Слепа девојка прогледала пред иконата на Мајката Божја
21. 02. 2013
Во Киево-печерската лавра, пред иконата на Мајката Божја прогледала слепа девојка, соопштува официјалниот сајт на Киевската православна црква, Московска патријаршија. Копијата на светогорската икона „Сецарица“ се наоѓа во храмот на Сите преподобни печерски отци.
Израелските и украинските лекари го потврдуваат фактот на чудото, истакнувајќи дека при дијагноза „тумор на очниот нерв“ човек воопшто не може да гледа. Лечењето без операција е невозможно, а и во таквите случаи не може да се очекува помош од лекар. Меѓутоа, на девојката неочекувано и чудесно ѝ помогнала Пресвета Богородица.
Девојката Елена Мељниченко редовно доаѓала на молебен крај иконатаsvecarica_cudo.jpg „Сецарица“ и во тие мигови покрај иконата доживувала наговестувања за вид. Одеднаш за време на молебниот, нејзиниот вид значително се подобрил - Елена ја здогледала иконата, свештеникот, па дури и честичките прашина во зраците на сонцето. Според тврдењето на лекарите, визуелниот апарат со таква болест не може да пренесува сигнали во мозокот.
Во првиот ден од месецот јануари, на Елена ѝ се отворил и слухот на бучни места. Пред тоа, поради туморот во главата, таа ништо не слушала. Исцелувањето напредува.
Кон иконата „Сецарица“ (Панданаса), 17 век, која се чува во Ватопедскиот манастир на Света Гора, верниците прибегнуваат во посебни случаи: при неизлечиви болести, особено канцерогени, а притоа таа штити и од магиски дејствија. Во 21 век, копијата на иконата „Сецарица“ во Киево-печерската лавра, откриена е како исцелителен извор за помош на стотици верни Украинци во многу неволји, така што пред иконата се слеваат непресушни реки од луѓе. Крај иконата во Киево-печерската лавра, Молебниот се служи секојдневно, освен во недела и на празници.
Извор: Светосавље
Преземено од: Бигорски манастир