логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Во секој случај, ако ја сфатиме минливоста на сите тие нешта, односно ако погледнеш на сѐ спокојно и си речеш: „Па, добро, колку години ќе живеам? Треба да направам нешто!“ Дури и ако не испадне сѐ онака како што сакаме, можеме да бидеме среќни и со тоа малку. Проблемите се нешто незначително во споредба со она што нѐ очекува после смртта, а исто така и среќата е незначителна ако ја гледаме во контекст на она што се случува после смртта. Сѐ тука е минливо. Треба да најдеме начин да издржиме во овој живот зашто, во краен случај, сѐ е минливо, и нашата среќа е мала, но и нашата болка. Годините минуваат. Треба својот живот да си го исполниме со нешто што ќе ни носи радост и смисла. Тоа да го бараме. Не очекувајте во овој свет совршена наслада, совршена среќа, совршени сопрузи, совршено дете. Не. Луѓе сме, и јас сум смртен човек како и ти. Една жена стапи во брак, но се жалеше од својот маж. И ѝ реков: „Не си се омажила за ангел! Ниту тој се оженил за ангел. Ти ги имаш своите страсти, а тој неговите. Сепак вие можете да го живеете среќно вашиот живот, ако го внесете Христа меѓу вас, ако внесете љубов во вашите взаемни односи. Направете го овој, и онака краток и оскуден живот, колку што може поубав“. Истото ова важи и за вас, важи и за оние коишто ги љубите. Секој од нас минува низ некакви лични искушенија и проблеми – па така и твоето дете, коешто го љубиш и сакаш да го заштитиш, и тоа ќе мине низ своите премрежија, за да го живее својот сон. Некои родители од преголема љубов кон своите деца чувствуваат панична потреба да го поштедат своето дете од било какви проблеми. Да, но на таков начин ти не му помагаш на своето дете. Тоа треба да го живее својот сон, минувајќи и низ кошмари. И тоа ќе мине низ своите искушенија, за да ја постигне својата мечта, ќе искуси болка и страдања. Но не грижи се за своето дете, тоа ќе го најде својот пат. Ти живеј ја својата среќа и покажи ја и тоа ќе биде најголем придонес за твоето дете. Не се вознемирувај Бог ќе го заштити и ќе му помогне да ја постигне својата цел. Секој постигнува нешто во животот. Силата на нашата душа е многу голема.

Нема исклучоци. Сите ќе се бориме и ќе искусиме болка. Затоа Добротољубието вели дека знак за духовно неискуство и незнаење е роптањето кон Бога поради тоа што работите не се одвиваат така како што ние би сакале. Бог знае што е подобро за нас: кај Него нема грешки, тоа е сигурно. Што и да се случи, не е грешка, Бог го допуштил тоа со некаква добра цел и не рековме дека тоа неизоставно треба да го прифатиш, односно, или ќе го прифатиш или, пак, ќе го промениш. Молитвата ќе те просветли што да направиш. Ќе го прифатиш ли својот сопруг, или ќе се разведеш од него? Ќе го задржиш ли детето дома, или ќе му речеш: „Ако правиш така не можеш да останеш тука и да продолжиш на тој начин да го живееш животот“. Што ќе направиш? Што сака Бог од секого од нас, за да можеме да го живееме својот сон - да се смириме? Молитва? Противење? Одговорот ќе ни дојде од расудливоста и просветлението од Бога. Да Го молиме Бога за Божествено раководство и просветление.

Многу се значајни зборовите на Преп. Старец Порфириј, дека мракот не исчезнува кога зборуваш за него, па затоа не зборувајте за мракот, туку за светлината и во својот дом не дискутирајте за непријатни нешта. Колку почесто зборуваш за нив, толку повеќе ги умножуваш, колку повеќе дискутираш, толку повеќе ги зголемуваш. Зборувајте за светлината, за убавите нешта, внесете добри мисли во својот ум, како што велеше Свети Пајсиј. Мракот не исчезнува со мрак. Сонцето изгрева и мракот исчезнува сам од себе. Ако го читате Евангелието ќе видите дека Христос многу ретко говори за лукавиот – зборува и за него, ама не многу. Ретко зборува за адот, а најмногу зборува за Рајот, за светлината и затоа вели: „Јас, како Светлина, дојдов во светот, така што никој, кој верува во Мене, да не остане во темнина“ (Јован, 12, 46). Не дојдов да ви создадам страв, ниту паника, ниту несигурност, ниту немир во душата. Ви ја дадов светлината. Во молитвата Отче наш постојано велиме: „Да дојде Царството Твое! – Боже мој, очекувам нешто подобро во животот. Ти да царуваш, Ти да станеш Цар во мојот живот и да ми дариш среќа. Тоа е мојот сон.“ Да живееме за тоа, да го почувствуваме и да го предадеме тоа чувство и на луѓето околу нас. Колку повеќе зборуваме за непријатни нешта, толку повеќе ги засилуваме, колку повеќе се противиме на злото на таков начин, толку повеќе го јакнеме и целата своја душевна сила ја трошиме на роптање, негодување, осудување, оговарање. Тоа ја заморува и разболува душата и така таа ја губи својата сила. Да си спомнуваме наместо тоа за Христа и Неговата светлина. Така ќе се промени нашата душа, душевност, духовност и ќе се приближиме до светоста.

На една жена ѝ се разболела свекрвата, но сите нејзини деца се тргнале од неа, за да не мораат да ѝ помогнат. Товарот паднал врз оваа жена и таа ми рече – тогаш бев млад – „Отче, свекрвата ми се разболе, но јас Го љубам Бога и нема да дозволам ова да ме разочара, ќе ја задржам, нека ме мислат за глупава, но не сум глупава! Сите си мислат: ’ти ја подметнавме – земи ја! Ние се откажавме!‘“ Таа ја зеде свекрвата кај себе, ја негуваше и по три месеци Бог си ја прибра кај Себе. Но таа госпоѓа го прими целиот нејзин благослов и љубов, свекрвата ѝ дала толку многу благослови, бидејќи во постела, што оваа не можеше да си поверува! Таа ѝ рекла: „Да имаш многу здрави деца, да имаш пари целиот свој живот, да имаш радост“, односно благослов по благослов. А се грижела за неа само три месеци. Всушност сите други се плашеле дека ќе треба долго време да го прават тоа. А таа жена го имала во себе чувството на Божјата љубов, го  живеела својот сон и не допуштила лукавството на луѓето да ја предомисли кога ѝ велеле: „Ти будала ли си? Ти ја донесоа свекрвата да ја чуваш. Што не ја чуваат децата? Зошто си толку глупава?“ Ќе станам глупава. Но ќе бидам глупава свесно, сакам и ќе го направам тоа. И тогаш се откриваат други перспективи и можности за чудо од Бога. Бог така прави чудеса.

Не страдајте непотребно поради она што го преживуваат вашите блиски кога тие имаат некаква потешкотија, сакајте ги, сострадувајте, но не и вие да страдате. Секој има свој пат, ти прави го она што можеш, но од тука натаму не смееш да се преоптоваруваш со болката на другиот, зашто ти не му помагаш на тој начин - ќе те сакам, но и ќе те почитувам. Во една прилика ја оперираа мајка ми, ѝ извадија камен од жолчката. Ја посетив во болницата и видов дека имаше големи болки, всушност мене повеќе ме болеше заради тоа отколку неа, толку многу што ми стана тешко и лекарот ми рече: „Успокој се, отче. Таа треба да има болки, колку и да те боли тоа, и знај дека на таков начин не ѝ помагаш. Треба да поминат два-три дена, болката ќе помине, но колку повеќе ја боли, толку повеќе раната се затвора“. Не му помагаш на другиот кога покажуваш болка во неговата лична борба, која тој самиот треба да ја води. Детето ти поминува низ искушенија, ќе го сакаш, ќе сострадуваш со него, но ќе го оставиш да се избори и да застане на своите нозе. Јас не можам да се подвизувам наместо тебе, зашто ти имаш свој личен пат во животот, и во одредени околности страдањето е справедливо. Сопругот твој направил нешто што не требало и сега се мачи. Ти си му велела: „Не пиј, престани со другата страст, другиот недостаток“. Тој сега има проблем со црниот дроб, и ти како негова сопруга страдаш повеќе од него. Ама зошто страдаш? Ти му кажуваше да престане. Сега остави го сам да си го изоди својот личен пат кон спасението. Бог знае што прави. Ние страдаме многу пати заради другите и еден светија вели: „Како во оној час да Му велиш на Бога: ’Боже мој, не знаеш што правиш! Јас знам подобро од Тебе! Зошто правиш така со моето дете?‘ Но Бог така сакал. Тоа е полезно за него и за спасението на неговата душа“.

Со Божја помош човек може да постигне многу нешта. Низ весниците читав за некакви емигранти, кои имаа две торби, во нив ги беа сместиле сите нивни предмети, една облека и ништо друго. „Зошто така?“, ги прашав. „Бидејќи нѐ протераа, бидејќи земјата беше поплавена и требаше да бегаме, бидејќи се случи земјотрес и куќите ни се урнаа!“ Но тие луѓе успеаја да застанат на нозе во својот живот. Има луѓе коишто веќе го живеат она од коешто ти стравуваш дека може да ти се случи. Тој страв што го имаш - да не ми се случи едно, да не ми се случи друго – ете некој друго веќе ги живее тие нешта и успева да ги надмине. Следствено и ти можеш да успееш во животот. Идеите и помислите не треба да нѐ плашат многу.

Св. Апостол Павле вели дека сите христијани сме едно Тело. И ако мене ме боли, и тебе ќе те боли, и ако ти трпиш болка и јас треба да трпам болка. За жал денес човештвото не живее така. Затоа стигнавме до тука –  суштината на проблемот и во Грција, и во Европа, и во целиот свет, на таа криза којашто е насекаде, е поврзана со алчноста, зашто сонот на нашиот живот не е веќе  тоа да се сакаме еден со друг, туку секој поединечно да си го врви добро животот. Јас да си имам, и да си го живеам својот сон, а за другите што ме интересира?! Гледај, ти можеш да си врвиш добро без мене, но ако јас атрофирам, и ти ќе страдаш. Ако крвта тече низ телото, но не стигнува до крајните органи, најпосле тие ќе атрофираат. Кризата во која живееме нѐ повикува повторно да го вратиме во живот сонот за љубов и единство меѓу нас, да се обединиме, да се возљубиме и да го претвориме тоа во животен сон – одново да го засакам моето семејство, да ги засакам моите ближни, луѓето со коишто работам, да бидеме обединети и возљубени. Кризата ни дава можност да живееме и еден друг сон – сонот за едноставност и оскудност, да се научам да се радувам на една чаша вода што ќе ми ја подадеш и да не барам нешто друго. Да си го облечеш палтото што си го купил пред две години и да кажеш: „Не ми пречи, убаво е, да не купувам друго оваа година, задоволен сум и со ова. Лицето ми блеска? Добро, не е важно палтото. Поважно е душата да ми е радосна, да живеам со малку, со она што Бог ми го дава, тоа да биде мојот сон – едноставност, оскудност, економичност, но и големо изобилие и вишок на среќа во душата“. Таму во душата нема потреба од економија – едниот да го засака другиот, сопрузите одново да се возљубат, да го живеат одново сонот дека ти за мене некогаш беше мојата дарувана среќа! Кога се запознавте и копнеевте да се земете, тогаш не размислувавте за пари, ниту за куќи, ниту за имоти, туку се гледавте во очи и велевте: „Во твоите очи ја гледам целата своја среќа во животот. Не сакам ништо друго, само да ти се радувам!“. За жал тоа нешто исчезна и кризата нѐ повикува одново да ги заживееме тие соништа, да се радуваме со малку, и тоа малку во душата да го чувствуваме како многу.

Да го почувствуваме тоа единство, да ја почувствуваме потребата од покајание во животот, да ја почувствуваме потребата да се обединиме во здруженијата, во парохијата, на другите места каде ќе чувствуваме дека му помагаме на другиот. Тоа е многу голема работа, да се чувствуваш полезен во животот. Еден млад човек два пати неделно оди во здружение за луѓе болни од СИДА и им држи часови по информатика. Им држи предавања, останува по неколку часови и вели: „Отче, на овој начин животот ми доби смисла. Дарувам љубов“. Голема работа е да живееш на дело еден таков сон на љубов, жртва, единство со другите и во животот да ти се запали една свеќа. Секогаш палите свеќи во храмот, но и од устата нека ви излегуваат пламени зборови, кои даваат надеж на другите. Си доаѓаш дома од работа – не започнувај со негодување и роптање – тогаш како да ја гасиш свеќата наместо да ја палиш. Туку: „Кажи што ќе правиме денес? Како убаво да си ја поминеме вечерта? Каде да излеземе со децата? Што да разговараме денес?“ И да разговараме за убави теми, бидејќи децата се чувствуваат душевно убиени кога гледаат како родителите постојано зборуваат за мрачни, меланхолични, очајни нешта. Насекаде го гледам тоа, но не се сите такви, на некои луѓе им е во крвта што и да стане тие да се радосни и оптимистички настроени. Тоа е убаво нешто.

✤✤✤

Веруваш ли дека Бог те љуби? Ако веруваш во тоа, ти си најсреќниот и најрадосен човек на светот и нема да ти е битно дали јас ќе ти прозборам, дали ќе ти се насмевнам или ќе ти направам мрачна гримаса. Мојот Творец ме љуби! Ако луѓето ме љубат, добро. Ако не ме љубат, пак добро. Тие нека бидат добро. Животот има потреба од „лудост“ за да биде среќен!

Извор: Бигорски манастир

 

Архимандрит Андреј Конанос- Бог нема да нѐ остави (Iдел)

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7614
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная