логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

 

 Во едно мало село во Романија, веќе подолго време немало постојан свештеник. Жителите на селото често оделе кај Патриjархот, со барање да им испрати свештеник. Но, Патријархот не ги задоволил нивните барањата. Селаните не се откажувале и постојано оделе кај Патријархот, кој не се однесувал ништо поразлично кон нивните барања отколку на почетокот, велејќи дека нема вишок свештеници, па затоа не може да им испрати во селото. Меѓувремено, луѓето умирале без погреби и помени, други луѓе се земале еден со друг без  чинот на венчавање, имало деца и постари кои не биле крстени.
Еден ден, ненајавено, дошла кола пред црквата и се појавил свештеник. Селаните се изненадиле. Кога отишле во црквата да го пречекаат, го запрашале: “Како дојде во селото, кога Патријархот ни рече дека нема свештеник за да ни прати?“ Свештеникот им одговорил: “Нели се залагавте да ви се испрати свештеник? Сега веќе го имате“. Сите селани биле задоволни од присуството на новиот свештеник.
 Тој веднаш се зафатил со работа. Ги поминал сите гробови и прочитал молитви за починатите. Крштевал и венчавал, и ги причестувал со Телото и Крвта Христови.
 Еден ден ги викнал селаните во црквата и им рекол: “Јас си заминувам сега, мисијата е завршена“. Но, селаните натажени и збунети од одлуката, го запрашале: “Само што дојде, а си  заминуваш?! Но, свештеникот не се премислил и стоел на својата одлука. Кога селаните виделе дека ништо не можат да сторат, му се заблагодариле.
 По некое време, селаните повторно отишле кај Патријархот, да му заблагодарат што им испратил свештеник и да го замолат ако е можно наскоро да им испрати друг, но Патријархот не знаел кој свештеник бил таму. Им рекол дека не им испратил свештеник, бидејќи немал, и го побарал Протосингелот, да провери со него. Му се јавил и го прашал, но и тој рекол дека не пратил никого. “Што правеше свештеникот кај вас?“, прашал Патријархот. Селаните му одговориле: “Венчаваше, крштеваше, извршуваше опело за нашите родители, она што на секој свештеник му е должност“.
 Потоа Патријархот ги прашал дали им дал некој документ и дали ги завел извршените свети тајни? “Секако“, рекле селаните, “ни даде документи и ги заведе во црковните книги“. “Дали некој виде што запиша во нив? И со кое име се потпиша?“ - прашал Патријархот, а селаните му одговориле: “Сите документи се на романски јазик, но имаше потпис на јазик што не сме го виделе претходно, а ние не сме толку едуцирани да разбереме.“ Патријархот дал указ да бидат донесени книгите, за да се види кој е тој свештеник. Кога селаните се вратиле со книгите, Патријархот останал без зборови. Не можел да поверува на своите очи. Навистина, сите документи биле напишани на романски, но потпишаното име било на грчки, Нектариј, епископ на Пентаполис(Егински).
Извор: http://full-of-grace-and-truth.blogspot.com/2009/11/great-miracle-of-st-nektarios-in.html

 

Преземено од : Православен пат



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3105
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2942
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…