логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

14/12/2015   Поуки - совети


Архимандрит Андреј (Конанос) – за опасноста за православните луѓе да станат лажни, и за тоа, зошто не смееме долго да остануваме на „детската“ етапа од воцрковувањето.

Повеќето од нас доаѓаат во Црква, за да го запознаат Бога. Сепак, се случува така, што за сосема кратко време, ние стануваме некако лажливи, веднаш се изложуваме како примери и мустри во продавница. Правиме таков вид, како да знаеме и можеме да ги решиме сите проблеми. Сите ги осудуваме, им даваме совети, за сè имаме свое мислење. Заканувајќи се со прст, им правиме забелешки на луѓето. А притоа, самите ни далеку не сме слични на тие идеали, за кои расудуваме. Нас нè загрижуваат сосема други работи. Затоа, ако не сакаш, и со тебе да се случи истото, зборувај со Бога со својот живот. Зборувај за тоа што знаеш, и не сокривај го вистинскиот ти. Ти – си обичен човек, со свои страсти, грешки и немоќи. Како и сите луѓе, и ти сакаш љубов, пријателско друштво и останати радости.

Многу често, доаѓајќи во Црква, човек почнува да мисли, дека воцрковувањето, само по себе ја изменило целата негова природа. Но ќе ти кажам, дека во однос на сопственото „јас“ никакви промени не се случуваат. Карактерот не може да се смени, само со тоа што човек дошол во некое конкретно – дури и ако тоа место е свето.

А нешто друго може да случи. Ние продолжуваме да ги носиме во себе своите страсти, кои почнуваат да се трансформираат. На пример, човек престанува да се тепа на фудбалски натпревари или да посетува ноќни клубови, престанува да употребува наркотици, но страста, која го побудувала да го прави тоа, не заминува никаде – затоа што со страстите не можеме да се збогуваме толку лесно.

Страста – не е кошула, која можеш да ја слечеш, да ја фрлиш во машина за перење и да заборавиш за неа. Затоа, често се случува следново: „светската“ страст се трансформира во „христијанска“. Ете зошто некогаш човек, кој порано бил фанатичен навивач, се тепал, кршел после натпреварите, а сега се воцрковил, и остана ревносен фанатик – но овојпат во Црквата. Тоа е истиот случај, кога луѓето кажуваат за своите ближни, кои станале црковни луѓе: „Тој оди во црква, но воопшто не се менува! Ни ги кине нервите, како и порано!“

Што не се изменило? Основните, главните црти на карактерот остануваат како и претходно. Тие не можат да се преобразат сами по себе – само со тоа, што човек дошол во Црква и станал христијанин.

Затоа, важно е да го помниме тоа, дека гневот и раздразливоста остануваат кај нас. И иако овојпат се гневиме, наводно од „духовни“ причини, гневната страст – како и претходно, е кај нас.

И ако сме искрени, ќе се согласиме со прекрасните зборови на Пајсиј Светогорец. Еднаш, кога старецот пловел на брод од Дафни во Уранополис, некој го препознал и му рекол:

    Геронда, дојди ваму, за да не седиш со мирјаните!

А старецот одговорил:

    Но, чедо, зарем нешто ќе изгубиме ако сме покрај нив? Зарем толку сме подобри од нив? Имаме некоја посебна добродетел, која треба да ја чуваме? Зарем не сме исти, како нив? Тоа што живее во нас, живее и во нив. Само што нашите пороци, страсти, проблеми се пројавуваат поинаку. Ние почнуваме да се караме, на пример, за Типикот – дали правилно сме ја отслужиле службата…

Еднаш видов, како двајца монаси се скараа за тоа, каков сад за миење овошје да изберат. Да, тие не се тепаа и не пцуеја, како на стадион, но нивните претходни страсти останале во нив.

p.andreas-konanos

Ако го сфатиме тоа, најнапред, ќе се засакаме себеси. А потоа ќе станеме поснисходливи кон другите. Во нас ќе се појави повеќе човекољубие, смирение. И ако се признаеме такви, какви што сме, ако се помириме со своето „јас“, ако се спознаеме и засакаме себеси, тогаш и децата свои ќе почнеме да ги сакаме многу повеќе, затоа што, затоа што во нас ќе се појави многу поголемо снисходење. Зашто, какво што е моето дете, таков сум и јас! Ние се лутиме на децата, да речеме, ако нам ни изгледа, дека застрануваат од вистинскиот пат, а всушност и самите ние сме застраниле од тој пат. Сите ние сме се тргнале од него, сите сме – бегалци, на сите нешто не ни успева. Само што ние се трудиме тоа да го маскираме – затоа и не се гледа.

Човекот, живеејќи во Црква и комуницирајќи со други црковни луѓе, многу брзо почнува да сфаќа, дека многумина од нив останале исти, какви што биле до Црквата. Еден млад човек ми раскажа, дека кога дошол во Црква, тој се надевал тука да гледа сè идеално. Тој млад човек работеше во банка. И видел дека, како што во банката имало кавги, расправии, осудување, интриги, истото се случувало и во парохискиот храм.

А една жена, која живее во странство и е активна парохијанка на една тамошна црква, често ми пишува, дека е готова да си ги кубе  косите, затоа што не може повеќе да издржи. „Ќе ја изгубам верата!“ – ми напиша еднаш. Зошто е тоа така? Затоа што сите ние – сме луѓе, луѓе со свои проблеми и слабости. И штом ќе го признаеме тоа, нашиот карактер ќе се подобри. Помирувајќи се со себеси, признавајќи се себеси, ние ќе можеме да му кажеме на нашиот ближен: „Каков што си ти, таков сум и јас. Те сакам. Прости ми, и јас ти простувам“.

А лагата, во однос кон самите себе, лицемерието и фарисејството, само ни го усложнуваат животот.

Признавајќи ја вистината за самите себе, ќе ги засакаме другите луѓе, ќе станеме поснисходливи и почовечни. А станувајќи почовечни, ќе придобиеме и божественост. Смирувајќи се, приземјувајќи се, ние полетуваме, затоа што, за да полетаме, треба отпрвин цврсто да застанеме на земја. Стани човек, за да се претвориш во богочовек! Биди едноставен, смирен и природен.

Господ затоа и ги направил апостолите (а потоа и свештениците), Свои преемници меѓу луѓето, за ние, наоѓајќи се покрај нив, да не се плашиме, за да видиме – дека и тие се како нас, дека и тие ги разбираат сите наши тешкотии, затоа што поминуваат низ истото. Она што го правам јас, го правиш и ти.

Многу ми се допаднаа зборовите на еден мој познат свештеник, кој претпочита да се исповеда кај женети свештеници. Тој ми рече дека неженетите свештеници како да живеат на друга планета и некогаш зборуваат со тебе така, што ништо не можеш да ги разбереш. Нема да кријам – и јас се согласувам со неговите зборови. Многу често, семејниот свештеник има спокоен, урамнотежен карактер, затоа што тој мора… и памперси да менува. Кога купуваш памперси и ги користиш според намената, невозможно е да леташ во облаци. Напротив, човек се приземјува, станува почовечен, поискрен, и не се преправа. Тој веќе не се изложува на витрината на светоста, а во себе ги носи благодатта, простотата, и смирението на православниот дух.

И зборувајќи за опасноста за црковните луѓе да станат лажливи, привидни „витрински“ манекени, се сеќавам на една кинеска поговорка: „Треба да го научите детето да ја лови рибата, а не да ја јаде“.

Кога човек лови риба, тој стои цврсто на земја. Тој си има – куки, јадици, мамки. Самиот го избира местото за риболов, разработува свои методи и така стапува во неговиот личен однос со морето. И на кој брег и да се најде, тој секогаш ќе успее да фати (а со тоа и да ја изеде) барем една риба, затоа што знае како се прави тоа, тоа – е негов талант, негова омилена задача. Но, ако човек се навикне само да ја добива храната во готова форма, од други луѓе – тогаш не, тој нема да може да се поткрепи со риба.

Тоа – е распространета замка, во која често паѓаме, правејќи се сè позависни. „Дојди ваму, – си велиме еден на друг, – јас ќе те нахранам, ќе те угостам со риба“. Истото некогаш се случува и во Црквата. Но, зарем не треба да растеме сами, за да се приближиме кон Бога? Зарем не треба самите да се стремиме кон тоа, душата наша да расцвета? Цврсто да стоиме на сопствени нозе?

Човекот, кој ни помага да се приближиме кон Бога – е мост. Но, не смееме вечно да стоиме на мостот – мостот не може да биде цел во нашиот живот. Ти одиш, и јас те држам за рака, за да не се сопнеш, да не изгубиш рамнотежа и да не паднеш. Но, колку тоа може да трае? Колку долго треба да те држам за рака, за да можеш да одиш? Твојата главна задача – е да се научиш да одиш самостојно. Ти можеш. И кога ќе успееш, ќе се израдуваш на тоа. И после тоа, јас нема да те заборавам, затоа што тогаш ќе ме засакаш уште повеќе. Ќе видиш, дека нашите односи – не се взаемно-зависни, кога луѓето „се проголтуваат“ едни со други во сопствениот егоизам, принудувајќи ги да се приврзуваат кон себеси. Само со моја помош ти си го нашол Бога.

Но, ако јас ти укажувам на Него, а ти се фокусираш исклучиво на мојот прст, тогаш почнува да мислиш: „Колку убав прст има отецот! Колку прекрасно ми укажува на Бога!“ Да, но ако ти појдеш во таа насока, каде што ти укажува прстот, како резултат ќе ја засакаш и табличката со натпис „Рај“. А ние сме должни да дојдеме до рајот. Самостојно.

Луѓето често чекаат од својот духовник готови решенија и јасни упатства за делување. А таквите односи – се инфантилни. Тоа е детска психологија. На одредена етапа, тоа и може да се разбере – но таа етапа неопходно е да го помине тоа, како еден минлив сегмент од духовниот пат. Не смее вечно да остануваме младенци. До кога детето може да го прашува учителот: „Навистина ли, два и два – се четири?“ Во шесто одделение не се поставуваат такви прашања! Размисли, и одговори сам, ти го можеш тоа!

И таа сила, таа увереност – не е егоизам. Тоа е она, што го има во предвид апостол Павле, кога вели: Сè можам, во Исуса Христа Кој ме крепи“ (Фил. 4, 13). Ако ние, така и не ја почувствуваме таа семоќност, која ја носи во себе Божествената благодат, која живее во нас, тогаш така и ќе си прашуваме постојано: „Како да постапам овде? А таму? Што сака Бог од мене?“ Така е невозможно да се слушне гласот Божји.

Господ вели: „Оној кој влегува низ вратата, Пастир е на овците… И овците го слушаат гласот Негов, и Тој ги повикува овците Свои по име“ (Јн. 10, 2-3). Ако го знаеме и го слушаме гласот Негов, тогаш се знаеме и еден со друг. Се сакаме еден со друг. Во нас се појавува лична врска со Христос и еден со друг. Ти и Господ, Господ и ти. И во еден момент, ти велиш: „Јас и Бог“. И се растворуваш во Него, чувствувајќи, како со Неговиот благослов и благодарение на Неговата љубов, ти стануваш со Него едно Цело, по благодатта. Сето тоа – се чекори во духовниот раст. И додека не сме го достигнале резултатот, ние цело време сакаме да слушаме упатства, што да правиме. Ние сеуште не сме научиле самите да чукаме кај Бога и да Го молиме: „Господи, зборувај, Те слушам! Обрати се кон мене, дај ѝ на мојата душа да Те чуе!“

Работата е во тоа, што многу од нас израснале болно зависни од своите родители. „Јас постапувам така, затоа што така вели Црквата!“ Не, ти постапуваш така, затоа што родителите те терале така да правиш. Така, твоите достигнувања не се твоја заслуга. И всушност, ти ништо не си усвоил, не си пуштил во срцето. Сè се случувало автоматски.

Таквите луѓе се научиле само на формално општење со Бога. Тие самите не разбираат, зошто постапуваат вака или онака, велејќи: „Мене така ме научија. Мене така ми кажаа“. Зарем тоа го сака од нас Господ? Само повторување, имитација, лишени од секаква животна сила и свежина? Зарем тоа – е љубов? Се сеќавам, една жена ми раскажа, колку се радувала, кога нејзиното дете било мало. Таа делела со него сè, што сакала: го носела во црква, на исповед, на духовни разговори и поклонички патувања, момчето помагало во олтар… Ја прашав:

    А сега?
    Сега нема ништо од тоа, сè отфрли!

Јас и реков:

    Тогаш твоето дете го правеше тоа, затоа што ти тоа го сакаше. Но, ти не успеа да вложиш во неговото малечко срце љубов кон Бога. Наместо тоа, ти цело време си му предлагала на синот готови решенија и не си му давала можност самостојно да мисли, да ризикува и да згреши.

Кога човек се учи да лови риба, му се случува и да згреши. Тој губи мамки, време, го истура ведрото со уловените риби, но сето тоа – е опит. А таа жена, сакала да го порасне детето вештачки, во пластеник, и мислела дека нејзиното дете ќе биде идеално и совршено. Но, секое дете ќе порасне, и тогаш веќе нема да биде дете, туку возрасен маж или возрасна жена. Тој или таа веќе живее во Лондон и во недела наутро, наместо црква, претпочита да пие кафе со пријателите. Затоа што, во детството, посетувајќи го храмот, тие луѓе на ништо не го научиле. Тие оделе во црква, затоа што родителите ги терале да го прават тоа. И сега излегува, дека сето тоа било бесполезно.

Затоа, треба да се стремиме да излеземе на сопствениот духовен пат, а не да се грижиме исклучиво за надворешното, видливо благочестие.

Тоа е слично, како родителите да им дале на децата воена опрема или ги учат на некој занает. Еве ти ранец и инструменти, ќе те научам како да ги користиш – и готово, можам спокојно да си одам. Моето дете, или мојот другар, или мојот ближен може да помине по мене, како по мост – од другата страна. Притоа, мостот може да се скрши, сруши – а ти познавај се себеси, гледај на крајната цел, на тој брег – на Бога. Неговата љубов, Неговите прегратки никој не може да ти ги одземе.

Ете зошто, човекот, стремејќи се кон духовно совршенство, а не кон изложно благочестие, „витрина“, никогаш не паѓа и не очајува. Но, ако ти не си научил да се гледаш себеси и другите реалистично, ако си се навикнал да го возвишуваш некого во совршенство, и најмалечката тешкотија ќе те скрши, и ќе паднеш.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3166
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7640
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

02/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светиот пророк Авдија; Светиот маченик Варлам; Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф; Светиот маченик Илиодор; Преподобен Порфириј Кавсокаливит;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Велик е животот на праведникот пред Господа,и него наградата не го одминува,така ти Авдие Божји пророче,дар доби да ја видиш...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная