логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



starec.dr.jpg

(Беседи за духовниот живот)

Дијалози со една стара дама

1

Една постара дама од аристократско семејство, во мигови на отвореност, му раскажувала на својот духовник дека мислите ì бегаат на сите страни, како жаби, и духовникот ја посоветувал, пред да почне да се бори со своите помисли, да почне да се бори со својот јазик. При следната средба тој ја праша:
– Но, како е, почна ли да се суши калта во која се размножуваат жабите?
Дамата одговори дека учи да молчи, но дека тоа се покажало како мошне тешко. Понекогаш, кога настојува да се воздржува, добива срчева аритмија и има чувство како крвта да и се собира во главата. Таа со чудење призна:
– Никогаш не сум мислела дека е толку комплицирано да се молчи. Порано бев уверена дека можам да говорам или да молчам по сопствена волја, но сега разбрав дека јазикот е тој што ме води, како да сум врзана со јаже. Да се бори човек со него е исто толку тешко, како да се бори со тиран. 
Духовникот ì даде совет да не се среќава со поранешните соговорници, за да не се отвораат уште незараснатите рани и, исто така, кога постои прилика за тоа, да си одреди време, на пр., час или два, за потполно молчење.

2
Следниот пат дамата рече дека веќе полесно го поднесува, како што таа се изразила, „постот на јазикот“, и замоли за благослов во устата да држи мало крвче, за уште помалку да зборува. Духовникот ì возврати дека крстот е – светиња којашто не смее да се држи меѓу заби и да се превртува со јазик, а доколку сака, да си стави во устата камче и внимателно да го вади при нужни разговори и при земање храна.

По месец дена дамата му соопшти на духовникот дека и понатаму учи што помалку да зборува, но дека каменот во устата ì пречи: те ì се собира плунка, те камчето и удира во забите, те не ì дава да дише – и, воопшто, нејзините мисли премногу се вртеле околу тоа камче. На тоа духовникот ì рече да го става камчето во уста наутро, петнаесет-дваесет минути, и пред спиење, за да ја потсетува на ползата од молчењето, и ако се присети за нешто што дента го кажала напразно, да го држи камчето во устата двапати подолго, одошто ì е наложено. Добро е камчето да го чува на видливо место, за да ì паѓа в очи, и да го носи со себе ако заминува некаде. Дамата вети:
– Ако се научам на молчење, ќе го оковам со сребро, за спомен на мојата борба.
Потоа духовникот почна да ја учи на Исусовата молитва и ì даде правило, коешто таа почнала ревносно да го исполнува.

3
По извесно време дамата повторно дојде кај духовникот и му рече:
– Оче, горам од желба да ги научам моите блиски на Исусовата молитва
Духовникот ја праша:
– Дали вас лесно ви оди молитвата?
Таа одговори:
– Да, лесно. И сакам сите да ја научат.
Тогаш духовникот заклучи:
– Вие ја немате Исусовата молитва. Вие ги правите само првите чекори,  и во тоа ви помага благодатта. А потоа ќе настапи време на тешкотии и на проверки. Стремежот другите да ги научите на Исусовата молитва произлегува од непознавањето на самата себе,  и од неискоренетата желба да зборувате и да зборувате, макар и под маска на благовиден предлог. Вие уште не сте минале низ огнот на демонските искушенија, не сте ја спуштиле молитвата во длабочината на својата душа, и затоа сакате и лево и десно да истурате туѓи зборови. Запаметете, ако не се воздржите од ова, самите нема да ја стекнете Исусовата молитва.
Посетителката се замисли:
– Отец, сакав тоа да го направам од љубов кон блиските и кон пријателите...
Духовникот категорично ì рече:
– Дури не ни спомнувајте дека се занимавате со Исусовата молитва. А ако сепак дојдете во прилика да мора да зборувате за неа, кажете кратко дека некогаш со таа молитва се занимавале монасите и дека и денес има луѓе што ја практикуваат – и ништо повеќе
 Понатаму, тој ја праша:
– Ако ви доверат да чувате златен предмет, којшто треба да го вратите на сопственикот, дали ќе го оставите пред вратата, или ќе го сокриете подалеку од туѓи погледи?
Дамата одговори:
– Се разбира дека ќе го сокријам. А ако тој предмет е многу скап, за него нема да кажам ниту збор на никого, дури ни со шепот, за да не ме чујат крадци и да не ме ограбат.
Духовникот ì појасни:
– Златниот предмет, скапоценоста – тоа е името на Исус Христос; вратата – тоа е вашата уста; а местото на коешто може да се сокрие скапоценоста е – срцето; крадците се – страстите, во прв ред страста на суетата; ограбувачите се – демоните, коишто на оние што ја практикуваат Исусовата молитва испраќаат внатрешни и надворешни искушенија.
Дамата се зачуди:
– Но, дури и да не кажам на никого за Исусовата молитва, зарем демоните нема да разберат дека ја практикувам? Обично, кога сум сама, ја кажувам на глас, а нели демоние слушаат дури и шепоти и го гледаат движењето на усните? Далии затоа не треба да се молам на глас?
Духовникот ì одговори:
– Отците благословуваат да се кажува Исусовата молитва на глас, особено во почетокот ма духовниот пат, а потоа усната молитва да се замени со внатрешна. Но тука работата е во нешто друго: ѓаволот може да го искушува човекот само онолку колку што ќе му биде допуштено од Бога. Преку нашите страсти јакне власта на ѓаволот над нашата душа. Кога се препуштаме на желбата да ги учиме другите, пред самите ја научиме, или, уште полошо, покажуваме на себе како пример на молитвена активност, тогаш благодатта нè напушта и Господ, сакајќи да нè избави од гордоста, дозволува да не снајдат болка, тага и искушение, а понекогаш и да паднеме во тешки гревови. А, напротив, молитва практикувана со смирение и во тајност, го штити човекот. Затоа светите отци и велеле: „Биди со луѓето како да си глувонем – така ќе ја зачуваш молитвата од непријателите“.
Дамата се заинтересира:
– Постојат голем број книги за Исусовата молитва. Треба ли да ги читам?
Духовникот ì одговори:
– Читањето е полезно, тоа помага да ги избегнуваме грешките. Но не може да се стекне Исусовата молитва со изучување на раководствата од книгите. При некој старец, кој се наоѓал во прогонство, непосредно пред неговата смрт дошла една негова духовна ќерка. Таа му признала дека со молитвата не ì оди како што треба, и дека дошла до таков степен на закоравеност во срцето што, изговарајќи ги зборовите „помилувај ме грешната“, не ì било јасно во што таа греши, и ги повторувала тие зборови механички. Тогаш старецот ì рекол: „Да се помолиме заедно“, и почнал да ја кажува на глас Исусовата молитва. Во неговите зборови сè посилно и посилно звучело покајанието, и тоа се претворило во некој вид ридање на душата. Се чинело дека тој го изнесува пред Господа покајанието за целиот свој живот. Духовната ќерка го слушала, и во тие мигови за прв пат ì се открила длабочината на Исусовата молитва. Тогаш клекнала и почнала да плаче горчливо. Старецот ì рекол: „Кажувај ја така Исусовата молитва.“ Наскоро тој умрел, но молитвата како негово благословение, потекла во нејзиното срце. А ние често ја изговараме молитвата како воопшто да не постои Бог Кој гледа на нашите срца, тку постојат само зборовите – како јазли на бројаницата. Освен што човекот треба да се учи на молитвата, таа е и дар, се дава како и другите духовни дарови. Древните светии немале напишани упатства, затоа го користеле најважното – чистотата на срцето, а самата благодат била нивен наставник. Тие зборувале со Господа  како живиот Христос да стоел пред нив.
Дамата се замисли:
– Ако јас сметам дека Христос стои пред мене, ќе треба да си го претставувам Неговиот образ. Можеби треба да запаметам некоја од моите сакани икони и да ја репродуцирам во умот?
Духовникот се спротистави:
– Ако почнете да си го претставувате Христос, ќе се најдете во власта на сопствената  распалена вообразба, ако почнете да се потсетувате на иконата на Спасителот, нема да можете да влезете во своето срце, умот ќе ви остане надвор. Да се моли пред икона и да се замислува иконата се две сосема различни работи. Во вториот случај вие го откривате својот ум за образи и за претстави, и тој почнува да талка по ликовна галерија, создадена од самиот него.
Дамата искажа недоумение:
– Како, тогаш, во таков случај можам да си замислам дека Господ е блиску до мене и дека разговарам со Него?
Духовникот ì појасни:
– Не си претставувајте, туку просто верувајте дека Господ го слуша секое движење на вашето срце, дека е блиску не во просторна смисла, како некој човек да стои покрај вас, туку дека е близок по Своето сеприсуство. 
Дамата прашала:
– Што треба да биде поставено во темелот на молитвата?
Духовникот ì одговорил:
– Бдеењети и трезвеноста, поточно, двете први заповеди за блаженствата: за духовно бедните и за оние што плачат.
Дамата му рече:
– Мене не ми е сосема јасно што е тоа бдеење. Треба ли да не спијам ноќе? А што се однесува до трезвеноста, јас не пијам ни капка вино, освен во исклучителни случаи. Јас веќе речиси сосема престанав да одам на гости и да ги примам своите поранешни пријатели. Дури и кога водев световен начин на живеење и, како што сега разбирам, многу грешев, никој не ме видел пијана. А што се однесува до бдеењето, навистина, гостите често седеа кај мене до доцна во ноќта, по што јас до зори читав некоја полезна книга.
Духовникот ì одговори:
– Бдеење – тоа е очистување на умот од помисли, а трезвеност – борба со страстите. Секоја страст нè опијанува исто како и виното.
Дамата повторно се замисли:
– Нешто почнува да ми станува јасно... Во молитвата треба постојано да се бориме со помисли, во спротивно во душата неочекувано навлегуваат страсни чувства. Но, сепак: каква е врската меѓу борбата со помислите и ветувањето Блажени се бедните по дух?
Духовник одговорил:
– Да се биде беден по дух значи да не се верува дека со сопствени сили можеме да сториме какво годе добро, туку и најмалото добро или победата над себе треба да ì ја припишеме на Божјата благодат. Бедниот по дух чувствува колку малку знае. Во него се појавува желба да учи, а во духовна смисла учењето е – послушание и отсекување на својата волја. Послушанието, од своја страна, раѓа смирение коешто на помислите им сервира тишина, а на умот – прозрачност. Човек кој не ја отсекол својата волја, секогаш пребива во состојба на вознемиреност и тревога. Умот на гордиот не наоѓа мир за себе: тој, како гладна ѕвер, напаѓа на надворешните знаења, за да се насити со нив и преку нив да се зацврсти. Но, на тој начин тој сепак не го добива најважното – душевниот мир. Токму затоа животот на гордите луѓе е неспокоен и измачувачки. Човек којшто не стекнал смирение, не може да го заклучи својот ум во зборовите на молитвата: нему му е тесно в тие зборови, тој сака да се извлече надвор, како од некоја темница, да излезе во просторот на сопствените вообразби.
Следната заповед за блаженствата е – блажени се оние што плачат. Плачот, заповедан од Спасителот, е покајание поради своите гревови; солзите, кошто се леат од очите, или болката во срцето, ги гасат нашите страсти, и затоа Исусовата молитва треба, пред сè, да биде молитва на покајание. Искреното покајание го отвора срцето кон за молитвата, тоа го покажува она место на коешто умот треба да стои за време на молитвата. Кога нема покајание, срцето се затвора, како врата, и умот станува надвор, не знаејќи како да влезе внатре. Покајанието наликува на вода, којашто го гаси огнот или жарта на страстите во нашето срце. Во покајанието се буди духот – окото на душата. Оној што се кае веќе сега, на земјата, добива утеха од Бога.
Дамата праша:
– Како се стекнува смирение? Сум сретнала луѓе коишто постојано велат: „Простете, ве молам“ – дали тоа е знак на смирение?
Духовникот ì одговори:
– Тоа е – смиренословие, а смирение е – состојба на душата. Тоа е просто, но душата, кога ќе сретне вистински смирен човек, чувствува радост, додека, пак, под јавно смирение може да се крие самољубие и неискоренета гордост. Не е смирен оној кој себеси се нарекува грешник, туку оној којшто трпеливо ги поднесува навредите од другите. Ако твојата помисла те води кон осуда на човек, кажи си во себе: „Овој човек е подобар од мене, но во искривеното огледало на мојата душа јас како да ги гледам туѓите пороци, коишто, всушност, се вгнездиле во мене“.
Дамата праша:
– А како да не осудувам човек за јавно сторен грев?
Духовникот ì одговори:
– Помолете се за исправање на тој човек, а ако сте зафатени со Исусовата молитва, тогаш додавајте извесно време: „Помилуј го него и мене грешната“. Ако, пак, го осудите, тоа ќе стане камен на спрепнување во вашата молитва. Постојаната молитва им е заповедана на сите христијани, но особено на монасите схимници. Во текот на схимнички постриг, на главата ма монахот се става капа слична на детска, како знак дека молитвеникот мора да биде незлобив како младенец. Тоа незлобие попрво ќе го научи на молитва, отколку која било книга.
Дамата праша:
– А која книга може да послужи како најдобро раководство за Исусовата молитва?
Духовникот ì одговори:
– Светото Евангелие: во него прикриено е пренесено учењето за Исусовата моитва, учење коешто го опфаќа целиот човечки живот. Без исполнувањето на заповедите, невозможно е практикувањето на Исусовата молитва, а без молитвата – невозможно е исполнувањето на заповедите.
Дамата искажа недоверие:
– Ми се чини дека разбрав нешто, но не до крај.
Духовникот додаде:
– Учењето за молитвата станува разбирливо постепено, според мерата на напорите и стекнувањето на духовното искуство. Ако кажете дека сте разбрале сè, тоа би бил најлошиот од одговорите. Вие сега знаете, како да ги направите првите чекори, подоцна ќе видите и други нешта.
Дамата праша:
– Какво благословение ќе ми дадете?
Духовникот одговори:
– Животот и молитвеното практикување да бидат сокриени од светот.
При разделбата, дамата му рече на духовникот:
– Гледам дека сакате да направите од мене истовремено и христијанка, и спартанка.

Подготви:  д-р Драган Михајловиќ

Посети:{moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная