логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Starec.svestenik.jpg

ЗA ШТО МУ СЕ СУДИ НА СВЕШТЕНИКОТ

На човекот, кој од страна го анализира црковниот живот, својствено му е да ги идеализира свештенослужителите и врз таа база да наоѓа многубројни „отстапувања од идеалот".
Идеализацијата се состои во:
- претставата за клириците, како за луѓе со возвишен аскетски подвиг;
- отфрлање на телесната дебелина;
- неможноста за носење на световна облека во слободното време („па јас го видов него во фармерки!")
- отсуството на волеви квалитети (свештеникот мора да е тивок, и повлечен во себе);
одрекување на можноста за користење мобилни телефони, увезени автомобили, да има добро уреден стан.
Ние забораваме, дека постои поделба на т.н. бело (брачно) и црно  (монашко, безбрачно) свештенство. До примањето на чинот, човекот треба или да се ожени, или до крајот на животот да остане безбрачен. Брачниот свештеник, нормално, може да има деца и да живее во светот. Според тоа, да се живее во ќелија, имајќи семејство, е невозможно.
Што се однесува до телесната дебелина, пак, повеќе од половина денови во годината се посни, а, пак, посната храна (каши, макарони, леб, компири...) не помага во слабеењето.
Претставата за смирението, како за потиштеност, е лажна. Раководењето со храмот, како со деловен субјект, духовното раководство со голем број на парохјани изискува од свештеникот повеќе лидерски, отколку созерцателни квалитети.
Зависта за туѓите дарови (не се јадосуваат оние луѓе кои им подаруваат автомобили на свештениците) не е поголема, отколку оддалеченоста од црковниот живот. Верници не се само бабите, кои жртвуваат 5 рубли за свеќа (иако таа жртва може да биде поголема од било кој автомобил), туку и бизнисмените и огромните компании. Молитвословијата  во  нашата  црква се  извршуваат  бесплатно,  а за дарителот, основно значење има искреноста на дарот, а не неговото понатамошно користење.

Верувајте, наплатувањето затреби и за свеќи ни најмалку не претставуваат главен дел од црковниот буџет. Пред се, тоа се пари од спонзори.
Ставете се себеси на место на свештеник, кого го назначиле да служи во мало место (а такви храмови има во изобилие!), каде што има полуразрушен храм и згора на тоа треба да ги прехрани и своите деца. Специфичноста на нашето време е таква, што свештеникот честопати извршува функции кои не се својствени за него: надзорник на градежни работи, барател на спонзори, учител, финансиски работник.
Заради објективност треба да се забележи, дека свештениците влегуваат во Црквата од нашето општество, со сите свои недостатоци. Ние одиме во Црква, пред се кај Бога. Да бидеме внимателни кон своите гревови и да се помолиме за луѓето, кои ни помагаат да ја најдеме верата и да се утврдиме во неа.

Alfeev.Lit.jpg
Епископ Иларион (Алфеев): „Според учењето на Црквата, моралната несовршеност на еден или друг свештеник не влијае врз валидноста на молитвословијата, кои ги извршува тој, затоа што при извршувањето на молитвословијата свештеникот е само инструмент на Бога. Самиот Христос ги крштева луѓето, Самиот Он ја извршува Евхаристијата и ги причестува, Самиот Он во таинството на исповедта ги ослободува од гревовите. Свештеникот за време на исповедта му вели на покајникот: „Ете, Христос невидливо стои, примајќи ја твојата исповед.... јас сум сам сведок, за да посведочам пред Него се, што ти ќе кажеш". Меѓутоа, ако Христос според Своето безгранично милосрдие ги трпи недостојните и порочни служители во Црквата, како што Он го трпел Јуда меѓу апостолите, тоа не ги оправдува самите свештенослужители, кои го носат својот чин недостојно. Како инструмент, сведок и служител Божји, свештеникот треба да биде, колку што е можно, чист, непорочен и оддалечен од гревот. Моралното несовршенство на клириците, гревовите и пороците на свештенството отсекогаш биле болест и неволЈа за Црквата, така што тие, иако не влијаат на валидноста таинствата, сепак не помалку го поткопуваат авторитетот на Црквата во очите на луѓето, и ја разрушуваат верата во Бога.

Најчесто заБогасудат според неговите служители, што е сосема нормално, затоа што свештеникот е икона на Христа. И колку горко е понекогаш за човекот, кога во свештеникот наместо сочувство ќе види рамнодушност, наместо љубов непријателство, место морална чистота - распуштеност, место чесност - лицемерие. Од човекот, кој на градите носи крст со ликот на Христа, распнат заради луѓето, се очекува исто такво сострадание и иста таква љубов, како од Самиот Христос. „На верните да  им служиш како пример во словото, животот, љубовта, духот, верата и чистотата!", - му вели апостол Павле на Тимотеја, когошто тој го ракоположил во епископски чин" (1. Тим. 4, 12).

Словото на св. Јован Златоуст, како треба да го почитуваме свештеникот:
Во парохиите, каде меѓу православните има многу расколници, последниве обично со сите средства се трудат да ги одвојат првите од Православната Црква и поради тоа ги побунуваат против свештениците. Едвај ќе забележат и најситна грешка на православниот пастир, и веднаш ќе отидат да раструбат насекаде: „Гледајте каков пастир имате: што прави тој, како живее? Зарем можете таквиот да го слушате? Зарем можете кај таков да одите на исповед?" итн... И наивните православни често подлегнуваат на злобните озборувања против своите духовни отци, ги оставаат и бегаат од Црквата и, станувајќи расколници, истовремено и самите стануваат хулители на свештениците Христови. За да им затворам устата на злите хулители, а вас, браќа, да ве оддалечам од хулните озборувања и клевети против пастирите, ви предлагам да го ислушате следнош слово на светиот Јован Златоуст за тоа, како треба да го почитуваме свештеникот.

„Ако свештеникот, - вели свети Јован Златоуст, - правилно те учи, не гледај на неговиот живот, туку слушај го неговото учење. И не вели: зошто тој мене ме учи, а самиот тој не го исполнува тоа? - Негова обврска е да ги учи сите, и ако тој не исполнува, за тоа Господ ќе му суди. А ако ти не го слушаш, исто така се осудуваш, затоа што вака вели Господ: „Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; а кој се откажува од вас, од Мене се откажува (Лука 10, 16); и кој ве хули вас, Мене Ме хули. Не е убаво, браќа, овците да го хулат пастирот, тој за вас и за браќата ваши секој ден извршува служба; наутро и навечер во црква и надвор од црквата Го моли Бога за вас. За сето тоа размислете и почитувајте го, како отец. Ке речеш: „Тој е грешен и злобен". А каква врска има тоа со тебе? И добар да е и да се моли за тебе, каква полза ќе имаш ти, ако си неверник? А ако си верник, тогаш тебе воопшто нема да ти наштети неговото недостоинство. „Благодатта ја дава Бог Свештеникот само ја отвора устата, а Бог извршува се".

Не е ли јасно оттука, браќа, дека преку сите свештеници дејствува Бог, дури и кога тие се недостојни. Размислете: кој не спасува: свештеникот или Бог? Кој ни дава благодат во таинствата? Кој ги прима нашите молитви во црква? Чии зборови ги чита или кажува свештеникот во храмот? Очигледно, Божјите, и очигледно е дека нашето спасение е во рацете на Господа, а не на свештеникот. И притоа, ако ти навистина сакаш да се спасиш преку свештеникот, во тој случај барај безгрешен свештеник. А ќе најдеш ли таков? За жал сите ние сме грешници, од првиот до последниот. Никој не е чист од сквернавење, дури и само еден да проживеал на земјата. Затоа, зошто да ги осудуваме свештениците, какви и да се тие, зошто да бегаме од свештениците, а со тоа и од Црквата, не е ли подобро да бегаме од нивните хулители? Додека си во Црквата, дури и со грешен свештеник, ако сакаш ќе се спасиш, а со хулителите надвор од Црквата секогаш ќе пропаднеш; затоа што, колку и да ти се чинат тие свети, сепак никогаш не заборавај, дека тие немаат ни Црква, ни свети таинства, а според тоа ни Божја благодат. Амин.


Превод од руски јазик:Миле Иваноски, апсолвент на руски јазик
Наслов на изворникот: За что судитъ батюшку?
http://azbyka.ru

Друго:

 

Korica.P.Svetlina.jpg

 Извор: Десетто издание на „Православна светлина“


{moshits}




dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная