логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Игумeн ЕВМЕНИЈ

   
Пастирска работа со родители кои претерано ги заштитуваат своите деца

Главната цел на пастирската работа со ваквите родители е да им се помогне да сватат дека децата не се сопственост на родителите. Тие припаѓаат на самите себе. Децата се Божја задача за родителите и тоа на одредено време.


Мудрите родители, многу рано започнуваат да им зборуваат на своите деца дека тие им се испратени од Господа, и дека нивна родителска должност е да ги сакаат своите деца и да се грижат за нив додека не пораснат. Таквите родители се однесуваат кон децата, како да се тие драгоцени подароци кои им се испратени на кратко време. За нив, главната задача на воспитанието не се состои во тоа децата да се принудуваат и да се прилагодуваат на очекувањата на родителите, туку во тоа, да се поддржува нивната самостојност да ја формираат нивната единственост и индивидуалност.


Секое дете е индивидуална личност, тоа доаѓа во овој свет со своја животна мисија, со свои таланти и интересирања. Никој не може, секогаш и со сигурност да знае што може да направи и што ќе постане ова или она дете.


Халил Џубран, во својата прекрасна книга “Пророк“ извонредно ја изразува оваа идеја. Обраќајќи им се на родителите, тој пишува: “Вашите деца не се ваши деца. Тие се синови и ќерки на животот кој трае сам по себе. Тие доаѓаат преку вас, но не и од вас, та на тој начин тие се со вас, иако не ви припаѓаат вам. Можете да се трудите да им бидете слични, но не и да тежнеете да ги направите слични на вас. Зашто животот не оди наназад и не го чека вчерашниот ден. Вие сте лакови, од кои вашите деца како живи стрели, се оптегнуваат  нанапред“.


Кога родителите почнуваат да гледаат на своите деца како на драгоцен дар од Бога, дар во кој можат да уживаат само кратко време, тие на поинаков начин ја гледаат и својата родителска улога. Кога родителите ја негуваат посебната природа и личност на своето дете, тоа расте како цвет под зраците на сончевата светлина. Родителската мудрост е посебен дар Божји. Зашто Господ дава мудрост, од Неговата уста доаѓа знаењето и разумот. Кога родителите се обидуваат да го принудат своето дете да биде нешто што тоа не е, и што потенцијално не е во состојба да постане, тие постапуваат спротивно на мудроста и не го слушаат гласот Божји во своето срце. Духот на таквото дете ќе слабее, неговиот личносен потенцијал ќе венее, како есенските лисја на дрвјата.


Повеќето родители ги критикуваат своите деца и им приговараат кога тие прават нешто, што на родителите не им се допаѓа. Но, најдобри се оние родители кои себеси се наоѓаат за основен причинител за вакво или онакво однесување на своите деца. Тие сваќаат дека “искрата не паѓа далеку од огнот“. Кога ќе настане проблем со вашето дете, погледнете длабоко во себе и запрашајте се: “Што е тоа во мене што создало ваква ситуација“?
Во раните години децата се скоро секогаш реактивни. Нивното однесување, добро или лошо, во многу што е реакција на тоа, како нивните родители се однесуваат кон нив или другите луѓе кои ги опкружуваат. Успехот за решавање на проблемите со кои се соочуваат децата, станува можен дури кога родителите ќе почнат да ја сваќаат својата одговорност за некои постапки на децата.


За време на пастирската работа со родител кој претерано го заштитува своето дете корисно е да се разјасни какви конкретни барања тој му упатува на детето, односно каков би сакал да го види својот син или ќерка, како и кога се поставуваат тие барања и што по тој повод мајката и таткото најчесто му зборуваат на своето дете. За вакви родители обично се карактеристични приближно исти барања кои по правило ја сочинуваат основата на проблемот и расправијата кои избиваат штом се слушнат. Овие шаблонски барања (наредби)  можат да се слушнат во многу семејства:


-Кога ќе почнеш да учиш?
-Не разговарај долго по телефон.
-Кога ќе почнеш да се подготвуваш за приемен испит на факултет? Сите твои пријатели од класот веќе одамна се запишале.
-Зошто секогаш доцниш?
Пак не си облекол папучи?
-Веднаш измиј ги садовите!
На многумина им е позната ситуацијата кога мајката која го сака своето дете, и се разбира, знае се’ како и кога треба да се прави, и зборува на својата возрасна ќерка која и самата постанала мајка:
-Престани да го мазиш детето!
-Облечи го во нешто потопло!


Кога разговарам со родителите за барањата кои му го упатуваат на своето дете, понекогаш се прашувам: колку години има детето? Тие барања звучат како да се води разговор со десетгодишно или дванаесетгодишно дете. Но најчесто се работи за деца кои одамна излегле од таа возраст, што само по себе го потврдува неправилниот став на возрасните.


Ако свештеникот му постави на ваквиот родител едноставно прашање:


-Која е целта на сето тоа што му го зборувате?
-Колку години има вашата ќерка? – најчесто во вакви ситуации може да се слушне одговорот:
-Се обидувам да го научам (натерам) да го прави она што е неопходно.
-Но, јас едноставно ја потсетувам, зашто инаку ќе заборави да го направи тоа.


Позади ваквите одговори се кријат две варијанти на однесување. Во првиот случај мајката или таткото во однос на своето дете настапуваат како учители за животот. Тие се единствените луѓе кои знаат, кои разбираат што, кога и како треба да се прави. Во склад со тоа, тие не дозволуваат било какви други варијанти или мислења, тие се убедени во неопходноста од реализирање на задачите кои стојат пред нив: да воспитаат, да принудуваат, да објаснат и да убедат.


Во вториот случај, во однесувањето на родителите може да се забележи ниска оцена за можностите и способностите на своето дете, недоверба кон него. Ваквото однесување на родителите го открива убедувањето дека нивното дете само по себе не може да направи ништо добро.


И овде мора да се потсетиме на вакви актуелни мисли од книгата на Клајв Луис:


“Постојано слушаме за грубоста на денешната младина. Јас сум стар човек и би требало да бидам на страната на постарите, но далеку повеќе ме шокира грубоста на родителите. Кој од нас не се чувствувал мачно на гости, кога таткото и мајката им се обраќаат на возрасни деца на тој начин, што човек од страна едноставно може да си оди, треснувајќи ја вратата? Тие категорично зборуваат за работи кои децата ги знаат, а тие не; им упаѓаат во збор на децата кога ќе им текне; го исмеваат она што на децата им се допаѓа; потценувачки (ако не и злобно) се изразуваат за нивните пријатели. А потоа се чудат; “Каде тоа постојано се влечкаат? Секаде им е добро, само да не бидат дома!“


Ако ги запрашате родителите зошто така се однесуваат, тие ќе ви одговорат: “Каде човек може да биде свој, ако не дома? Па не сме на гости! Сите овде сме наши, нема причина за лутење! Приврзаноста е како стар куќен мантил кој не го облекуваме пред туѓи луѓе. Но една работа е куќниот мантил, а друга нечиста кошула. Постои облека за излегување, а постои и облека за по дома. Постои и учтивост пред светот, постои и домашна учтивост.


Принципот им е ист: не давај предност на себеси. Колку што е поофицијална средбата, толку повеќе во неа има закони, а помалку благодат. Приврзаноста не ја исклучува учтивоста, таа раѓа вистинска учтивост, префинета и длабока. Пред луѓето “ќе поминеме“ со ритуал. Но, дома е потребна реалност која симболично во него е воплотена. Ако ја нема неа, се’ ќе си потчини себеси, најегоистичниот член на семејството.
Ние можеме да си кажеме едни на други се’ што сакаме. Вистината која стои зад овие зборови значи: приврзаноста во својот најдобар облик може да не ги зема предвид човечките конвенции, бидејќи таа и не сака да повреди, понижи или потчини. Можете другиот да го закачате, пецкате, да му се потсмевате. Вие можете се, ако времето и тонот се соодветни. Колку што е приврзаноста подобра и почиста, толку поточно таа чувствува, кога нејзините зборови нема да повредат“.


Во случај на недоверба на родителите кон своето дете, ниските оценки на неговите можности, омаловажувачкиот однос кон него, задачата на пастирот од кого побарале помош и совет, се состои во тоа, да во текот на разговорот со родителите ја стави под сомнеж целисходноста на претераната грижа за синот или ќерката. Може да им предложи на родителите да почнат поинаку да гледаат на она што се случува. Но претходно нека им го постави многу важното прашање: Како детето го доживува нивното однесување, што тоа зборува за родителите. Ако родителите одговорат “ништо“ или “незнам“, може да се покаже извесна упорност и да се прецизира: “Што ви зборува ќерката кога се карате?“


Тука може да се добие драгоцена информација за понатамошна работа. На пример, мајката одговара: “Таа почнува да вика: ’Остави ме на мир, зошто ме гњавиш? Ти ништо не разбираш!, На глава ми се качи“’. Овој одговор покажува дека на девојчето, не само што не му се допаѓа што и кога зборува мајка му, туку и дека родителските изјави отворено се отфрлаат и се доживуваат многу негативно. За пастирот е многу важно да им помогне на родителите, своето сопствено однесување да го согледаат со очите на детето. Неопходно е да им помогне, мисловно да се стават во положба на детето, да се обидат да замислат што тоа чувствува во моментот кога со ваква или таква постапка сака да се потврди, да ги научи да го признаат правото на детето на сопствен став, ако, се разбира, тоа не е надвор од границите на дозволеното.


Разбирливо е дека ако адолесцентот започне да продава предмети или да употребува дрога, однесувањето на детето се менува, иако пристапот неспорно мора да биде од позиција на љубов и разбирање.
Родителската мудрост се состои во тоа да, не прифаќајќи одредени постапки на детето, научат сепак да ја почитуваат неговата самостојност и да продолжат да го сакаат.


Бидејќи повеќето деца се навикнати хронично да им се противат на родителите, тие можат да се обидат да научат да “си поиграат“ со нивната желба да се спротивставуваат на родителите. Да речеме, синот ќе каже:
-Ќе се вратам пред полноќ, не порано.
Таткото може да му одговори:
Не се враќај пред еден часот. Што ќе правиш толку рано дома? Ноќта е долга и имаш можност да се одмориш, да се прошеташ и да поразговараш со пријателите...


Синот кој навикнал да се противи, колку и да е чудно, ја исполнува волјата на родителите. Тој може да се врати дури и порано, пред она време за кое се договорил со татко му, сваќајќи дека таткото го почитува неговиот избор и се однесува кон него како кон возрасен и самостоен човек.
Ќе наведам како пример уште една ситуација, позната на многу христијански семејства: тинејџер кој веќе одамна не оди во Црква, а на Велигден или

Божиќ се спрема да појде со родителите. Обидете се да му речете:
-Ќе има многу гужва, службата ќе биде многу долга и затоа е подобро оваа ноќ да се одмориш, зашто утре е работен ден.


Колку и да изгледа чудно, кај адолесцентот кој се потврдува на сметка на спротивставување и отпор кон своите родители, овој совет побрзо ќе предизвика желба да дојде во Црква, отколку родителските алузии, поттикнувањето на своето дете во пубертетот и останатите “обраќања кон неговата христијанска совест“.


Подготви М.З.
  



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная