логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


        o.Tadej.mirotoci1.jpg Вниманието мора да биде во се. Внимание, и за се да се расудува. Бидејќи, Господ му кажал на Исус Навин: “ Што и да превземеш, прво за се длабоко размисли“.

 

     Ако (најпрво) мислиме дека тоа што ќе го кажеме ќе му користи некому, а расудуваме дека, ако кажеме, него само ќе го повредиме и дека ништо корисно нема да допринесеме, тогаш е подобро да молчиме. Се со расудување треба ( да правиме). Кога се расудува, тогаш се обрнува внимание. Вниманието е потребно и за молитва. Вниманието треба да оди напред, пред молитвата. Да знаеме што бараме, за што се молиме. Гледате, кога се обраќаме, со некоја молба, на некоја личност, велиме:“ Јас знам, убеден сум дека ќе ми помогнеш ако се завземеш за оваа работа.“ Ние сме сконцентрирани на оние зборови кои нему му ги изјавуваме.
    Па, кога и на човек му се обраќаме така, со целосно внимание, како ли треба тогаш да му се обратиме на Господ, Животот свој? Но, ние воглавно сме научиле, па ги измрдуваме своите молитви, ги читаме напамет или од книга. Не учествуваме, ниту со срцето, ниту со чувствата, туку само ќе ги прочитаме, а не знаеме ниту што сме прочитале.
               Оче, ме интересира тоа внимание, здобивањето на тоа внимание, дали тоа човек треба да го практикува со молчание пред молитвата, со молчание пред Господ? Како тоа треба човек да “молчи пред Бога“?


     Светите отци велат: “ Молитвата бара апсолутно безгрижен живот( живот без многу грижи ).“ Ние расеано се молиме. Ние се немаме предадено на вољата Господова, се си мислиме дека ние мораме да промислиме за се, а дека Господ има многу други грижи со целиот свет, со вселената. Се прашуваме: “Дали Он ќе размисли за нас или не?“- значи има малку вера во нас, немаме доверба. А, Господ размислува за се. Гледате, ние треба да гледаме во Него. Ете, вели Он: “Ова е вечен живот: Тебе да те познаат и Кого си испратил, Исус Христос.“Тоа значи, дека секоја случка, секоја најмала ситница што се случува околу нас и со нас, секаде укажува на Промислата Господова и Неговото допуштение. Ништо во космосот не се случува без Промисла и без Допуштение. Се што е племенито и возвишено, е Промисла Божја. Се што гледаме дека е хаотично, Бог знае зашто тоа го допуштил и до каде допуштил. Треба да сметаме дека Он е секаде присутен.

   Кога така ќе живееме, значи секаде, постојано во присуството Господово, секоја наша работа ќе биде од срце. Не им работиме на луѓето, на Бога му работиме! Секоја работа е Боженствена, од Бога. Тогаш нема да бидеме резервирани. А додека постои кај нас резервираност, ние не сме способни за Царството Небесно. За се сме резервирани, во секоја работа, се некако не се даваме себеси без резерва. А Господ постојано Самиот Себе се дава без резерва, и сака и ние да бидеме такви. А ние сме секогаш резервирани, и таа резервираност не одвојува од Господ и од Царството Небесно. Да бидеме апсолутно послушни и апсолутно предадени на вољата Божја, што и да се случува со нас. Како од раката Господова да примаме; да не размислуваме за тоа. А околностите? Он знае што можеме ние да поднесеме, што не можеме, што ќе допушти, што нема да допушти. Он знае дали ќе можеме некое искушение да го истрпиме. Он ни го допушта искушението, за да можеме да го совладаме со мир, и подоцна, кога ќе наиде такво искушение, тоа мора и да си оди, бидејки веќе не учествуваме, не го вклучуваме својот “мисловен апарат“ во тие случувања.

    Бидејќи,случувањата си одат по својот тек, а ние се вплеткуваме во тоа, не го чуваме својот внатрешен мир, се мешаме таму каде што не треба. Каде што Господ ќе допушти, случката си оди по својот тек. Ако веќе сме стекнале внатрешен мир, ќе помине покрај нас и нема да не допре. Ако пак учествуваме (во тоа), страдаме.
 
                       За внатрешниот мир

    -Што е најважно во духовниот живот?
   - Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување.
     Мислениот хаос е состојба на паднатите духови – (демоните, духовите кои отпаднаа од Бога). Нашиот ум, меѓутоа, треба да е собран, единствен, внимателен. Само во единствениот ум може да се всели единствениот Бог.

                       Внатрешна молитва

  o.Tadej.mirotoci3.jpg -Кога ќе почувствуваме погодно расположение можеме да го преќинеме молчанието на срцето со кажување на Исусовата молитва. Таа на почетокот гласела:“ Господе Исусе Христе, Сине Божји и Слово Божјо, заради Богородица, помилуј ме!“ Со тек на време монасите ја скратувале и денес таа гласи: “Исусе, Сине Божји, помилуј ме!“, односно на словенски: “Исусе, Сине Божиј, помилуј мја!“
   Ако можеме, да ја изговараме Исусовата молитва со чувство. Ако пак не можеме, да се обидеме со срце да му се приклониме на Господа како знаеме и умееме и да се задоволиме со молчење пред Господ.
  Доколку немаме  искусен духовник да раководи со нас, опасно е да се принудуваме себеси на внатрешна молитва.

    Како  вие се учевте  на внатрешна молитва?

   -Бев сеуште сосема млад послушник кога почнав. Отец Амвросиј ми рече: “Што и да правиш, непрестано говори во себе:“ Исусе Сине Божји, помилуј мја!“ Бев дете и со цело срце го послушав. Секој ден ќе исповедав на отецот духовник што се случуваше внатре во душата, а он ќе дадеше совет што да правам. После извесно време почувствував дека заедно со воздухот што го вдишував молитвата “влегува“ во срцето. Со текот на времето молитвата почна и сама од себе да си се врши во срцето.

   Но потоа се упокои мојот духовник и многу години поминав во душевни маки. Тагата ми ја раскинуваше душата. Стравот кој го накалемив уште во детството ме мачеше повторно. Се плашев постарите дека нема да бидат задоволни со мене и никогаш не можев да здивнам.

  Што правевте тогаш?
 
  -Кога како. Најчесто ја земав армониката, одев во самотија и свирев. Отсекогаш ја сакав музиката, и тоа ми донесуваше утеха.
   Понекогаш се прашував:“ Што сакаш? Дали си гладен, дали си жеден, гол, бос, болен? Се дал Бог, па што сакаш сега? Но сепак, душата тагуваше и бараше некој да ја утеши, но немаше никој да ја утеши“.

      Одев кај некои  духовници, барав совет, но ни тоа не помагаше. Така беше тоа додека не ја прочитав Патот на спасението од Теофан Вишенски и Господ помогна. Кога нема некој од луѓето да не утеши, тогаш Господ и преку книгата доаѓа да ја израдува душата.

Подготви: Сузана Стефановска

Мироточиви  икони  од о. Тадеј, 2007 година.

 

Посети:{moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7593
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная