Додека некои од овие луѓе не сакаат или не се способни да ги идентификуваат специфичните причини за нивните сексуални чувства, иако сеуште тврдат дека не се добри и не треба да му се предаваат на задоволството; другите со помошта на она што веруваат дека е здрава библиска интерпретација и прецизна психолошка анализа, го идентификуваат изворот на нивната сексуална ориентација во грешките и неуспесите на нивните семејни искуства, особено од раното детство, а можеби дури и пред тоа, кои што придонеле за нивната сексуална формација. Овие луѓе тврдат дека се повикани од Бога да се борат против нивните хомосексуални тенденции како што сите луѓе се повикани да се борат против грешните страсти кои ги наоѓаат внатре во себеси, додека се трудат да ги исцелат причините за нивната дезориентација и болест. Оние кои го застапуваат овој став се потпираат врз останатите христијани, особено црковните водачи, за поддршка и помош во нивната духовна борба.

Православната позиција

Знаејќи го традиционалното православно разбирање на Старозаветното и Новозаветното Свето Писмо, како што е искажано во црковната литургиска служба, светотаинските обреди, канонските регулации и житијата и учењата на светителите, јасно е дека православната Црква цврсто се идентификува со оние христијани, хомосексуални и хетеросексуални, кои на хомосексуалната ориентација гледаат како на пореметување и болест, и кои заради тоа ги сметаат нивните хомосексуални дејства за грешни и деструктивни.

Според православното христијанско сведочење во текот на вековите, изводите од Библијата како што е следниот не дозволуваат никакво друго толкување освен она кое што е очигледно:

Ако некој легне со маж како со жена, и обајцата извршиле гнасно дело... (3. Мој. 20:13)

Заради оваа причина (т.е. нивното одбивање да Го признаат, да Му благодарат, и да Го слават Бога), Бог ги остави на бесрамните страсти. Жените нивни природните потреби ги заменија со противприродни, и мажите исто така; оставајќи го природното зближување со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи отплата каква што одговараше на нивната заблуда. (Рим. 1:26-27).

Не лажете се, ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубодејците, ни ракоблудците, ни мажеложниците, ниту крадците, ни користољупците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни грабачите нема да го наследат Царството Божјо. А такви беа и некои од вас. Но се измивте, се осветивте, се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос преку Духот на нашиот Бог (1. Кор. 6:9-11).

Неволни гревови

Според православната Црква не сите гревови се намерни и доброволни; и не сите грешни дела се свесна грешка на оние кои ги прават; барем не од почетокот. Накратко, гревот не е секогаш нешто за кое грешникот е самиот неопходно виновен на целосен и свесен начин. Постојат гревови настанати од незнаење и страст, гревови кои „работат во нашите членови“ како што вели св. Павле, дури и против нашата рационална и свесна волја. (Спореди Рим. 6-8). Ова се гревовите кои се споменуваат во црковните молитви кога верните Го молат Бога за простување и помилување од гревовите кои се не само свесни, туку и несвесни; не само доброволни, туку и неволни.

Постојат гревови кои се принудни, неволни, неумислени; гревови кои ги превземаат луѓето и ги принудуваат со неразумни импулси и пориви, со слабости на телото, емоционални поттици и заведени копнежи во дела кои тие самите не ги сакаат, и честопати ги презираат и се згрозуваат од нив – дури и кога самите ги прават. Тие, според преданието, се познати како гревови на страста. Фактот дека овие гревови не се слободно избрани не ги прават помалку грешни. Да сториш грев значи да ја промашиш целта, да не си на вистинскиот пат, да застрануваш, да осквернуваш, да пречекоруваш... без разлика дали чинот е свесно одлучен и намерно извршен; и дали престапникот лично и слободно е целосно виновен.

Избавени грешници

Според православното црковно Предание, христијаните се избавени грешници. Тие се човечки суштества кои се спасени од болести и гревови, избавени од ѓаволот и смртта со Божјата благодат преку верата во Исус преку моќта на Светиот Дух: „а такви беа и некои од вас“ (1. Кор. 6:10). Тие се крстени во Христа и запечатени со Духот за да го живеат животот на Бога во Црквата. Тие ја сведочат нивната вера со редовно учество во литургиските служби и евхаристиската Причест, пропратени со постојана исповед, покајание и непоколеблива борба против секаква форма на грев, намерна или неволна, која се обидува да ги уништи нивните животи во идниот век.

Хомосексуалниот христијанин е повикан на особено немилосрдна битка. Неговиот подвиг е посебно жесток. Воопшто не е олеснет од безумната, вистински демонска омраза од оние кои ги презираат и исмеваат оние  кои го носат овој болен и тежок крст; ниту пак од безумната, подеднакво демонска афирмација на хомосексуалната активност на нејзините заведени адвокати.

Како и сите искушенија, страсти и гревови, вклучувајќи ги и оние длабоко, и честопати навидум постојано вкоренети во нашата природа од нашето несреќно наследство, и хомосексуалната ориентација може да биде излечена и хомосексуалните дејствија може да престанат. Со Бога сите нешта се возможни. Кога хомосексуалните христијани имаат волја да се подвизуваат, и кога примаат трпелива, внимателна и вистинска љубовна помош од нивните семејства и пријатели – од кои секој се бори со сопствените искушенија и гревови; оти никој не е без подвиг во еден или друг облик, и никој не е безгрешен освен Бог – Господ гарантира победа на начини Нему познати. Победата, сепак, им припаѓа само на храбрите души кои стануваат свесни за  нивната состојба, се соочуваат со својата огорченост, ја искажуваат својата лутина, ги исповедаат нивните гревови, им простуваат на оние што ги навредиле (тука секогаш се вклучени родителите и членовите на нивното домаќинство), и кои посегнуваат по помош со вистинска желба да бидат исцелени. Самиот Христос ветува дека светите херои кои „претрпуваат до крајот“ на овој „тесен пат што води кон животот“ сигурно „ќе бидат спасени“. (Мат. 7:13, 24:13).

„...Господ гарантира победа на начини Нему познати...“

Подготвил: Б.Ѓ



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная