Зошто задолжително треба да се биде крстен, зарем не може едноставно да се биде добар човек и да се чинат добри дела?
- Оние коишто се истакнуваат со добри дела но не знаат за Бога личат на останките од мртовец, кои, иако се убаво облечени, нечувствителни се за убаво.
( св. Игнатиј Брјанчанинов)
Ако некој е добар по делата но не е запечатен со вода, нема да влезе во Царството небесно. (св. Кирил Ерусалимски)
Човек може да се труди да живее по заповедите, т.е. вредно, чесно, и без верата во Бога.
- Душата може да се противи на гревот но не може без Бога да го победи или искорени злото. (преподобен Макариј Велики)
Верувам во највисокиот разум кој не мора обавезно да биде Бог, се трудам да живеам по природните заповедии се надевам на спасението на својата душа и без верба во Христа.
- Се спасува само оној кој за глава го има Христос, а за глава го има Христа само оној кој се наоѓа во Неговото тело кое е Црква. (блажени Августин)
- Оние кои ја признаваат можноста на спасение без вера во Христа, се одрекуваао од Христа, па можеби и незнаејќи, упаѓаат во тежок грев на богохулење. (св. Игнатиј Брјанчанинов)
Дали сите гревови се опростуваат по повод кштението?
- Со Светото крштение се брише прародителскиот греви гревовите направени до крштението. На гревот му се одзема насилната власт над нас. (св. Игнатиј Брјанчанинов)
- Исповедувам едно крштение за опростување на гревовите...(„Символ на верата“ – дело на Светите Отци од првите Вселенски собори)
За време на крштевањето ми предложија да се одречам од сатаната, но јас со сатаната не склопив никаков договор, од што, значи, да се одречам?
- „ Се одрекувам од сатаната и од сите негови дела“...Какви дела?- Блуд, прељуба, нечистотијата, лажењето, кражбата, зависта, гатање, вражбини, раздразливоста, гневот, хулење, непријателствата, караниците, љубомората. Се одрекувам од пијанството, празнословието, гордоста, лењоста.. се одрекувам од разузданите забави, демонските песни, повикувањето на духовите.... Немам време дури ни се да набројам. Се одрекувам од се што се нарекува лошо, од се што не го сака Бог. (преподобен Ефрем Сирин)
(Продолжува)
Извор: „Книга на духовни совети“
Одговори на Светите Отци на Црквата на прашањата на мирјаните
Подготви: Т.К.
Посети: {moshits}