логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

erusalim.bogojavlenie.jpg
 
За прв пат во изминатите 2000 години од Богојавлението, реката Јордан не потече спротивно на свјот нормалемн ток.

Местото на Крштавањето на Господ е познато, зашто тоа е истото она место на коешто Бог ги запрел водите за Исус Навин да може да мине преку суво речно корито, заедно со еврејскиот народ, и да премине во Израил (Исус Навин, 3:16-17); тоа е истото она место на кое светиот пророк Илија удрил по водата со освојот кожув, по што водите се тргнале на страна (4 Книга царства 2:8). Тоа е местото на кое било извршено крштевањето на Христос Спасителот, од страна на св. Јован Предтеча кој проповедал на источниот брег, и кадешто денес се наоѓа православен храм, на брегот на реката од страната на Јордан.

Во првите години, на тоа место, на пладне, започнувала Богојавленската богослужба, проследена со Литургија на св. Василиј Велики. Потоа  се извршувала службата на осветување на водите, а кога епископот ќе се симнел до самата река, на местото на кое бил крстен Христос Спасителот, реката го запирала течењето и почнувала да тече во спротивна насока. И водата течела во обратна насока сè додека не било завршено крштевањето на катихумените.  По крштавањето на катихумените, насобраните христијани останувале на сеноќното бдение и наредното утро се причестувале на Светата Литургија – сите, вклучувајќи ги и новокрстените.

Персијанците, коишто дошле на овие простори во 614 година по Христос, ги уништиле сите цркви и манастири во Светата Земја. Во 637 година по Христос, дошле муслиманските Арапи и ги зазеле овие места; од тогаш, тие се доминантно население на местата опфатени со Цисјорданија, односно со Западниот брег. Малку по малку, поради големите притисоци, христијаните го напуштиле обичајот да престојуваат три дена покрај реката Јордан, и доаѓале само на служба за осветување на водите (Големиот Водосвет). Дури по доаѓањето на десетици илјади руски поклоници во деветнаесеттиот век (почнувајќи од 1836 година па сè до Бољшевичката револуција во 1917 година), донекаде се возобновил духовниот живот во Светата Земја.

erusalim.bogojavlenie1.jpg

По Шестдневната војна во 1967, манастирите покрај реката Јордан биле затворени (вклучувајќи го и Романскиот скит, во кој отец Дамјан Стог бил смртно застрелан зашто одбил да го напушти скитот) којшто се наоѓал во 5 километри широката гранична зона на државата Израел. Оттогаш, оригиналното место на Крштавањето на Христос Спасителот може да се посети без ограничување само ако се патува преку Јордан; патувајќи преку Израел, местото може да се посети само трипати годишно: двапати тоа го прават православните верници – на 5-ти јануари по Црковниот (Јулијански) календар (18 јануари според граѓанскиот – Грегоријански – календар), и на Свети Велики Вторник, пред Пасха – и еднаш римокатолиците, во последниот четврток во октомври.     

Бројот на поклониците коишто доаѓаат на реката Јордан, за да го видат чудото, расте секоја година. Минатата година имало приближно 10.000 поклоници. Оваа година имаше повеќе од 20.000 поклоници само од страната на Израел, а на другата страна на реката, во Јордан, присуствуваа околу 5.000 поклоници (проценката е направена според бројот на пристигнатите автобуси). Минатата година меѓу поклониците имало и илјадници Евреи; видов неколку стотини Евреи коишто дојдоа по осветувањето на водите на Хосеба, на кој чин и јас присуствував минатата година. Оваа година, исто така, дојдоа неколку илјади Евреи, за да го видат чудото со свои очи. За жал, чудото не се случи. 

Околу 11:30 часот, Патријархот Теофил Ерусалимски, ја започна Богојавленската богослужба, проследена со Осветување на водата на местото специјално подготвено за таа прилика на височинката од брегот на реката, а потоа Патријархот и свештениците се симнаа до реката Јордан. Минатата година (како и во сите минати години), како што видов на видео-запис, водата прво почна да се бранува и, по неколку минути, почна да тече во обратна насока; оваа година, за жал, тоа не се случи! Реката течеше мошне бавно, како да се кочи, по својот природен тек кон Мртвото Море. Патријархот и неговите свештеници останаа околу 10 минути покрај реката, молејќи се, но ништо не се случи. Зошто? Израелската војска им беше забранила на присутните да се доближат до водата. Никој од илјадниците поклоници, коишто дојдоа да псисуствуваат на настанот, не смееше да се доближи до реката. Оние што сакаа да земат од осветената вода на реката Јордан, можеа да го направат тоа само на брегот, од неколку водни пумпи коишто црпеа вода од реката. Обично течењето на водата во спротивна насока е проследено со надоаѓање на солена вода од Мртвото Море; солената вода, како погуста, тече под обичната вода и го исполнува местто што се ослободува (поради свртувањето на токот на реката) при осветувањето на водите на Јордан. Од таа причина, водата по Големиот Водосвет е солена. Морам да признаам дека Светата вода, којашто ја пиев тој ден од реката Јордан, имаше донекаде поинаков вкус од обичниот вкус на речна вода – беше малку посолена, но не како онаа што ја пиев минатата година – и тоа може да е така, зашто самата вода беше многу мирна, речиси неподвижна.

 

Не можам точно да ја наведам годината, но нешто слично се случи и пред 30-тина години, за време на последниот Патријарх Диодор. Христијанските Арапи од Витлеем имаат обичај да дојдат во црквата Воскресение, за време на службата за Светиот Оган, при што удираат во тапани и се шетаат меѓу масата луѓе, создавајќи голема бучава, пеат, ракоплескаат, врескаат и удираат во тапани. Полицијата одлучила оваа година да им забрани на христијаните Арапи да влегуваат во црквата, за да не прават проблеми. Патријархот влезе во Светиот Гроб и почна да се моли, но откако ја прочита молитвата за повикување на Светата Светлина, таа не се појави како минатите години! Бидејќи (Патријархот) е духовен човек, Бог го просветлил со спознание дека Светата Светлина не се појавува поради отстранувањето на Арапите од црквата. Патријархот ја замоли израелската полиција да им дозволи на Арапите да влезат внатре, и во мигот кога тие влегоа во црквата, се спушти Светиот Оган.   

Во сите Божествени дела може да се види Божествениот ред и Божјата соработка со човекот. Реката Јордан потекува во обратна насока во меморијата на Оној Кој бил крстен на тоа место пред 2000 години. И таа потекува наназад до ден денес, заради оние коишто се крштеваат тој ден, и за очистување на нивните гревови. Но, бидејќи оваа година на ниту еден човек не му беше дозволено да се приближи до водата, па дури ни заради крштевање, чудото не се случи. А оној што требаше да каже: „Нека се доближат луѓето до водата“, не кажа ниту еден збор.

За оние коишто сакаат да шпекулираат, можеби причината за забраната луѓето да се доближат до водата е поради големиот број Евреи коишто се крштаваат секоја година. Манифестирањето на ова чудо е причина многумина од нив да станат христијани – скришно или јавно. За нив станало јасно дека Богот на православните христијани е Еден и единствен Бог. Голем број Евреи се крстиле тука, во Светата Земја, и станале православни христијани, макар што сè уште не постои црковна парохија во која би се одвивала служба на нивен јазик.  

Настанот што се случи на тој ден е, секако, е срам за сите нас, православни христијани. Заради поделбите меѓу нас, заради братски бакнежи со еретиците, заради апостасија (отпадништво) организирана деновиве (Недела на Екуменска Заедничка Молитва за Соединување на Христијаните, која оваа година започна на 18 јануари), во речиси сите православни цркви. Бог го сврте Своето лице од нас. Имаше тука Руси, Романци, Грци, Срби, Бугари и православни Арапи. Но, освен Патријархот Ерусалимски (инаку Грк), не беше присутен ниту еден јерарх од другите православни цркви. Само Бог беше со луѓето, оставени без пастир, бидејќи Неговиот мир и осветувањето на Јордан одекнаа силно во душите на присутните, и појавувањето на Света Троица на реката Јордан беше невидливо дадено од Бога на душите коишто Го бараа на реката Јордан.

 Нели би било страшно христијаните да не можат веќе да се крштаваат во Јордан, на местото на Крштавањето на Спасителот? Да, би било страшно. Каде се, тогаш, оние коишто треба да се борат против таа неправда? Можеби се на Олимпијадата на отпадништвото што се одржува овие денови?
Господ бара од нас солзи на покајание. Сè додека се исповедаме пред оние што не Го познаваат Бога, коишто нè влечат кон злодела,  единствено Неговата небесна милост може да направи нешто добро за оне коишто, знаејќи дека се грешни, сепак сакаат да се спасат. Затоа, да заплачеме заедно со св. Јован од Далaјата:
„Јас те оставив; но, Ти не оставај ме. Јас Те напуштив; излези да ме бараш. И одведи ме на Твоето пасиште, и приклучи ме кон овците од Твоето стадо, и нахрани ме, заедно со нив, од зеленилото на Твоите Божествени Тајни; Ти пребиваш во оние со чисто срце, и во нив може да се види светлината на Твоето откровение, коешто е утеха и мир за оние што се подвизуваат заради Тебе во тага и во измачување од секаков вид.“  
Да не очајуваме, туку да ги согледаме нашите чувства, и да се осветиме во понизност и во исповедање, молејќи се.
„О, Господе, погледни одозгора и посети го ова Лозје (Црква), насадено од Твојата десница, и усоврши го!“
Монах Филотеј,
Јерихон,
6/19 Jануари, 2008



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7613
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная