логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Hristos.Ljubanci.jpg


Не смееме да се плашиме од антихристот и трите шестки
05/10/2013      Предизвици, Старечник     Оставете коментар

Ова што ќе го раскажам се случуваше за време на катастрофата во Чернобил. Луѓето беа вознемирени и секој ден десетици од нив го посетуваа старец Порфириј близу Атина, прашувајќи го што ќе се случи, и дали Антихристот ќе дојде за да нè жигоса со трите шестки.

И тогаш старецот ме праша: „Отец Атанасиј, чедо, сега веќе сум слеп, моите очи не работаат затоа што имам рак на хипофизата, но сепак имам духовни очи и гледам. Пред да заминеш, сакам да ми кажеш што вели старец Емилијан за бројот 666 и за антихристот?“

Му одговорив: „Кога пред неколку дена се собравме заедно, тој нè посоветува да не се грижиме. Наместо тоа, ни рече да се бориме за да оствариме жив однос со Христа, и да не му посветуваме особено внимание на антихристот, за да не се случи тој да стане центар на нашиот живот, наместо Христа“.

Во истиот момент старецот удре со раката на креветот и рече: „Што велиш, чедо, што велиш?! Слава Му на Бога, најдов духовник што се согласува со мене! Чедо, што сторија овие духовници? Ги возмутија душите на верните, им создадоа психички проблеми на мноштво луѓе и семејства. Луѓето не можат да спијат, земаат лекарства и апчиња за заспивање, зашто не можат да заспијат. Но, што е ова? Христос не ги сака овие работи, чедо. Може да ти кажам нешто?“

„Кажи, старче“, му реков.

А старецот рече: „За нас, христијаните, откако ќе оствариме опит со Христа, антихристот не постои. Кажи ми, на овој кревет тука, седам јас; можеш ли и ти да седнеш на него?“

Му одговорив: „Не, старче.“ Ме праша зошто, на што му реков дека доколку и јас седнам, ќе го скршам. Потоа повторно ме праша: „Зарем никогаш нема да можеш да седнеш на креветов?“ Јас му реков: „Кога ти ќе станеш, јас ќе можам да седнам“.

И тогаш ми објасни: „Токму така, дете. Истото се случува и со нашите души. Кога Го имаме Христа во нас, зар може да дојде антихристот? Може ли нешто спротивно на Христа да влезе во нашите души? Затоа што Го немаме Христа во нас, дете, поради тоа се плашиме од антихристот.

Кога Христос е во нас, сè околу нас станува Рај. Христос е сè, чедо, и не треба да се плашиме од противникот; ова кажувај им го на сите. И, да ти кажам уште нешто. Ако истиот тој антихрист дојде сега со некаков ласерски апарат и присилно ме жигоса со трите шестки, нема да се вознемирам. Ќе ме прашаш ‘Зарем не е тоа жигот на ѕверот?’. Да, тој е, но дури и илјада пати неизбришливо да ме жигоса, jaс нема да се вознемирам.

Зошто? Затоа што, чедо, кога првите маченици биле фрлани на дивите ѕверови, тие само се прекрстувале, и ѕверовите станувале како јагниња. Ги фрлале го морињата, тие се прекрстувале, и морињата се сушеле, а тие оделе како по суво. Ги фрлале и во оган, а тие се прекрстувале, и огнот се гаснел. Благословено мое чедо, што станавме ние? Веруваме ли во Христа? Во силата на Крстот? Зошто дојде Христос? Зарем не дојде за да нè поткрепи во нашите слабости?

Ова кажи му го на старец Емилијан, и на сите луѓе – да не се плашат од антихристот. Ние сме деца Христови, ние сме чеда на Црквата“.

Ова остави голем впечаток врз мене.

Потоа додаде: „Може ли да ти кажам уште нешто?“ Му реков: „Те молам, старче“. „Патријархот Димитриј, како дојде во Атина?“ – Со авион, – реков. „Така, знам дека дојде со авион. Зар мислеше дека доплива дотука? Со чии документи дојде?“ „Со пасош, старче“, реков.

- Грчки или турски?
- Не знам – реков.
- Ете, се правиш мудар. Дојде со турски пасош. А каков е грбот на Турција, знаеш?
Реков: „Не знам, старче“.
- Е сега претера, не го знаел грбот на Турција?! Ќе ти кажам – тоа е полумесечина. А знаеш ли што велеле Светите Отци за полумесечината по појавата на Мухамед?
- Не, старче – му одговорив.

Во шега ми рече: „Е па тогаш треба да си ја земеш дипломата и да си ја искинеш. Каков богослов си ти? Полумесечината е символ на антихристот. Доколку е така, и ако пасошот на патријархот го има символот на антихристот (и кој знае уште колку многу полумесечини во печатите што ги удираат при секој влез и излез), дали ова значи дека нашиот патријарх е антихристот?

Не, чедо, не! Не ја упростувајте евангелската порака дотолку! Христос не е буквалист, како нас, луѓето кои се обидуваме да ги одбраниме нашите мислења.

Оди, и ова кажи му го на старец Емилијан, и на луѓето: Не смееме да се плашиме од антихристот и трите шестки.“

Извор: Ανθολόγιο Συμβουλών Γέροντος Πορφυρίου, 2003.

Преземено од: Агапи

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная