4 Август 1939 г.
Го примив твоето значајно писменце и од него се гледа дека си почнала да се занимаваш со внатрешниот духовен живот. Нека ти даде Господ мудрост. Во ред е твојата забелешка – од молитвите не треба да се очекува било што. За време на молитвата треба да се биде во големо смирение, и ако се појават топлина и солзи, не треба да се вообразува за себе нешто високо, нека доаѓаат и заминуваат без наше присилување, но и не се вознемирувај кога ќе пресушат, друг начин нема.
Молитвата е најголем подвиг и до последниот здив таа е сврзана со напорна и тешка борба. Сепак, Господ по својата милост од време на време дава утеха на оној кој што се моли за да не малакса. Твоето домашно молитвено правило одреди го сама, прилагоди го на твоето време, во тоа нема да има самоволие. Само не ти советувам да претеруваш, за да не бидеш роб на правилото, и да го избегнеш брзањето.
По Божја милост засега живееме среќно, обичен манастирски живот.
Се молам да слегне на тебе Божјиот благослов.
(Продолжува)
Превел: Борис Митковски
Фото:Од официјлниот сајт на манастирот Валаам
Посети:{moshits}