логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 DedoDobri3.jpg

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ДУШАТА НА ДЕТЕТО?

Разумно дете со румени образи седи зад бирото. Каснувајќи ја усната и држејќи ги прстите на комплицираната електронска машина, тој не го оддвојува својот напнат поглед од екранот на компјутерот, каде што пролетуваат нацртаните сликички. Детето е преокупирано со компјутерската игра.
Тој е дома, а не во двориштето. И на екранот - нема ништо страшно или непристојно. На возрасните тоа им одговара. Тие можат, ако сакаат, секои пет минути да влегуваат и да го надгледуваат своето дете. Ама ќе го видат само она надворешното, само телото. Што се случува со душата за тоа време? Таа престојува далеку од Бога, од родителите, од пријателите, од вистинскиот и од реалниот живот. Со неа владеат лагата и страстите. Таа живее во непостоечки свет - во свет на фантазија и на ништожност. Таа длабоко ги преживува непостоечките случувања. Се случува, во суштина, истото тоа што се случува и кај гледањето на телевизиските или на видео-филмовите.
Меѓутоа, постои една принципиелна разлика. Особеноста на компјутерската игра не го прави човекот пасивен гледач, туку лице кое активно учествува. И тој повеќе не живее и не делува во нашиот, туку во друг, во илузорен свет.
Тој свет стои пак врз основа на примитивни и крути закони на кои играчот мора да им се потчинува. Тој донесува одлуки што за него ги предвидува програмерот. Така, според уверувањето на отец Сергиј Марука, автор на статија за компјутерите, доаѓа до програмирање и кодирање на одредени навики и морални стереотипи во свеста на детето.
Конкретно, што внесуваат компјутерските игри во неговата свест? Безбожнички поглед на светот.
Како прво, тој позитивен (скоро семеен) однос кон светот на демоните - светот што е населен „со вонземјани", со монструми, со вампири, со роботи -убијци и со нескриена ѓаволштина. Со самото тоа, постепено се урива бариерата што Бог ја утврдил меѓу човекот и паднатите духови. Поедини игри (на пример: „Војни на ѕвездите" и сл.) носат многу изразит демонски карактер.
Како второ, тие игри ги учат да живеат според законите на оној демонски свет, во којшто „победува" најсилниот, најлукавиот, најнемилосрдниот. Личноста на човекот во тој свет престанува да значи нешто; таа не се доживува како ближен, не како лик Божји, туку како „против¬ник", како „мета за уништување" или „матерјал за градба".
Поедини „раузмни" игри на учесникот на играта му даваат можност во себе неограничено да го развива властољубието - до создаде „нов свет" и да воведе (повторно, во тој илузорен свет), на пример, „нов светски поредок", на тој начин подготвувајќи ја свеста за доаѓањето на антихристот. Авторите на книгата „Борба против ѕверот" даваат дефиниција на компјутерските игри како „технотронски магии" - комуникации со лошите духови со посредство на компјутерската техника. Не е чудно што најнезлобно, како што тоа може да се помисли, тие игри незабележително ја уништуваат детската психа, доведуваат до нервни заболувања, до зависност од седење пред компјутерот и дури во некои потешки случаи, до состојба слична на состојбата на обземеност од демоните.

 

„ШТО БИ БИЛО КОГА ЈАС БИ БИЛ ВОЛШЕБНИК..."

Тоа дека компјутерските игри божемно го развиваат интелектот е - мит, на којшто во медицинската и во православната литература одамна му е симнат ореолот. Како што исправно забележува Виктор Тростников, тие го сместуваат детето во многу поедноставен свет што се регулира со неколку јасни формулирани правила, додека и во науката, и во било која друга „жива" човечка дејност не се бара збир на алгоритми, туку создавачка интуиција.
Се смета дека компјутерските игри ја развиваат фантазијата. Со тоа веќе е тешко да не се согласиме. Ама дали тоа е добро?
Бујната фантазија се смета за особина на талентираната душа. Воспитувачите на сите начини ја поттикнуваат и ја развиваат.
Еден интелигентен дедо со негодување раскажува дека на часовите по историја на неговиот мал внук, заедно со другите деца, ги терале да ги „играат" првобитните луѓе - да ги имитираат трчајќи низ училницата, да размавтуваат со рацете, притоа, испуштајќи неартикулирани звуци - како животните...
Децата, природно, се многу задоволни...
Во некои училишта се воведени „петминутни медитации"!
На децата постојано нешто им се нуди да замислат, да создадат слика во главата, да имитираат нешто во својата фантазија. Иако тоа медитирање е резултат на сеопштото воодушевување на окултизмот во последните години, тогаш, на пример, познатата тема на сите: „Кога јас би бил волшебник", ги расветлува разните генерациии на учениците во нижите одделенија веќе три-четириесет години. На децата од православните семејства не им е лесно во современите училишта. Тие мораат да бидат цврсти и со силни срца за да можат да се спротивстават на мноштвото искушенија што ги демнат во световните училишта. Така, едно православно девојче од 9 години во составот за „волшебникот" го напишало следното: „Јас верувам во Бога. Јас не сакав и не сакам да бидам волшебник затоа што тоа е грев..."
Дали е добро да си вообразиш дека си волшебник, владетел на светот, на луѓето и на се?
А моќниот супермен, кој се „бори за правда" и ги казнува злосторниците?
А убавицата која го сретнала својот принц?
Во различните пресврти на таа игра на фантазијата се разоткриваат и се развиваат разните страсти - и тоа е се.
Меѓутоа, не е важно дури што се замислува. Светите Отци учат дека не е полезно дури ни замислување на возвишени, свети претстави за Бога и за светиите. Тие категорично забрануваат какво било сонувачко опуштање и препуштање на „крилјата на фантазијата".
А на паднатата човечка природа тоа и е толку пријатно! Неа нешто потсвесно ја влече во потполност да му се препушти на налетот на страстите, да се „опушти", да се „релаксира", да се „заборави, малку да „мечтае..." И во тоа мечтаење, оф, привлечен, секој грев станува привлечен.
Не треба да се помислува дека човекот -детето или некој друг возрасен - научил да го напушта светот со трезвено гледање и чувство за реалност и да оди во светот на илузиите од неодамна, со појавата на телевизијата и на компјутерите. Не, тој тоа го умеел секогаш и, толку подобро, повеќе се оддалечувал од закрилата на Црквата и на православната вера.

ОПАСНОСТ ШТО МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ДЕТЕТО ОД ПРЕПУШТАЊЕ НА  МЕЧТИТЕ

„...Тој мечтаеше за тоа колку би било убаво да се живее со пријателот на брегот на некоја река и тогаш, преку таа река, би почнал да го гради неговиот мост, а потоа, огромна куќа со толку висока кула, оттаму дури да се види и Москва, и таму навечер да си пие чај, на отворено, на воздух, и да произнесува мислења за некои пријатни работи. Потоа, како тој и Цичиков се наоѓаат во некакво друштво, со добри кочии, каде што им се восхитуваат на нивното пријатно однесување, и како, божемно владетелот, дознавајќи за так-вото нивно пријателство, ги унапредил во генерали..."
Да, тоа е Манилов од „Мртви души". Класичен тип на сонувач. Портрет на болна душа што е обземена од страстите на суетата и на малодушноста. Гогољ со голема итрина покажува како само неговата незауздана фантазија пред нашите очи гради фантастичен, непостоечки свет.
А еве и уште еден страсен сонувач кој веќе не е во состојба да живее во реалниот свет. Тоа е јунакот на „Белите ноќи" - Достоевски. Од неговиот пример ние можеме многу да сфатиме.
Фантазијата се појавува како „темно чувство", „соблазнувачка желба" што неодоливо ја привлекува човековата душа. Ако не му попречи реалноста (некој звук, нечие влегување во собата каде што седи лицето кое што сонува), мечтаењето започнува да работи: „Нов сон - нова среќа! Нова доза на лукавиот, на сладострасниот отров!"
Душата потонува во чудна состојба на опуштеност без одморање - состојба на наркотична омаеност. Таа постанува играчка на страстите -повторно на таа иста суета и на сладострастите. Сонувачот Достоевски себе се замислува како поет, крунисан со слава, како херојски учесник на познатите историски случувања, како среќен љубовник кој страсно ја љуби својата сакана убавица. Тој го меша замислениот свет со реалниот: во првиот, тој живее вистински, а во другиот, тој постои во сонувањето, на острастен начин. Ама неговото доживување е толку длабоко што токму сега замислениот живот всушност е оној вистинскиот живот и, еве, веќе неговото дишење постанува непрекинато, пулсот му се забрзува, „прскаат солзи од очите", „горат... бледите, навлажнети образи..."
Колку е страшна таа состојба! Колку се разликува од состојбата на разбирливо внимание, прибраност, спокој и душевен мир, со што се одликуваат православните подвижници!
 (Продолжува)

Korica.Detetovosvetotnatv.jpg

Прот. Александар Дубњин - ДЕТЕТО ВО СВЕТОТО НА ТЕЛЕВИЗИЈАТА И НА КОМПЈУТЕРИТЕ

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Господин Тимотеј
Православен Митрополит Дебарско - Кичевски и Плаошко – Струшки

Друго:

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная